bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Jeremiah 25
Jeremiah 25
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 24
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 26 →
1
Слово што дојде до Еремија за сиот јудејски народ, во четвртата година на јудејскиот цар Јоаким, синот Јошиев. Тоа беше првата година на вавилонскиот цар Навуходоносор,
2
кое пророкот Еремија го изрече пред сиот јудејски народ и пред сите ерусалимски жители, велејќи:
3
од тринаесеттата година на јудејскиот цар Јошија, синот Амонов, па до денес, ете веќе дваесет и три години, доаѓа до мене слово Господово, и јас од рано утро ви зборував, но вие не послушавте.
4
Господ ги праќаше кај вас сите Свои слуги — пророците, од рано утро ги испраќаше, и вие не послушавте и не го наклонивте увото свое за да слушате.
5
Тие ви велеа: „Отклонете се секој од својот лош пат и од своите лоши дела и живејте во земјата, која Господ ви ја даде вам и на вашите татковци од векот довека;
6
и не одете по други богови, за да им служите и да им се поклонувате, и не разгневувајте Ме со делата на рацете свои, па нема да ви направам зло.“
7
Но вие не Ме послушавте, вели Господ, и Ме разгневувавте со делата на рацете свои, за свое зло.
8
Затоа, така вели Господ Саваот: поради тоа што не ги послушавте зборовите Мои,
9
еве, Јас ќе пратам и ќе ги земам сите северни племиња, вели Господ, и ќе испратам до вавилонскиот цар Навуходоносор, Мојот слуга, и ќе ги доведам против оваа земја и против жителите нејзини и против сите соседни народи; и наполно ќе ги истребам и ќе ги направам за ужас, за потсмев и за вечна пустош.
10
И ќе ги прекратам во нив гласот на радоста и гласот на веселбата, гласот на младоженецот и гласот на невестата, звукот од воденичниот камен и светлината од светилото.
11
И целата таа земја ќе стане пустина и ужас; и тие народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години.
12
А кога ќе се исполнат седумдесетте години, ќе го казнам вавилонскиот цар и оној народ, вели Господ, за нивното беззаконие, и земјата Халдејска ќе ја направам вечна пустина.
13
И ќе ги исполнам над таа земја сите Мои зборови, што ги реков против неа, сѐ што е напишано во оваа книга, што Еремија пророчки го кажа против тие народи.
14
Зашто и нив ќе ги поробат многубројните народи и големи цареви. И Јас ќе им платам според нивните постапки и според делата на рацете нивни.
15
Зашто така ми рече Господ, Бог Израелов: земи ја од раката Моја оваа чаша со вино од јарост и напој ги од неа сите народи, кај кои ќе те пратам.
16
И тие ќе пијат, и нека се смутат и избезумат, кога ќе го видат мечот, што ќе го пратам против нив.
17
Ја зедов чашата од раката Господова и ги напоив од неа сите народи, кај кои Господ ме прати:
18
Ерусалим и градовите јудејски, и царевите негови, и кнезовите негови, за да ги опустошам и направам ужас, потсмев и проклетство, како што се гледа сега;
19
фараонот, египетскиот цар, слугите негови, кнезовите негови и сиот народ негов;
20
сиот измешан народ, и сите цареви на земјата Уц, и сите цареви на земјата филистејска, Ашкелон и Газа, Екрон и другите делови на Ашдод,
21
Едом, Моав и Амоновите синови,
22
сите цареви на Тир и сите цареви на Сидон, царевите над островите, што се наоѓаат отаде морето,
23
Дедан, Тема, Буз и сите што ги бричат главите свои,
24
сите цареви на Арабија и сите цареви на народите од разни племиња, кои живеат во пустината,
25
сите цареви на Замвриј и сите цареви на Елам, сите цареви на Мидија,
26
сите цареви на север, блиски и далечни, и сите земни царства што постојат на земјата, а царот на Шешах ќе пие по нив.
27
Па кажи им: вака вели Господ Саваот, Бог Израелов — пијте и опијте се, повраќајте и паднете, и не станувајте, кога ќе го видите мечот, што ќе го испратам против вас.
28
Ако се откажат, пак, да пијат од чашата од раката твоја, тогаш кажи им: вака вели Господ Саваот — морате да пиете.
29
Зашто, еве, на овој град, над кој се призива името Мое, почнувам да му нанесувам зло; па зар вие ќе останете неказнети? Не, нема да останете неказнети; бидејќи Јас повикувам меч против сите, што живеат на земјата, вели Господ Саваот.
30
Затоа пророкувај им ги сите овие зборови и кажи им: Господ ќе загрми од висините и од Своето свето живеалиште; ќе издигне глас, ќе загрми страшно против својот насад; како оние што гмечат грозје, ќе извика против сите, што живеат по земјата.
31
Писок ќе одекнува по сите краишта земни, бидејќи Господ им суди на сите народи: Тој ќе му суди на секое тело, а нечесните ќе ги предаде на меч, вели Господ.
32
Така вели Господ Саваот — ете, злото ќе мине од народ кон народ, и голем виор ќе се подигне од краиштата земни.
33
А во оној ден ќе има погубени од Господ од едниот крај на земјата до другиот; тие нема да бидат оплакани, ниту прибрани, ниту погребани, туку ќе бидат како ѓубре по земјата.
34
Плачете пастири, и офкајте, посипете се со пепел, водачи на стадото; зашто дојдоа деновите ваши, да бидете заклани и расфрлани, па ќе паднете како скапоцен сад.
35
И не ќе има прибежиште за пастирите и спас за водачите на стадото.
36
Ќе се слуша пискот од пастирите и плач од водачите на стадото, бидејќи Господ ќе ги опустоши пасиштата нивни.
37
Јароста на гневот Господов ќе ги истреби мирните трла.
38
Како лав го остави живеалиштето Свое; а земјата им стана пустина од јароста на пустошникот и од Неговиот огнен гнев.
← Chapter 24
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 26 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52