bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Jeremiah 36
Jeremiah 36
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 35
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 37 →
1
Во четвртата година на јудејскиот цар Јоаким, синот Јошиев, дојде ова слово Господово до Еремија:
2
„Земи си книга и напиши ги во неа сите зборови, што ти ги кажав за Израел, за Јуда и за сите народи од оној ден, откако почнав да ти кажувам, од дните на Јошија па до денес;
3
можеби домот Јудин ќе чуе за сите несреќи што мислам да му ги направам, па тие да се повратат секој од својот лош пат, и Јас да им ја простам неправдата нивна и гревовите нивни.“
4
И го повика Еремија Варух, синот Нириев, и ги напиша Варух во книга како свиток од устата на Еремија сите Господови зборови, што му ги беше кажал Тој.
5
Тогаш Еремија му заповеда на Варух и му рече: „Јас сум затворен и не можам да појдам во домот Господов;
6
затоа оди и прочитај ги ти од свитокот запишаните зборови Господови од мојата уста гласно пред народот во домот Господов, во денот на постот, прочитај ги гласно и пред сите Јудејци, што се дојдени од градовите свои;
7
можеби, тие ќе упатат смирена молба пред лицето Господово и ќе се повратат секој од својот лош пат; зашто голем е гневот и негодувањето, кое Господ го изрече против овој народ.“
8
Варух, синот на Нерија, направи сѐ, како што му заповеда пророкот Еремија — и ги прочита од свитокот во домот Господов, запишаните зборови Господови.
9
Во петтата година на јудејскиот цар Јоаким, синот Јошиев, во деветтиот месец, објавија пред лицето Господово пост за сиот народ ерусалимски и за сиот народ, што беше дошол од јудејските градови во Ерусалим.
10
И Варух ги прочита гласно пред сиот народ запишаните во свитокот Еремиеви зборови во домот Господов, во собата на писарот Гемарија, син Сафанов, во горниот двор при влезот на новите порти од домот Господов.
11
Михеј, синот на Гемарија, Сафанов син, ги чу сите Господови зборови, запишани во свитокот,
12
и слезе во домот на царот, во собата на царевиот писар, а тоа, таму седеа сите кнезови: Елишама, писарот царев, Делаја, синот Шемаев, Елнатан, синот Ахборов, Гемарија, синот Сафанов, Седекија, синот Хананиев, и сите кнезови.
13
И им ги кажа Михеј сите зборови, што ги чу, кога Варух го читаше свитокот гласно пред народот.
14
Тогаш сите кнезови го пратија кај Варух Јехуди, синот на Нетанија, син Шелемиев, син Кушиев, да му каже: „Земи го в рака свитокот, што го читаше гласно пред народот, па дојди!“ И го зеде Варух, синот Нириев, свитокот в рака и отиде кај нив.
15
Тие му рекоа: „Седни и прочитај ни го гласно!“ И Варух им го прочита гласно.
16
Кога ги ислушаа сите зборови, со ужас се погледаа помеѓу себе и му рекоа на Варух: „Ние ќе му ги кажеме на царот сите овие зборови.“
17
И го прашаа Варух: „А кажи ни ти како ги напиша сите овие зборови од устата негова?“
18
И им одговори Варух: „Тој ми ги изговори со устата своја сите овие зборови, јас, пак, ги запишав со мастило во овој книжен свиток.“
19
Тогаш кнезовите му рекоа на Варух: „Оди и сокриј се, ти и Еремија, па никој да не знае, каде сте.“
20
И отидоа кај царот во дворецот, а свитокот го оставија во собата на Елишама, писарот царев; па му ги раскажаа гласно пред царот сите тие зборови.
21
Царот го испрати Јехуди да го донесе свитокот, и тој го зеде од собата на Елишама, писарот царев; и го прочита Јехуди гласно пред царот и гласно пред сите кнезови, што стоеја околу царот.
22
Во тоа време, во деветтиот месец, царот престојуваше во зимскиот дворец и пред него имаше оган со разгорен јаглен.
23
Штом Јехуди ќе прочиташе два — три параграфа, царот ги сечеше со писарското ноже и еден по еден ги фрлаше во оганот, сѐ додека не беше уништен целиот свиток во огнот, што гореше.
24
Не се уплашија и не ги раскинаа облеките свои ни царот, ниту слугите негови, кои ги чуја сите зборови.
25
Иако Елнатан, Делаја и Гемарија го молеа царот да не го гори свитокот, тој не ги послуша.
26
И царот му заповеда на царевиот син Јерахмеел, и на Сераја, синот Азриилов, и на Шелемија, синот Авдеелов, да ги фатат писарот Варух и пророкот Еремија, но Господ ги сокри.
27
И дојде слово Господово до Еремија, откако царот го изгоре свитокот и зборовите, што беше ги запишал Варух од устата на Еремија, и му беше речено:
28
„Земи си пак друг свиток и напиши ги во него сите поранешни зборови, што беа во првиот свиток, кои јудејскиот цар Јоаким ги изгоре;
29
а на јудејскиот цар Јоаким кажи му — вака вели Господ: ти го изгоре свитокот, зашто рече — бидејќи напиша во него: Бездруго ќе дојде вавилонскиот цар и ќе ја разори оваа земја и ќе ги истреби во неа луѓето и добитокот,
30
поради тоа, вели Господ за јудејскиот цар Јоаким: ќе нема од него човек што ќе седи на Давидовиот престол, и трупот негов ќе биде фрлен на дневниот припек и на ноќниот студ.
31
Па ќе го казнам него, и племето негово, и слугите негови за неправдите нивни, и ќе го испратам врз нив и врз ерусалимските жители, и врз луѓето на Јуда, сето она зло, што го искажав врз нив, а тие не послушаа.“
32
И зеде Еремија друг свиток и му го даде на писарот Варух, синот Нириев, и тој ги напиша во него од устата на Еремија сите зборови од оној свиток, што го изгоре во оган јудејскиот цар Јоаким; а додаде кон нив и уште многу други зборови слични на нив.
← Chapter 35
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 37 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52