bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Job 15
Job 15
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 16 →
1
Проговори Елифаз од Теман и рече:
2
„Ќе одговара ли мудриот со празни знаења и ќе го полни ли стомакот свој со врел ветар?
3
Ќе се оправдува ли со бесполезна реч, и со зборови што немаат никаква сила?
4
Ти пак го заборави стравот од Бога; пред Неговото лице ти трепет немаш.
5
Твоите зборови вината Твоја ја покажуваат, се служиш со јазикот на лукавите.
6
Тебе те обвинува устата твоја, а не јас; јазикот твој говори против тебе.
7
Зар ти си првиот роден од човек и пред ридовите ли си создаден?
8
Зарем си ги слушал тајните Божји и за себе мудрост си придобил?
9
Што знаеш ти што ние не го знаеме? Што разбираш ти, а што го нема и во нас?
10
Меѓу нас има и седокос, и старец, кои според деновите го надминуваат татко ти.
11
Зар се за тебе малку Божјите утехи? И Неговите благи зборови?
12
Кон што те соблазнува срцето твое, кон што така гордо гледаш?
13
Зошто го устремуваш против Бога духот свој и со устата своја изнесуваш такви зборови?
14
Што е човекот, та да биде чист и родениот од жена да биде праведен?
15
Ете, Тој и на светите Свои не се доверува, и небесата се нечисти во Неговите очи:
16
толку повеќе е нечист и грешен човекот, кој го пие беззаконието како вода.
17
Јас ќе ти говорам, слушај ме; ќе ти раскажам она што сум го видел,
18
што го слушале мудрите и не го сокриле слушнатото од татковците свои,
19
на кои им била дадена оваа земја, и меѓу кои туѓинец никогаш не стапнал.
20
Нечесниот се мачи себеси преку сите свои денови, годините му се одброени на потисникот;
21
звук од ужас секогаш е во ушите негови; додека мирува, непријателот налетува на него.
22
Не се надева да се спаси од темнината; пред себеси гледа меч.
23
За парче леб скита постојано; знае дека е сосема близу денот на неговата смрт.
24
Нужда и теснотија го застрашуваат; навалуваат на него; како цар, готов за бој,
25
затоа што кревал рака против Бога и Му се противел на Седржителот,
26
се спуштал против Него со гордост, зад дебелите свои штитови;
27
затоа што го покрил лицето со маста своја и ги здебелил бедрата свои.
28
И тој се населува во разурнати градови, во куќи, каде што не се живее и кои набрзо ќе станат урнатини.
29
Тој нема да се збогати, и имотот негов нема да напредува; ниту поседот негов ќе се рашири по земјата.
30
Нема да избега од темнината; пламен ќе ги исуши ветките негови, во здивот на пламена уста ќе изчезне.
31
Заблудениот нека не ѝ се доверува на суетата, затоа што суета ќе биде и платата негова.
32
Тој предвреме ќе умре, и ветките негови никогаш нема да се раззеленат.
33
Ќе го фрли тој како лоза неузреаното грозје свое, како маслинка ќе го истресе цветот свој.
34
Така ќе опустее домот на нечестивиот, и оган ќе ги голтне шаторите на поткупништвото.
35
Тој зачна зло и роди лага, во утробата своја подготвува измама.“
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42