bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Job 20
Job 20
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 21 →
1
Проговори Софар од Ноема и рече:
2
„Размислувањата мои ме поттикнуваат да одговарам, брзам да ги искажам.
3
Срамен прекор чув за мене, но духот на мојот разум ќе одговори за мене.
4
Зар не знаеш ти дека е тоа од памтивека, — откога е човекот поставен на земјата,
5
дека веселбата на беззакониците е краткотрајна, и радоста на безбожниот е за миг?
6
И до небесата да се издигне величието негово, и до облаците да се допира главата негова, —
7
тој засекогаш ќе пропадне, како и гадотиите негови; оние што го виделе, ќе кажат: — каде е тој?
8
Како сон ќе одлета, и нема да го најдат; како ноќно привидение ќе исчезне.
9
Кое око го видело, повеќе нема да го види, и местото негово повеќе нема да го забележи.
10
Синовите негови ќе им се умилкуваат на сиромасите, и рацете негови ќе го вратат она што го ограбил.
11
Коските негови се полни со гревови на младините негови, со него ќе легнат тие во земјата.
12
Ако злото е слатко во устата негова, и тој го крие под јазикот свој,
13
го чува и не го фрла, туку го држи во устата своја;
14
сепак таа храна во утробата негова, внатре во него, ќе се претвори во змиски отров.
15
Ќе го изблуе доброто што го голтнал: Бог ќе го исфрли од стомакот негов.
16
Змиски отров ќе шмука тој; јазикот на змијата ќе го умртви.
17
Нема да види потоци и реки од мед и млеко.
18
Спечаленото со труд ќе го врати, нема да го изеде; според имотот негов ќе стане и плаќањето негово; и тој нема да се зарадува.
19
Зашто притеснуваше и прогонуваше сиромаси; заграбуваше куќи што не ги градел;
20
не знаеше ситост во стомакот свој, и во жедта своја ништо не штедеше.
21
Ништо не се откинуваше од лакомоста негова, затоа и радоста негова нема долго да потрае.
22
При полно изобилство, тесно ќе му биде; рацете на сиромасите ќе се кренат врз него.
23
Кога има со што да го наполни стомакот негов, Тој ќе ја испрати врз него јароста на Својот гнев и ќе истури како дожд врз него болести во телото негово.
24
Ќе избега ли од железното оружје, — бакарен лак ќе го прободе.
25
Ќе ја извлече тој стрелата од грбот свој, низ жолчката му ќе помине со својот блескав врв.
26
Сѐ што е мрачно се крие во него; го гори оган, од никого нераздуван; ќе изгори сѐ под шаторот негов.
27
Небото ќе го открие неговото зло, а и земјата ќе се крене против него.
28
Ќе исчезне богатството на куќата негова; сѐ ќе се растури во денот на гневот Божји.
29
Тоа е делот од Бога за беззакониот човек и наследство, определено за него од Седржителот!“
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 21 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42