bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Mark 10
Mark 10
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 11 →
1
И откако стана Исус оттаму, премина во пределите Јудејски, преку страната што е отаде Јордан. И пак се слеваше народ кон Него; а Тој, по Својот обичај, ги поучуваше.
2
И пристапија фарисеите и Го прашаа, искушувајќи Го: „Допуштено ли е, да ја остави човек својата жена?“
3
А Тој им одговори и рече: „Како ви заповеда Мојсеј?“
4
Тие рекоа: „Мојсеј дозволи да се напише разводно писмо и да се отпушти.“
5
Одговори Исус и им рече: „Поради вашето жестоко срце ви ја напишал таа заповед.
6
Во почетокот на создавањето, пак, Бог ги создаде машко и женско.
7
Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, ќе се прилепи до жената своја
8
и обата ќе бидат во едно тело; и така, тие веќе не се двајца, туку едно тело.
9
Значи, тоа што Бог го сврзал, човек да не го разделува.“
10
И во домот, учениците Негови пак Го прашаа за тоа.
11
И им рече: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, тој прељубодејствува кон неа;
12
а и жена, ако го напушти својот маж и се омажи за друг, прељубодејствува.“
13
И донесуваа кај Него деца, за да се допре до нив, но учениците им забрануваа (на оние што ги носеа).
14
И кога го виде тоа Исус, негодуваше и рече: „Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо.
15
Вистина ви велам, кој не го прима царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“
16
Прегрнувајќи ги, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше.
17
А кога излегуваше на пат, дотрча некој, падна на колена пред Него и Го праша: „Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?“
18
Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен единиот Бог!
19
Заповедите ги знаеш: не прељубодејствувај; не кради; не сведочи лажно; не навредувај; почитувај ги татка си и мајка си.“
20
А тој Му одговори и рече: „Учителе, сето тоа сум го запазил уште од младоста своја.“
21
Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: „Уште една работа ти недостасува: оди и продај сѐ што имаш, раздај го на сиромаси и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене.“
22
Кога ги чу овие зборови, тој се изненади и си отиде нажален, зашто имаше големо богатство.
23
И кога погледа Исус, им рече на учениците Свои: „Колку е тешко за богатите да влезат во царството Божјо!“
24
А учениците се уплашија од зборовите Негови. Но Исус пак им одговори и рече: „Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо!
25
Полесно камила ќе влезе низ иглени уши, отколку богат човек во царството Божјо.“
26
А тие се чудеа многу и си велеа меѓу себе: „Тогаш, кој може да се спаси?“
27
Кога ги погледа Исус, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сѐ е можно!“
28
И Петар почна да Му говори: „Ете, ние оставивме сѐ и по Тебе одиме.“
29
А Исус одговори и рече: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мене и Евангелието,
30
а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нивје, а во идниот век — и живот вечен.
31
И мнозина први ќе бидат последни, а последните — први.“
32
Кога беа на пат, искачувајќи се кон Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие беа вџашени, па, врвејќи по Него, се исплашија. И кога ги повика повторно дванаесетте, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него.
33
„Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт и ќе Го предадат на незнабошците.
34
И ќе Го исмеат, и ќе Го бијат, и ќе Го плукаат, и ќе го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“
35
Тогаш пристапија кон Него Заведеевите синови, Јаков и Јован и рекоа: „Учителе, сакаме да ни го исполниш она, што ќе го побараме.“
36
Тој ги праша: „Што сакате да сторам за вас?“
37
А тие Му одговорија: „Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во славата Твоја.“
38
Но Тој им рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крштавањето, со кое се крштавам Јас?“
39
Тие одговорија: „Можеме.“ А Исус им рече: „Чашата, што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите;
40
но, да дозволам да се седи од Мојата десна или лева страна, не зависи од Мене; тоа е за оние, за кои е приготвено.“
41
Десетте, пак, штом го чуја тоа, негодуваа против Јаков и Јован.
42
Исус, кога ги повика, им рече: „Знаете дека оние, што се сметаат за народни кнезови, господарат над нив, и управниците управуваат над нив.
43
Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга;
44
и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб на сите.
45
Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина.“
46
Потоа пристигнаа во Ерихон. И кога излегуваше Исус од Ерихон со учениците Свои и со многу народ, Тимеевиот син, Вартимеј, кој беше слеп, седеше покрај патот и просеше.
47
Па, кога чу дека е тоа Исус од Назарет, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“
48
И мнозина му велеа да молчи, но тој уште повеќе викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“
49
Исус застана и рече да го викнат. И го повикаа слепиот, говорејќи му: „Не плаши се, стани, те вика!“
50
Тој, кога ја фрли горната облека, стана и отиде кај Исус.
51
А Исус, одговарајќи му, го запраша: „Што сакаш да сторам за тебе?“ Слепиот Му рече: „Да прогледам, Учителе!“
52
Исус му рече: „Оди си, верата твоја те спаси!“ И тој веднаш прогледа, па тргна патем по Исус.
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16