bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Mark 5
Mark 5
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 6 →
1
Преминаа отаде море, во Гадаринската земја.
2
И кога Тој излезе од коработ, веднаш Го пресретна од гробиштата еден човек со нечист дух.
3
Тој живееше во гробовите, и дури и со вериги никој не можеше да го врзе;
4
зашто многупати беше во окови и во вериги врзан, ама ги кршеше оковите и ги раскинуваше веригите, и никој не можеше да го скроти;
5
и секогаш, ноќе и дење, по гробиштата и по ридиштата викаше и се удираше со камења.
6
Штом Го виде Исус оддалеку, притрча и Му се поклони.
7
Па, како извика со силен глас, рече: „Што имаш, Ти, со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!“
8
Зашто му беше рекол: „Духу нечист, излези од човекот!“
9
И го праша: „Како те викаат?“ А тој одговори и рече: „Легија ми е името, зашто сме многу.“
10
И многу Го молеа да не ги брка од тој крај.
11
А таму, по ридот, пасеше големо крдо свињи.
12
И Го молеа и велеа: „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“
13
И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурнаа свињите по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.
14
А оние, што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по околијата. И мнозина излегоа да видат што станало.
15
И дојдоа кај Исус, и го видоа бесомачниот како седи облечен, и со здрав ум, во кого имаше легија, и се уплашија.
16
А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со обземениот од зол дух и со свињите.
17
И почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта.
18
А кога влезе во коработ, оној, што беше порано бесомачен, Го помоли да биде со Него.
19
Исус не му дозволи, но му рече: „Оди дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те помилува.“
20
Си отиде, и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус. И сите се чудеа.
21
А кога премина Исус со коработ пак на другата страна, кај Него се собра многу народ. И беше покрај морето.
22
И ете, дојде еден од началниците на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред нозете Негови
23
и усрдно Го молеше многу, говорејќи: „Ќерка ми е на умирање; дојди и положи ги рацете над неа, за да оздрави и биде жива!“
24
И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа.
25
Една жена, што страдаше од крвавење дванаесет години,
26
и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и никаква полза не видела, а ѝ станало дури уште полошо,
27
штом чу за Исус, се приближи одзади меѓу народот и се допре до облеката Негова;
28
зашто си велеше: „Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам.“
29
И веднаш престана крвавењето, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста.
30
А Исус одеднаш почувствува во Себе како излезе сила од Него и се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до облеката моја?“
31
Учениците Негови Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“
32
Но Тој гледаше наоколу, за да ја види онаа, што го направи тоа.
33
Жената, пак, се уплаши и трепереше; па, знаејќи што стана со неа, се приближи, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина.
34
А Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!“
35
Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај началникот на синагогата и рекоа: „Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот!“
36
Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече на началникот на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“
37
И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков, и на Јован, братот на Јаков.
38
Дојде во куќата на началникот на синагогата и виде растревоженост, плачење и силно врискање.
39
И кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Девојчето не е умрено, туку спие!“
40
А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, откако ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девојчето.
41
И кога ја фати раката на девојчето, рече: „Талита, куми!“ — што значи: „Девојко, тебе ти велам, стани!“
42
И девојката одеднаш стана и почна да оди. А имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу.
43
А Тој строго им заповеда, никој да не разбере за тоа и рече: „Дајте ѝ да јаде!“
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16