bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Mark 11
Mark 11
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 12 →
1
И кога се приближи до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, кај Маслиновата Гора, испрати Исус двајца од учениците,
2
и им рече: „Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом ќе влезете во него, ќе најдете врзано младо магаре, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го!
3
И, ако ви рече некој: ‚Зошто го правите тоа?‘ Кажете дека Му е потребно на Господ; и тој веднаш ќе го прати тука.“
4
Тие отидоа и го најдоа младото магаре, врзано за портата однадвор, на крстопатот и го одврзаа.
5
И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате?“
6
А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија.
7
И го доведоа младото магаре кај Исус, ги кладоа врз него алиштата свои и Тој седна на него.
8
И мнозина ги постилаа своите облеки по патот.
9
А оние, што одеа пред Него и по Него, викаа и велеа: „Осана! Благословен е Оној што иде во името Господово!
10
Благословено е царството на нашиот татко Давид, кое иде во името Господово! Осана во висините!“
11
И влезе Исус во Ерусалим, во храмот, разгледа сѐ, па, бидејќи веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетте во Витанија.
12
А утредента, кога излегоа од Витанија, Тој огладне;
13
и кога оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше времето за смокви.
14
И Исус ѝ рече: „Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!“ И го чуја тоа учениците Негови.
15
И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги брка оние, што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврте масите на менувачите на пари и столовите на оние, што продаваа гулаби;
16
и не дозволуваше никој преку храмот да пренесе каков и да било сад.
17
И ги поучуваше, велејќи: „Не е ли напишано: ‚Домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече‘? А вие го направивте како разбојничко гнездо!“
18
И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да Го погубат, бидејќи се плашеа од Него, зашто сиот народ се восхитуваше на Неговото учење.
19
А кога се стемни, Тој излезе надвор од градот.
20
Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен.
21
И кога се сети, Петар Му рече: „Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила!“
22
А Исус им одговори и рече:
23
„Имајте вера во Бога. Зашто, вистина ви велам ако некој ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море!‘ и не се посомнева во срцето свое, туку поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
24
Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете — и ќе ви биде.
25
И кога стоите на молитва, простувајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.
26
Ако ли, пак, вие не простувате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.“
27
И пак дојдоа во Ерусалим; а кога одеше низ храмот, се приближија до Него првосвештениците и книжниците и старешините,
28
па Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа? Или кој Ти ја дал таа власт, да го правиш тоа?“
29
Исус им одговори и рече: „Ќе ве прашам и Јас за нешто и одговорете Ми, а потоа и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам тоа.
30
Крштавањето Јованово од небото ли беше, или од луѓето? Одговорете Ми!“
31
А тие си мислеа во себе и велеа: „Ако кажеме ‚Од небото‘ — ќе рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘
32
Но, ако кажеме, ‚Од луѓето‘“ — се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јован за вистински пророк.
33
И одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Исус им одговори и рече: „Ни јас не ви кажувам, со каква власт го вршам тоа.“
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 12 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16