bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
2 Peter 1
2 Peter 1
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
1
Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние, кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос примија еднаква вера како и ние:
2
да ви се умножат благодатта и мирот во познавањето на Бога и Исус, нашиот Господ.
3
Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, преку познанието на Оној Кој нѐ повика преку Својата слава и совршенство,
4
преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа, откако се оддалечивте од похотната пропадливост во светот;
5
затоа, целосно грижејќи се за ова, кон својата вера придодадете ја добродетелта, а кон добродетелта – знаење,
6
кон знаењето – воздржување, кон воздржувањето – трпение, кон трпението – благочестие,
7
кон благочестието – братољубивост, кон братољубивоста – љубов.
8
Зашто, ако овие нешта ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве остават безделни, ниту бесплодни во познанието на нашиот Господ Исус Христос.
9
Бидејќи оној што ги нема овие нешта, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од своите стари гревови.
10
Затоа, браќа, уште повеќе настојувајте да го зајакнете вашиот повик и избор, зашто, ако го вршите тоа, никогаш нема да паднете.
11
Зашто така широко ќе ви се отвори влезот во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
12
Поради тоа секогаш ќе се трудам да ви ги напоменувам овие работи, иако ги знаете, и сте утврдени во сегашната вистина.
13
А сметам дека е праведно, додека сум во ова тело, да ве потсетувам,
14
бидејќи знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што ми откри нашиот Господ Исус Христос.
15
Но, ќе се погрижам, и по мојата смрт, вие секогаш да се потсетувате на овие нешта.
16
Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени приказни, туку самите бевме очевидци на Неговото величие.
17
Зашто Тој прими чест и слава од Бога Отецот, кога од великолепната Слава до Него дојде ваков глас: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја.“
18
И ние го чувме тој глас, што дојде од небото, кога бевме со Него на светата гора.
19
И така пророчкото слово станува уште поверно за нас; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца.
20
Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот.
21
Зашто никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале водени од Светиот Дух.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3