bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
2 Peter 3
2 Peter 3
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
1
Возљубени, веќе ви го пишувам ова второ послание; во двете потсетувајќи ве и будејќи го вашиот чист разум
2
за да си спомнете на зборовите, претходно кажани од светите пророци, и на заповедта од Господ и Спасителот, дадена преку вашите апостоли.
3
Најнапред знајте го тоа дека во последните денови ќе дојдат подбивачи, кои ќе ги следат своите похоти,
4
и ќе велат: „Каде е ветувањето за Неговото доаѓање? Зашто, откако нашите татковци починаа, сѐ си стои така како од почетокот на созданието.“
5
Бидејќи тие намерно превидуваат дека, преку словото Божјо од почетокот имаше небеса и земјата беше составена од вода и преку вода,
6
преку која тогашниот свет загина, потопен од вода.
7
Сегашните, пак, небеса и земја, пазени од истото слово, се чувани за оган во денот на судот и погибелта на нечестивите луѓе.
8
Но само ова не превидувајте го, возљубени, дека за Господ еден ден е како илјада години, а илјада години – како еден ден.
9
Господ нема да задоцни со ветувањето, како што некои ова го сметаат за задоцнување; но долго време нѐ трпи, бидејќи не сака некој да загине, туку сите да дојдат до покајание.
10
И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќта; тогаш небесата со голема бучава ќе преминат, и стихиите распламтени ќе се разрушат, а земјата, и сѐ што е на неа, ќе изгори.
11
И така, бидејќи сето тоа ќе се разруши, какви треба да бидете вие во светото поведение и благочестие,
12
штом го очекувате и посакувате скорото доаѓање на Божјиот ден, во кој небесата разгорени ќе се разрушат и стихиите распламтени ќе се стопат!
13
Но ние, според Неговото ветување, очекуваме нови небеса и нова земја, во кои ќе живее правдата.
14
Затоа, возљубени, очекувајќи го ова, погрижете се пред Него да излезете со мир, неосквернети и непорочни;
15
и долготрпеливоста на нашиот Господ сметајте ја за спасение – како што ви напиша и нашиот возљубен брат Павле, според дадената му мудрост;
16
како што и зборува за ова во сите свои посланија, во кои има некои работи тешки за разбирање, што неуките и неутврдените ги изопачуваат, како и останатите Писма, за своја погибел.
17
Вие, пак, возљубени, знаејќи го ова однапред, пазете се да не бидете заведени од измамата на беззакониците, и да не отпаднете од својата утврденост,
18
но растете во благодатта и во познанието на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и во вечниот ден. Амин!
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
All chapters:
1
2
3