bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
2 Peter 2
2 Peter 2
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
1
А имаше и лажни пророци во народот, како што и меѓу вас ќе има лажни учители, кои бесшумно ќе подметнат погубни ереси и, одрекувајќи се од Владиката, Кој ги откупил, ќе навлечат врз себеси брза погибел.
2
И мнозина ќе го следат нивниот разврат, и поради нив патот на вистината ќе биде похулен.
3
Од алчност ќе ве придобијат со ласкави зборови; но нивното осудување, одамна подготвено, нема да задоцни и нивната погибел не дреме.
4
Зашто Бог, не ги поштеди ниту ангелите што згрешија, туку, врзувајќи ги со вериги на најтемниот мрак и фрлајќи ги во пеколот, ги предаде да бидат чувани за суд;
5
и не го поштеди стариот свет, туку, кога нанесе потоп врз нечестивиот свет, го запази само осумчленото семејство на Ное – проповедникот на правдата;
6
и градовите Содом и Гомор ги осуди на разурнување и ги претвори во пепел, оставајќи ги како пример за идните нечестиви,
7
а го избави праведниот Лот, кој беше измачуван од развратниот живот на беззакониците.
8
Зашто, кога меѓу нив живееше праведникот, тој од ден на ден ја измачуваше својата праведна душа, гледајќи ги и слушајќи ги беззаконските дела;
9
значи Господ знае како да ги избавува благочестивите од искушенија, а неправедните да ги чува за да бидат казнети на судниот ден;
10
а најмногу оние што ја следат плотта во нејзините гнасни похоти, и ја презираат власта. Дрски се, самоволни, и не се плашат да хулат на славата;
11
но дури ни ангелите, кои се поголеми по моќ и сила од нив, не изнесуваат пред Господа хула против нив.
12
А тие, како неразумни животни, по природа создадени да се ловат и да се ништат, хулејќи го она што не го познаваат, во својата пропадливост ќе загинат,
13
добивајќи отплата за вршење неправда. Тие секојдневниот раскош го сметаат за задоволство; тие се скверни и порочни, насладувајќи се со своите измами, додека јадат со вас;
14
имаат очи полни со прељубодејство и ненаситени со грев; ги мамат неутврдените души; имаат срце привикнато на лакомство. Тие се чеда на проклетството!
15
Откако го оставија правиот пат, се заблудија, тргнаа по патот на Восоровиот син Валаам, кој засака плата за вршење неправда;
16
но, беше изобличен за своето беззаконие, кога безгласното магаре проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.
17
Тие се безводни извори, облаци од бура разнесувани; за нив за навек е зачуван мракот на темнината.
18
Зашто, говорејќи големи и празни зборови, ги мамат на телесни похоти и на разврат оние кои тукушто се оттргнале од таквите што живеат во заблуда.
19
Им ветуваат слобода, а тие самите се робови на пропадливоста, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува.
20
Зашто, ако оние што веќе ги избегнале световните скверности преку познанието на Господ и Спасителот Исус Христос, повторно се победени, заплеткувајќи се во нив, тогаш за нив последното станува полошо од првото!
21
Зашто подобро ќе беше за нив да не го беа познале патот на правдата отколку, откако го познаа, да отстапат од светата заповед која им е предадена.
22
Ним им се случува според вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блујавица и искапената свиња – во калта.“
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3