bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Colossians 1
Colossians 1
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 2 →
1
Павле, по Божја волја апостол на Исус Христос, и братот Тимотеј,
2
до светите и верни браќа во Христос што се во Колоси: благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!
3
Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, секогаш кога се молиме за вас,
4
бидејќи слушнавме за вашата вера во Христос Исус и за вашата љубов кон сите светии,
5
поради надежта која се чува за вас на небесата, за која порано сте слушнале во вистинитото слово на благовестието,
6
кое дојде до вас, како и во целиот свет, и плодоносно расте, како и меѓу вас од денот кога ја чувте и познавте Божјата благодат во вистината;
7
како што и научивте од Епафрас, нашиот возљубен соработник, кој е верен Христов служител заради вас,
8
и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот.
9
Затоа и ние, од денот кога го чувме тоа, непрестајно се молиме за вас и сакаме да се исполните со познание на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање,
10
та да постапувате достојно за Бога и да Му бидете угодни во сѐ, за да бидете плодоносни во секое добро дело и да растете во познанието на Бога,
11
укрепувани со секаква сила преку моќта на Неговата слава, со секаква истрајност и долготрпение, со радост
12
благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината,
13
нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот возљубен Син,
14
во Кого имаме откуп и простување на гревовите.
15
Тој е образ на невидливиот Бог, првороден, пред секое создание;
16
бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е создадено преку Него и за Него.
17
Тој е пред сѐ, и сѐ се одржува во Него.
18
Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за Самиот да првенствува во сѐ.
19
Бидејќи Отецот благоволи во Него да ја насели сета полнота,
20
и преку Него да помири сѐ со Себе, и земно и небесно, творејќи мир преку Неговата крв на крстот.
21
И вас, кои некогаш бевте отуѓени и непријатели, со мисла за лоши дела,
22
сега преку Неговата смрт ве помири во телото на Неговото тело, за да ве претстави пред Себе свети, непорочни и без вина,
23
ако останете утврдени и непоколебливи во верата, и ако не се отргнете од надежта на благовестието што го чувте, кое е проповедано на секое поднебесно создание, и на кое јас, Павле, му станав служител.
24
Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во моето тело заради Неговото тело, кое е Црквата.
25
Нејзе јас ѝ станав служител според Божјото устројство што ми е дадено за вас, за да го исполнам словото Божјо,
26
тајната која е скриена од вековите и поколенијата, а сега објавена на Неговите светии,
27
на кои Бог посака да им покаже какво е богатството на славата во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во вас.
28
Него ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги со сета мудрост, за секој човек да го претставиме совршен во Христос Исус;
29
затоа се трудам и се борам, потпирајќи се на Неговата сила, која со голема моќ дејствува во мене.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4