bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Colossians 3
Colossians 3
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 4 →
1
И така, ако сте воскреснале заедно со Христос, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно на Бога;
2
мислете за горното, а не за земното.
3
Зашто вие умревте, и вашиот живот е сокриен со Христос во Бога.
4
А кога ќе се појави Христос, нашиот живот, тогаш и вие ќе се појавите со Него во слава.
5
Затоа, умртвете ги вашите членови од телото за земната природа во вас: блудот, нечистотијата, страста, лошата желба и алчноста, која е идолопоклонство!
6
Поради нив доаѓа Божјиот гнев врз синовите на непослушноста,
7
а меѓу нив некогаш се движевте и вие, кога живеевте во тие пороци.
8
А сега и вие отфрлете го од себе сето ова: гневот, јароста, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста!
9
Не лажете се еден со друг, зашто го соблековте стариот човек заедно со неговите дела,
10
и се облековте во новиот, кој се обновува во познанието, според образот на својот Создател.
11
Тука нема веќе ни Елин, ни Јудеец, ни обрезан, ни необрезан, ни варварин, ни Скит, ни роб, ни слободен, туку сѐ и во сѐ е Христос.
12
И така, како свети и возљубени Божји избраници, облечете се во милосрдност, доброта, смиреномудрие, кротост и долготрпеливост,
13
трпејќи се еден со друг и простувајќи си, ако некој има поплака на некого; како што Христос ви прости, така простувајте и вие!
14
А над сето тоа облечете се во љубовта, која е врска на совршенството,
15
и во вашите срца нека завладее мирот Божји, кон кого и сте повикани во едно тело; и бидете благодарни!
16
Христовото слово изобилно нека се всели во вас, во секоја мудрост; учејќи се и советувајќи се меѓусебно со псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодат во вашите срца!
17
И сѐ што правите со збор или со дело – сѐ нека биде во името на Господ Исус, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот!
18
Вие, жените, покорувајте им се на своите мажи, како што прилега во Господа!
19
Вие, мажите, љубете си ги жените и не огорчувајте се на нив!
20
Вие, децата, бидете им послушни на вашите родители во сѐ, зашто тоа Му е благоугодно на Господ!
21
Вие, татковците, не раздразнувајте ги своите деца, за да не паѓаат со духот!
22
Вие, слугите, во сѐ бидете им послушни на своите земни господари, не само пред очи како оние што сакаат да се умилкуваат на луѓето, туку во едноставност на срцето, со страв Божји!
23
И сѐ што правите, правете го од душа, како за Господа, а не за луѓе,
24
знаејќи дека од Господа како награда ќе добиете наследство, бидејќи на Господ Христос Му служите.
25
А кој причинува неправда, ќе добие според својата неправда; и нема да има пристрасност!
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4