bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Colossians 2
Colossians 2
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
1
Сакам да знаете во каква голема борба сум за вас, за оние што се во Лаодикија, но и за сите кои не ме видоа лично.
2
Тоа го правам за да им се утешат срцата, та соединети во љубов за секое богатство, со потполно разбирање, да ја познаат тајната на Бога и Отецот и на Христос,
3
во Кого се скриени сите ризници на мудроста и знаењето.
4
Ова ви го велам за да не ве измами некој со заводливи зборови;
5
зашто, иако сум отсутен со телото, со духот сум со вас, и се радувам гледајќи го вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христос.
6
И така, како што Го примивте Христос Исус, Господ, така и живејте во Него,
7
вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте научени, изобилувајќи во неа со благодарност.
8
Пазете некој од вас да не биде заробен од филозофијата и од празната измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не според Христос;
9
зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството,
10
и вие сте исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт;
11
во Него сте и обрезани преку неракотворено обрезание, откако преку Христовото обрезание го соблековте гревовното тело;
12
откако се погребавте со Него во крштевањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.
13
И вас, кои бевте мртви поради прегрешенијата и поради необрезанието на вашето тело, Тој ве оживеа заедно со Него, простувајќи ви ги сите прегрешенија,
14
поништувајќи го ракописаниот закон, кој со своите прописи беше против нас, а кого Тој го оттргна отсреде нас, приковувајќи го на крстот;
15
и, откако ја зграби силата од началствата и властите, Тој јавно ги посрамоти, славејќи ја во Себе победата над нив.
16
Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некаков празник, или за млада месечина или саботи;
17
тоа е само сенка на она што доаѓа, а стварноста е Христос.
18
Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост и служење на ангелите. Таквиот се впушта во она што не го видел, напразно гордеејќи се со својот телесен ум,
19
а не се држи цврсто за Главата, од Која целото тело, одржано и сврзано преку зглобови и врски, расте со растење дадено од Бога.
20
Ако со Христос умревте за стихиите на светот, тогаш зошто, како да живеете во светот, се потчинувате на одредбите:
21
„Не фаќај, не вкусувај, не допирај“?
22
Сето тоа се распаѓа при употреба – согласно со човечките заповеди и учења.
23
Тоа само наликува на мудрост во своеволното богослужење, во лажното смиреномудрие и во нештедењето на телото, но нема никаква вредност и само го задоволува телото.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4