bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Philippians 1
Philippians 1
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 2 →
1
Павле и Тимотеј, слуги на Исус Христос, до сите светии во Христос Исус, што се во Филипи, заедно со епископите и ѓаконите:
2
благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!
3
Му благодарам на мојот Бог при секое спомнување на вас,
4
– а постојано, во секоја моја молитва, се молам со радост за вас –
5
поради вашето учество во благовестието од првиот ден, па сѐ досега.
6
Уверен сум токму во тоа дека Оној што го започна доброто дело во вас, ќе го доврши до денот на Исус Христос.
7
И право е да го мислам тоа за сите вас, зашто секогаш ве имам во срцето – и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам благовестието, бидејќи сите вие сте мои соучесници во благодатта.
8
Зашто Бог ми е сведок колку многу копнеам по сите вас со милосрдноста на Исус Христос.
9
И за ова се молам: вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува во познанието и во секакво расудување,
10
за да можете да го распознавате најдоброто, та да бидете чисти и беспрекорни во денот Христов,
11
исполнети со плодовите на праведноста преку Исус Христос, за слава и пофалба на Бога.
12
Браќа, сакам да знаете дека сето она што ми се случи, всушност придонесе за поголем успех на благовестието,
13
така што целата преторија и сите останати дознаа за моите окови за Христос;
14
па повеќето од браќата во Господа, поттикнувајќи се од моите окови, уште повеќе се охрабрија да го говорат словото Божјо без страв.
15
Навистина, некои Го проповедаат Христос од завист и желба за препирање, а некои од добра волја;
16
едните Го проповедаат Христос од желба да се препираат, неискрено, сметајќи дека ја наголемуваат тежината на моите окови.
17
А другите, пак, проповедаат од љубов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам благовестието.
18
Но, што тогаш? Како и да е, било дволично или искрено, Христос се проповеда; затоа се радувам и ќе се радувам.
19
Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение по вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос,
20
како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се посрамам, но со сета моја смелост, како секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било преку живот, било преку смрт.
21
Зашто за мене животот е Христос, а смртта – придобивка.
22
Но, ако живеам во телото, тогаш моето дело ќе даде плод, па така, не знам што да одберам.
23
Измачуван сум и од едното и од другото, сакам да заминам и да бидам со Христос, бидејќи тоа е многу подобро;
24
но да останам во телото е понеопходно за вас.
25
Па уверен во ова, знам дека ќе останам и ќе бидам со сите вас за ваш напредок и радост во верата,
26
та кога повторно ќе дојдам кај вас, преку мене да се умножува вашата пофалба во Христос Исус.
27
Само, живејте достојно на Христовото благовестие, та било да дојдам и да ве видам, било да сум отсутен, да слушнам дека стоите цврсто во еден дух, борејќи се еднодушно за верата на благовестието,
28
во ништо не плашејќи се од противниците. Ним, тоа им е знак за погибел, а вам за спасение, и тоа од Бога.
29
Бидејќи, заради Христос, ви се даде дар не само да верувате во Него, туку и да страдате за Него,
30
имајќи ја истата борба, којашто ја видовте во мене, и која и сега слушате дека е во мене.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4