bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Philippians 3
Philippians 3
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 4 →
1
И така, браќа мои, радувајте се во Господа! Мене не ми е мачно да ви пишувам исти нешта, а вам тоа ви е за утврдување.
2
Чувајте се од кучињата, чувајте се од лошите работници, чувајте се од лажно обрезание,
3
зашто вистинското обрезание сме ние, кои со Духот Му служиме на Бога и се фалиме со Христос Исус, и не се надеваме на телото,
4
иако јас можам да се надевам и на телото. Ако некој друг мисли дека може да се надева на телото, уште повеќе можам јас,
5
кој сум обрезан во осмиот ден, од Израилевиот род, од Венијаминовото колено, Евреин од Евреите, по Законот фарисеј,
6
по ревност – гонител на Црквата, според правдата на Законот – беспрекорен.
7
Но тоа што за мене беше придобивка, заради Христос го сметав за загуба.
8
Та дури и сметам дека сѐ друго е загуба спрема возвишеноста на познанието на Христос Исус, мојот Господ, поради Кого изгубив сѐ, и сѐ сметам за отпад, само за да Го придобијам Христос,
9
и да се најдам во Него, не со својата праведност која доаѓа од Законот, туку со онаа која доаѓа преку верата во Христос, односно со праведноста од Бога, која доаѓа преку верата;
10
за да Го познаам Него, и силата на Неговото воскресение, и учеството во Неговите страдања, сообразувајќи се со Неговата смрт,
11
та некако да го достигнам воскресението на мртвите.
12
Не дека веќе сум го достигнал тоа, или веќе сум се усовршил, туку се стремам да го досегнам, како што и самиот бев досегнат од Христос.
13
Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене,
14
трчам кон целта – по наградата на Божјиот призив одозгора во Христос Исус.
15
Сите, ние, пак, кои сме совршени, да го мислиме ова; а Бог и вам ќе ви го открие истото, дури и ако мислите нешто друго.
16
Впрочем, да живееме според она кое го достигнавме и така да мислиме.
17
Подражавајте ме мене, браќа, и внимателно гледајте на оние што постапуваат на истиот начин, имајќи нѐ нас како образец.
18
Зашто мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на Христовиот крст;
19
нивниот крај е погибел, нивниот бог – стомакот, а славата – во нивниот срам; тие мислат само за земното.
20
А нашето жителство е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спасителот, Господ Исус Христос.
21
Тој ќе го преобрази нашето понижено тело, за тоа да стане подобно на Неговото славно тело, со силата преку која Тој може да потчини сѐ под Себе.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4