bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Philippians 2
Philippians 2
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
1
И така, ако во Христос има некаква утеха, ако има некакво охрабрување од љубовта, ако има некаква заедница на Духот, ако има некое милосрдие и сочувство,
2
направете ми ја радоста потполна со тоа што исто ќе размислувате, имајќи иста љубов, еднодушни и едномислени;
3
не правете ништо за лична корист или за празна слава, туку секој со смиреномудрие нека го смета другиот за подобар од себе!
4
Не грижете се само за своето, туку и за другите!
5
Затоа вашето размислување нека биде како она на Христос Исус,
6
Кој, иако беше во образ Божји, не сметаше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога;
7
туку се понизи Себеси, земајќи образ на слуга и се изедначи со луѓето;
8
и по изглед се покажа како човек, Самиот се понизи, и беше послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст.
9
Па затоа и Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име,
10
та во името на Исус да се поклони секое колено на сѐ што е небесно, земно и подземно,
11
и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бога Отецот.
12
Затоа, возљубени мои, како што секогаш бевте послушни, не само во мое присуство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го своето спасение,
13
зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Неговата добра волја.
14
Сѐ правете без мрморење и двоумење,
15
за да бидете беспрекорни и чисти, непорочни Божји чеда сред изопачено и развратно поколение, во кое светите како светила во светот,
16
цврсто држејќи се за словото на животот, за да имам со што да се пофалам во денот Христов, дека не трчав напразно и не се трудев напразно.
17
Но, дури и ако се принесувам како полевање врз жртвата и службата на вашата вера, се радувам сам и се радувам со сите вас.
18
Радувајте се и вие, зарадувајте се со мене!
19
Се надевам во Господ Исус дека наскоро ќе ви го пратам Тимотеј, та и јас, откако ќе разберам како сте, да се утешам.
20
Зашто немам ниту еден истомисленик, кој толку искрено би се грижел за вас.
21
Зашто сите си го бараат своето, а не она на Исус Христос.
22
Но неговата опитност ви е позната; тој, како син кон татко, заедно со мене слугуваше при благовестењето.
23
Значи, се надевам дека него ќе го испратам веднаш, штом ќе дознаам што ќе стане со мене;
24
но во Господа сум уверен дека и сам наскоро ќе дојдам кај вас.
25
Сметав дека е неопходно да го испратам кај вас Епафродит, мојот брат, сотрудник и соборец, а вашиот пратеник и служителот на моите потреби,
26
бидејќи тој копнееше за сите вас и беше нажален што сте чуле дека бил болен.
27
Зашто тој боледуваше речиси до умирање; но Бог го помилува, и не само него, туку и мене, за да не ми се натовари една жалост врз друга.
28
Поради тоа го испратив што поскоро, та, штом ќе го видите повторно, да се израдувате, а јас да бидам помалку нажален.
29
Затоа, примете го во Господа со секаква радост, и за таквите имајте почит,
30
бидејќи за Христовото дело тој беше близу до смрт, не жалејќи го својот живот за да го надополни служењето што ми недостига од вас.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4