bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Acts 14
Acts 14
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
1
Во Иконија влегоа заедно во јудејската синагога, и зборуваа така, што поверува големо множество Јудејци и Грци.
2
Но Јудејците, кои не ги послушаа, ги побунија и ги огорчија душите на многубошците против браќата.
3
Овие пак останаа тука долго време, проповедајќи смело, во Господа, Кој сведочеше за словото на Својата благодат и овозможуваше нивните раце да прават знаци и чуда.
4
И множеството во градот се раздели: едни беа со Јудејците, а други со апостолите.
5
Кога многубошците и Јудејците, со своите старешини, се нафрлија врз нив да ги измачуваат и да ги убијат со камења,
6
тие научија за тоа и избегаа во ликаонските градови, Листра и Дарвија, и во нивната околина,
7
и таму го проповедаа Евангелието.
8
Во Листра седеше некој човек немоќен во нозете, хром од мајчината утроба, кој никогаш не одел.
9
Тој го слушаше Павла кога зборуваше, а кога Павле го погледна виде дека има вера за исцелување,
10
и му рече со силен глас: „Исправи се на своите нозе!” И тој скокна и прооде.
11
А множеството народ кога виде што направи Павле, го подигна својот глас, велејќи на ликаонски: „Боговите станаа како луѓе и слегоа при нас!”
12
И го нарекоа Варнава - Зевс, а Павла - Хермес, зашто тој беше началник на словото.
13
А свештеникот на Зевсовото светилиште, што се наоѓаше пред градот, доведе јунци и донесе венци пред вратата и сакаше, заедно со народот, да принесе жртва.
14
Но кога го чуја тоа апостолите, Варнава и Павле, ги раскинаа своите облеки се втурнаа меѓу народот и извикаа,
15
велејќи: „Мажи, зошто го правите тоа? И ние сме луѓе како вас! Но ви проповедаме да се обратите, од тие суети, кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сè што е во нив;
16
Кој во минатите поколенија ги пушти сите народи да одат по своите патишта,
17
и сепак никогаш не прекратуваше да сведочи за Себеси со Своите добрини, давајќи ви од небото дождови и плодоносни времиња и полнејќи ги вашите срца со храна и веселба.”
18
И зборувајќи за тоа, одвај успеаја да го запрат народот да не им принесе жртва.
19
Но стигнаа Јудејци од Антиохија и Иконија и го наговорија народот; го каменуваа Павла и го извлекоа од градот, мислејќи дека е мртов.
20
Меѓутоа, кога учениците се собраа околу него, тој стана и влезе во градот. А утреден отиде со Варнава во Дерва.
21
Откако го навестија Евангелието во оној град и придобија многу ученици, се вратија во Листра, Иконија и Антиохија;
22
ги утврдуваа душите на учениците и ги советуваа да бидат постојани во верата, и дека треба преку многу неволји да влезат во Божјото Царство.
23
И кога им определија старешини, во одделните цркви, се помолија со пост и Му ги предадоа на Господа, во Кого поверувале.
24
Потоа поминувајќи низ Писидија, дојдоа во Памфилија;
25
и, откако го проповедаа словото во Перга, слегоа во Аталија;
26
а оттаму отпловија во Антиохија, откаде и беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија.
27
И кога пристигнаа и ја собраа црквата, раскажаа, што сè направил Бог со нив, и како им ја отворил вратата на верата на народите.
28
И останаа подолго време со учениците.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28