bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Acts 16
Acts 16
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 17 →
1
И така пристигна во Дервија и Листра. И ете, таму беше еден ученик по име Тимотеј, син на Јудејка, која веруваше, и на татко Грк.
2
Браќата во Листра и Иконија сведочеа добро за него.
3
Павле посака да го поведе со себе; го зеде и го обреза заради Јудејците, кои беа по оние места: зашто сите знаеја дека татко му е Грк.
4
И додека одеа по градовите, им ги предаваа одредбите што беа определени од апостолите и старешините во Ерусалим, за да ги пазат.
5
А црквите така се утврдуваа во верата и секој ден нивниот број беше сè поголем.
6
Ги поминаа Фригиската и Галатската Земја, зашто Светиот Дух им забрани да го проповедаат словото во Азија.
7
А кога дојдоа спроти Мисија, се обидоа да отидат во Витанија, но Исусовиот Дух не им дозволи.
8
И така, поминаа низ Мисија и слегоа во Троада.
9
И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!”
10
И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието.
11
Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, а на идниот ден во Неапол,
12
а оттаму во Филипи, римска колонија и прв град во оној дел на Македонија. Во тој град престојувавме неколку дена.
13
А во саботата излеговме надвор од градската врата, кон реката, каде што имаа обичај да се молат. И седнавме и им зборувавме на собраните жени.
14
И некоја богобојазлива жена по име Лидија, продавачка на пурпурно платно од градот Тиатир, слушаше; и Господ и го отвори срцето да внимава на Павловите зборови.
15
А кога беше крстена таа, и нејзиниот дом, нè замоли, велејќи: „Ако ме признавате за верна на Господа, влезете во мојот дом и останете.” И нè принуди.
16
А кога еднаш одевме на молитва, нè сретна некоја девојка, слугинка, која имаше претскажувачки дух, и која, со вражање, им донесуваше голема печалба на своите господари.
17
Таа одеше по Павла и по нас, викајќи: „Овие луѓе се слуги на Сèвишниот Бог; кои ни проповедаат пат на спасение.”
18
Тоа го правеше многу денови. А кога му досади на Павла, се заврти и му рече на духот: „Ти заповедам во името на Исуса Христа да излезеш од неа!” И излезе во истиот час.
19
Кога нејзините господари видоа дека излезе и нивната надеж за печалба, ги одвлекоа Павла и Сила до пазарот пред началниците.
20
Кога ги приведоа пред заповедниците, рекоа: „Овие луѓе, кои се Јудејци, го бунат нашиот град
21
и проповедаат обичаи, кои ние како Римјани, не смееме да ги прифатиме ни да ги вршиме.”
22
И заедно, се крена народот против нив, а заповедниците им ги скинаа облеките и наредија да ги бијат со стапови.
23
И откако им удрија многу стапови, ги фрлија во темница и му заповедаа на темничарот да ги чува добро.
24
Откако прими таква заповед, тој ги фрли во внатрешниот дел на темницата, и нозете им ги стави во клада.
25
Околу полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа.
26
Но одеднаш стана силен потрес, така што се стресоа основите на темницата: во истиот миг се отворија сите врати, и на сите им паднаа оковите.
27
А чуварот на темницата се разбуди и кога ги виде отворените врати на темницата, го извади мечот и сакаше да се убие, мислејќи дека затворениците избегале.
28
Но Павле викна со силен глас, велејќи: „Не прави си себеси никакво зло, зашто сите сме тука!”
29
А тој побара светлина, истрча внатре и треперејќи падна пред Павле и Сила;
30
ги изведе и рече: „Господини, што треба да правам за да се спасам?”
31
Тие пак рекоа: „Верувај во Господа Исуса и ќе се спасиш ти и твојот дом.”
32
И им го проповедаа Господовото слово нему и на сите, кои беа во неговиот дом.
33
И тој ги зеде во истиот час на ноќта, им ги изми раните од ударите и веднаш се крсти и тој и сите негови.
34
Тогаш ги одведе горе во куќата, постави трпеза, и се зарадува со целиот дом, зашто поверува во Бога.
35
А кога се раздени, заповедниците испратија судски службеници и рекоа: „Пушти ги оние луѓе!”
36
Темничарот му ги рече тие зборови на Павла, велејќи: „Заповедниците пратија да ве пуштам. Затоа сега излезете и одете си со мир!”
37
Но Павле им рече: „Откако нас, римски граѓани, без претходна истрага, јавно нè биеја и нè фрлија во темница; а сега сакаат да нè пуштат тајно? Никако! Туку самите да дојдат и нека нè изведат!”
38
Судските служители им ги соопштија овие зборови на заповедниците, а тие се исплашија кога чуја дека се римски граѓани
39
и дојдоа, се извинија; ги изведоа и ги замолија да си отидат од градот.
40
И кога излегоа така од темницата, дојдоа при Лидија, ги видоа браќата и ги утешија, и си отидоа.
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28