bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Acts 5
Acts 5
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 6 →
1
А еден човек по име Ананија, со својата жена Сапфира, продаде еден имот
2
и задржа од цената со знаење на жената, а донесе еден дел и го стави пред нозете на апостолите.
3
А Петар му рече: „Ананија, зошто сатаната го исполни твоето срце да Го излажеш Светиот Дух и да задржиш од цената на нивата?
4
Не беше ли твоја додека не беше продадена? И кога ја продаде - не беше ли во твоја власт? Зошто го науми тоа нешто во своето срце? Не ги излага луѓето, туку Бога!”
5
Кога Ананија ги чу зборовите, падна и издивна. И голем страв ги обзеде сите, кои го чуја тоа.
6
А помладите станаа, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.
7
А кога поминаа околу три часа, влезе и неговата жена, не знаејќи што станало.
8
И Петар ја праша: „Кажи ми дали за толку ја продадовте нивата?” И таа рече: „Да, за толку.”
9
А Петар и рече: „Зошто се согласивте да Го искушувате Господовиот Дух? Еве! Веќе пред вратата се нозете на оние, кои го погребаа твојот маж, ќе те изнесат и тебе!”
10
И веднаш падна до неговите нозе и издивна. А кога младите луѓе влегоа, ја најдоа мртва; ја изнесоа и ја погребаа до нејзиниот маж.
11
И голем страв ја опфати целата црква и сите кои го чуја тоа.
12
И преку апостолските раце стануваа многу знаци и чуда во народот; и сите беа еднодушни во Соломоновиот трем.
13
Од другите пак, никој не се осмелуваше да им се присоедини, меѓутоа народот ги величаше многу.
14
А повеќе верни беа присоединети кон Бога; множествата на мажи и жени;
15
така што изнесуваа болни на улиците и ги полагаа на постели и носилки, та барем Петровата сенка да падне на некого од нив.
16
Се собираше во Ерусалим и множество од околните градови и носеа болни и измачувани од нечисти духови. И сите се исцелуваа.
17
Тогаш станаа: првосвештеникот и сите, кои беа со него, имено садукејската ерес, се наполнија со завист,
18
ги фатија апостолите и ги фрлија во општа темница.
19
Но во ноќта, Господов ангел ја отвори вратата на темницата, ги изведе и им рече:
20
”Одете и истапете во Храмот, говорете му ги на народот сите зборови за овој живот!”
21
Штом тие го чуја тоа, влегоа во Храмот пред разденување и поучуваа. А кога дојдоа првосвештеникот и оние, кои беа со него, ги свикаа Синедрионот и сите старешини на Израелевите синови, и испратија да ги доведат.
22
А кога служителите дојдоа, не ги најдоа во темницата. се вратија и известија:
23
”Ја најдовме темницата заклучена и добро обезбедена, и стражарите како стојат пред вратата; но кога ја отворивме - внатре не најдовме никого.”
24
Кога ги чуја овие зборови, храмските старешини и свештеничките главатари, беа во недоумение заради нив, што би можело тоа да биде!
25
Но некој дојде и им јави: „Ене ги, мажите, кои ги затворивте во темница, стојат во Храмот и го поучуваат народот.”
26
Тогаш управителот на Храмот, со служителите, отиде и ги доведе, но не на сила, зашто се боеја од народот да не ги каменува.
27
И кога ги доведоа, ги поставија пред Синедрионот, и првосвештеникот ги праша:
28
”Зар не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А еве, вие го наполнивте Ерусалим со својата наука и сакате да ја фрлите крвта на Тој Човек на нас.”
29
А Петар и апостолите во одговор рекоа: „Треба да Го слушаме Бога повеќе, отколку луѓето.
30
Бог на нашите татковци Го воскресна Исуса, Кого вие Го обесивте на дрво и Го убивте.
31
Бог, со Својата десница, Го возвиси Него за Началник и Спасител, за да му даде покајание на Израел и проштавање на гревовите.
32
Ние сме сведоци за тоа и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние, кои Му се покоруваат.”
33
Кога го чуја тоа, се налутија многу и имаа намера да ги убијат,
34
но тогаш, во Синедрионот, стана еден фарисеј по име Гамалиел, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда да ги изведат луѓето надвор;
35
и им рече: „Мажи, Израелци! Помислете добро што ќе им направите на тие луѓе!
36
Зашто, пред овие денови се крена Тевда, кој зборуваше за себе дека е нешто големо, и кон него се присоединија околу четири стотини луѓе; тој беше убиен, а сите кои го слушаа се распрснаа и беа уништени.
37
По него, во време на пописот на населението, се крена Јуда Галилеецот и повлече многу народ по себе. И тој загина, а сите кои го слушаа се распрснаа.
38
А сега, ви велам: оставете ги овие луѓе и пуштете ги! Зашто, ако овие замисли или ова дело се од луѓе - ќе пропадне;
39
но, ако е од Бога, не ќе можете да го уништите; пазете, да не станете борци против Бога!”
40
Тогаш го послушаа, и ги повикаа апостолите и ги изнатепаа и им забранија да зборуваат за Исусовото име, и ги пуштија.
41
Тие пак си отидоа од Синедрионот со радост, зашто беа удостоени да претрпат понижување за Исусовото име.
42
Така, не прекратија секој ден да поучуваат и да го проповедаат Евангелието, во Храмот и по куќите, дека Исус е Христос.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28