bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
1 Chronicles 19
1 Chronicles 19
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 20 →
1
Потоа умре Нас, цар амонитски, и место него стана цар синот негов.
2
Тогаш Давид рече: »Ќе покажам милост кон Анона, Насовиот син, заради доброто, што ми го направи таткото негов.« И Давид испрати пратеници да го утешат за татка му. Давидовите слуги дојдоа во земјата Амонитска при Анона, за да го утешат.
3
Но амонитските кнезови му рекоа на Анона; »Зар мислиш, дека поради почит кон татка ти Давид испрати при тебе утешители? Зар слугите негови не дошле при тебе за да разузнаат и да ја разгледаат земјата, та да ја завладеат?«
4
Тогаш Анон ги фати слугите Давидови и ги избричи и им ја потсече облеката до половина, до крстот, и ги испрати.
5
И тие си отидоа. Кога му соопштија на Давида за тие луѓе, тој испрати да ги пречекаат, бидејќи беа необично многу обезличени, за да им кажат од царот: »Останете во Јерихон, додека да ви пораснат брадите, тогаш вратете се!«
6
Кога Амонитите видоа, дека му станале омразни на Давида, тогаш Анон и Амонитите испратија илјада таланти сребро, за да најмат коли и коњаници од Сирија Месопотамиска, од Сирија Махова и од Сува.
7
И најмија триесет и две илјади коли и царот Маха со народот негов, кои дојдоа и се улогорија спроти Медева. Се собраа и Амонитите од градовите свои и излегоа на војна.
8
Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоава со сета војска – јунаци.
9
Амонитите излегоа и се наредија за борба пред градските порти, а царевите, што беа дошле, – одделно во полето.
10
Јоав, откако виде, дека му претстои борба однапред и одзади, ги одбра сите избрани војници во Израилот и ги нареди спроти Сиријците.
11
А другиот дел од народот му го довери на братот свој Авеса, за да се распореди спроти Амонитите.
12
И тогаш рече: »Ако Сиријците почнат да ме надвиваат, ќе ми помогнеш ти; ако, пак, Амонитите почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти помогнам.
13
Биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, и Господ нека направи, како што Му е угодно.«
14
И влезе Јоав и луѓето, што беа со него, во борба со Сиријците, и тие избегаа од него.
15
Амонитите, пак, штом видоа, дека Сиријците бегаат, избегаа и тие од братот негов Авеса, и навлегоа во градот. Тогаш Јоав си отиде во Ерусалим.
16
Сиријците, откако видоа, дека се победени од Израилците испратија пратеници и ги изведоа Сиријците, што беа од онаа страна на реката; ги предводеше Софак, воен првоначалник Адраазаров.
17
Кога му соопштија за тоа на Давида, тој ги собра сите Израилци, го преминаа Јордан и, откако дојде кај нив, се распореди спроти нив. И влезе Давид во борба со Сиријците, и тие се судрија со него.
18
И Сиријците избегаа од Израилците, и Давид им уништи седум илјади коли на Сиријците, и четириесет илјади пешаци, а воениот првоначланик Софака го уби.
19
Кога видоа луѓето Адраазарови, дека Израилците ги поразија, со Давида склучија мир и му се потчинија. И Сирјиците не сакаа повеќе да им помагаат на Амонитите.
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 20 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29