bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
1 Chronicles 29
1 Chronicles 29
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 28
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
1
Тогаш царот Давид му кажа на целото собрание: »Синот мој, Соломон, единствениот, кого Бог го избра, е млад и нежен, а делото е големо, зашто таа зграда не е за човек, туку за Господа Бога.
2
Со сите сили приготвив за домот на мојот Бог злато за златните работи, сребро за сребрените и бакар за бакарните, железо за железните и дрво за дрвените, мраморни камења и камења за украсување, камења убави и шарени, секакви скапи камења и многу мермер;
3
и уште, од љубов кон домот на мојот Бог, што имам сопствено злато и сребро, и него го давам за домот на мојот Бог, посебно од сето она, што сум го приготвил за светиот дом:
4
три илјади таланти злато, офирско злато, и седум илјади таланти чисто сребро за обложување на ѕидовите на зградите,
5
за сите златни предмети, за сите сребрени и за сите изработки од искусни раце. Нема ли уште некој доброволно да жртвува денес за Господа?«
6
Тогаш родолначалниците и кнезовите израилски, илјадниците и стотниците и царските економи почнаа да донесуваат доброволни прилози.
7
И дадоа за уредување на Божјиот дом пет илјади таланти и десет илјади драхми злато, десет илјади таланти сребро, осумнаесет илјади таланти бакар и сто илјади таланти железо.
8
И оние, што имаа скапоцени камења, ги даваа и нив во ризницата на домот Господов, во рацете на Геросонецот Јеила.
9
И народот се радуваше на нивната сесрдност, зашто тие од сѐ срце жртвуваа за Господа, па и Давид многу се радуваше.
10
Тогаш го благослови Давид Господа пред целото собрание и рече: »Благословен си, Господи Боже Израилев, отсекогаш и засекогаш!
11
Твое е, Господи, и величието, и силата, и славата, и победата, и блесокот; и сѐ, што е на небото и на земјата, Твое е; Твое е, Господи, царството, Ти стоиш над сѐ одозгора како Владетел.
12
Од Тебе е и богатството и славата; Ти владееш над сѐ, во Твојата рака е и силата и цврстината, и во Твоја власт е да кренеш и да зацврстиш сѐ.
13
И сега, Боже наш, Те славословиме и го фалиме Твоето величествено име.
14
Зашто, кој сум јас, и кој е мојот народ, та можеме да жртвуваме толку? Но од Тебе е сѐ, и добиеното од Твојата рака Ти го дадовме;
15
зашто ние сме туѓинци пред Тебе и придојдени, како и сите наши татковци; нашите дни се како сенка на земјата, и нема ништо трајно.
16
Господи, Боже наш! Сето ова богатство, што го приготвивме, за да Ти изградиме дом Тебе, на Твоето свето име, е од Твоја рака, и сѐ е Твое.
17
Знам, Боже мој, дека Ти го испитуваш срцето и ја сакаш чистосрдечноста; јас со чисто срце го жртвував сето ова, и сега гледам, дека и Твојот народ, кој е собран тука, со радост жртвува за Тебе.
18
Господи, Боже на Авраама, Исака и Израила нашите татковци, запази го тоа за секогаш, тоа расположение на срдечните мисли во Твојот народ, и управи го неговото срце кон Тебе.
19
А на синот мој Соломона дај му праведно срце, за да ги запазува Твоите заповеди, Твоите откровенија и Твоите наредби, да го извршува сето тоа и да ја изгради зградата на Твојот дом, за која сум сѐ приготвил.«
20
А на целото собрание Давид му рече: »Благословете Го Господа, нашиот Бог!« И целото собрание Го благослови Господа, Бога на татковците свои, па коленичеа и Му се поклонија на Господа и на царот.
21
На другиот ден Му принесоа жртва на Господа, Му принесоа сепаленица на Господа: илјада телиња, илјада овни и илјада јагниња со преливните нивни, и многу жртви од сиот Израил.
22
Па јадеа и пиеја пред Господа во тој ден со голема радост, и по вторпат го прогласија Соломона, синот Давидов, за цар и го помазаа пред Господа за врховен владетел, а Садока за прв свештеник.
23
И седна Соломон на престолот Господов како цар, место татка си Давида и напредуваше, и сиот Израил му се покоруваше.
24
И сите кнезови и војводи, како и сите синови на царот Давида му се покоруваа на царот Соломона.
25
И Господ го возвеличи Соломона пред очите на сиот Израил и му дарува царска слава, каква што немаше пред него ниеден цар израилски.
26
Давид, синот Јесеев, царуваше над сиот Израил.
27
Тој царуваше над Израилот четириесет години: во Хеврон царуваше седум години, и во Ерусалим царуваше триесет и три години.
28
Потоа умре тој во длабока старост, сит од животот, богатството и славата; место него стана цар неговиот син Соломон.
29
Делата на цар Давида, првите и последните, се опишани во записите на јасновидецот Самуил, во записите на пророкот Натан и во записите на јасновидецот Гад,
30
како и целото негово царување, јунаштвото негово и настаните, што се случија со него, со Израилот и со сите земни царства.
← Chapter 28
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29