bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
1 Chronicles 21
1 Chronicles 21
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 22 →
1
Се крена сатаната против Израилот и го поттикна Давида да ги преброи Израилците.
2
И Давид му рече на Јоава и на началниците народни: »Одете, пребројте ги Израилците од Вирсавија до Дан, и соопштете ми за да го знам бројот нивни.«
3
Јоав рече: »Да го намножи Господ народот Свој стопати повеќе, отколку што е! Сите тие, господаре мој, царе, нели се слуги на мојот господар? Зошто го сака тоа мојот господар? Зошто тоа да се запише како грев на Израилот?«
4
Но царскиот збор надвладеа над Јоава. И отиде Јоав, та го обиколи сиот Израил, и дојде во Ерусалим.
5
И му даде Јоав на Давида список на преборениот народ. Сите Израилци беа илјада илјади, и сто илјади мажи мечоносци, и Јудејци четиристотини и седумдесет илјади мечоносци.
6
А левитите и Венијаминовите не ги преброи со нив, зашто царскиот збор му беше одвратен на Јоава.
7
Тоа нешто не беше угодно во очите на Бога, и Он го порази Израилот.
8
И Давид Му рече на Бога: »Многу згрешив, што го направив тоа. Сега прости му ја вината на Твојот слуга, зашто постапив многу неразумно.«
9
И му рече Господ на Гада, јасновидецот Давидов:
10
»Оди и кажи му на Давида: вака вели Господ: Тие казни ти предлагам; избери си една од нив, и Јас ќе ја испратам врз тебе.«
11
Дојде Гад при Давида и му рече: »Така вели Господ избери си:
12
‚или три години глад, или три месеци да бидеш прогонуван од твоите непријатели, и мечот на твоите непријатели да се допира до тебе; или три дена мечот Господов и помор по земјата и Ангел Господов да убива по сите предели на Израилот.‘ И така, види што да Му одговорам на Оној, Кој ме испрати со овие зборови.«
13
Давид му одговори на Гада: »Многу ми е тешко, но подобро да паднам во рацете на Господа, зашто милосрдието Негово е многу големо; само да не паднам во рацете човечки.«
14
И испрати Господ помор на Израилот, и умреа седумдесет илјади души Израилци.
15
Па го испрати Господ Ангелот во Ерусалим, за да го истребува. И кога почна да го истребува, Господ виде и се покаја порати тоа зло, и му рече на Ангелот истребител: »Доста! Сега спушти ја раката своја!« А Ангелот тогаш стоеше над гумното на Јевусеецот Орна.
16
Давид ги крена очите и го виде Ангелот Господов како стои меѓу небото и земјата со гол меч во раката негова, протегнат над Ерусалим; и падна Давид ничкум и старешините, покриени со вреќишта.
17
И Му рече Давид на Господа: »Нели јас наредив да го пребројат народот? Јас згрешив, јас направив зло, а овие овци што направиле? Господи, Боже мој! Нека биде Твојата рака врз мене и врз мојот татков дом, а не врз Твојот народ, за да го погубиш.«
18
И Ангелот Господов му рече на Гада, за да му каже на Давида: »Нека дојде Давид и нека постави жртвеник на Господа врз гумното на Јевусеецот Орна.«
19
Давид отиде, според зборовите на Гада, кој му говореше од името Господово.
20
Орна се сврти, го вида Ангелот, и четворицата синови негови се сокрија со него. Орна тогаш вршеше пченица.
21
Дојде Давид при Орна. Орна, откако погледа и го вида Давида, излезе од гумното и му се поклони на Давида ничкум до земја.
22
Давид му рече на Орна: »Дај ми го местото на гумново, јас ќе изградам на него жртвеник на Господа; дај ми го за онолку колку што чини, за да се прекине истребувањето на народот.«
23
Орна му одговори на Давида: »Земи го: нека мојот цар-господар прави што му е волја; еве, ги давам и воловите за сепаленици, и плуговите дрвени, и пченицата – за принос; сето тоа го давам како дар.«
24
Царот Давид му рече на Орна: »Не, јас сакам да го купам тоа од тебе за онолку колку што чини, зашто нема да Му принесувам на Господа твој имот и нема да принесувам сепаленици од нешто, земено како подарок.«
25
И Давид му даде на Орна за она место шестотини сикли злато.
26
Па изгради Давид таму жртвеник на Господа и Му принесе сепаленици и мирни жртви; и Го призва Господа, и Он го послуша, испраќајќи оган од небото врз жртвеникот за сепаленици.
27
Тогаш Господ му рече на Ангелот: »Врати го мечот свој во ножницата негова!«
28
Во тоа време Давид, откако виде дека Господ го послуша на гумното на Јевусеецот Орна, таму принесе жртва.
29
А Господовата скинија, што беше ја направил Мојсеј во пустињата, и жртвеникот за сепаленици во тоа време се најдоа на Гаваонската висина.
30
И Давид не можеше да оди таму, за да Го побара Бога, зашто беше уплашен од мечот на Ангелот Господов.
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 22 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29