bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
1 Chronicles 28
1 Chronicles 28
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 29 →
1
Давид ги собра во Ерусалим сите израилски водачи, началници на племињата, началници на одделите, што му служеа на царот, илјадниците и стотниците и оние, што беа над сите имоти и стада на царот, синовите свои, дворјаните, војводите и сите храбри мажи.
2
И стана цар Давид на нозе, па рече: »Чујте ме, браќа мои и народе мој! Ми беше на срце да изградам дом за почивка на Ковчегот на заветот Господов, за подножје на нозете на нашиот Бог, и по подготвив потребното за градење.
3
Но Бог ми рече: ‚Не гради дом на името Мое, зашто си човек војник и крв си пролевал.‘
4
Меѓутоа, Господ, Бог Израилев, ме избра мене од целиот ми татков дом, за да бидам вечно цар над Израилот; зашто Он го избра Јуда за кнез, во домот на Јуда – домот на татка ми, а од синовите на таткото мој благоволи да ме постави мене за цар над сиот Израил
5
а од сите мои синови, – зашто Господ ми даде многу синови, – Он го избра синот мој Соломона да седи врз престолот на Господовото царство над Израилот,
6
и ми рече: ‚Синот твој Соломон ќе го изгради Мојот дом и Моите дворови, зашто сум Си го избрал за син, и ќе му бидам татко;
7
и ќе го зацврстам царството негово засекогаш, ако тој постојано ги исполнува Моите заповеди и Моите наредби, како до денес.‘
8
И сега пред очите на сиот Израил, собрание Господово, и во ушите на нашиот Бог велам: пазете ги и држете ги сите заповеди на Господа, вашиот Бог, за да владеете со оваа убава земја и да ја оставите по себеси во наследство на децата свои засекогаш.
9
И ти, сине Соломоне, да го познаваш Бога, твојот Татко, и да Му служиш од сѐ срце и со сета душа своја, зашто Господ ги испитува сите срца и ги знае сите движења на мислите. Ако Го бараш, ќе Го најдеш; ако Го оставиш, Он ќе те остави засекогаш.
10
Внимавај! Штом Господ те избрал да Му изградиш дом за светилиште, биде храбар и работи.«
11
Тогаш Давид му даде на синот свој Соломона нацрт за храмот и за зградите негови, за ќелиите негови, за горните соби негови и внатрешните соби негови и за домот на ковчегот,
12
и нацрт за сѐ, што му беше на душата, за дворовите на домот Господов, за сите одделенија наоколу, за ризниците на Божјиот дом и за ризниците на посветените предмети,
13
за свештеничките и левитските одделинија, за секаква работа при службата во домот Господов, за сите садови употребувани за служба во домот Господов,
14
за златните предмети, со ознака на тежината, за секој сад, за сите сребрени предмети, со ознака на тежината на секој сад – потребен за служба.
15
И даде злато за светилниците и за златните им кандилца, означувајќи ја тежината на секој светилник и неговото кандилце, исто така и за сребрените светилници, означувајќи ја тежината на секој светилник и неговите кандилца, според намената во служењето на секој светилник;
16
даде злато за трпезите на лебовите за предложението, за секоја златна трпеза, и сребро за сребрените трпези,
17
за виљушки, чаши и росилници од чисто злато, за златните чинии, со означување на тежината на секоја чинија, за сребрени чинии, ознака на тежината на секоја чинија;
18
за кадилниот жртвеник од леано злато, со ознака на тежината, и за правење кола со златни херувими, со раширени крилја и надвиснати над ковчегот на заветот Господов.
19
»Сето тоа е пишано од Господа«, велеше Давид, »како што ме вразуми по сите работи на планот.«
20
И му кажа Давид на синот свој Соломона: »Биди храбар и мажествен и зафати се за работа; не плаши се и не бој се, зашто Господ Бог, мојот Бог, е со тебе: Он нема да отстапи од тебе и нема да те остави, додека не ја свршиш целата потребна работа за домот Господов.
21
Еве ги одделите на свештениците и левитите за секоја служба при Божјиот дом. За секоја работа имаш ревносни мажи, искусни за секоја работа, и кнезовите и сиот народ се спремни за сите твои заповеди.«
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 29 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29