bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
1 Kings 3
1 Kings 3
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 4 →
1
Кога се зацврсти царствово во рацете на Соломона, Соломон се сроди со Фараонот, египетскиот цар, и ја зеде фараоновата ќерка и ја воведе во Давидовиот град, додека да го изгради домот свој, домот Господов и ѕидовите околу Ерусалим.
2
Народот уште принесуваше жртви по обречените места, бидејќи до она време не беше изграден дом на името Господово.
3
Соломот го возљуби Господа, одејќи по наредбите на татка си Давида, но и тој принесуваше жртви и кадеше по оброчиштата.
4
Затоа царот отиде во Гаваон, за да принесе таму жртва, бидејќи таму беше главниот жртвеник. Илјада сепаленици принесе Соломон врз тој жртвеник.
5
Во Гаваон Господ му се јави на Соломона ноќе во сон и му рече: »Барај што сакаш да ти дадам.«
6
Соломон одговори и рече: »Ти му направи голема милост на Твојот слуга, татка ми Давида; и поради тоа што тој одеше пред Тебе, по вистината и правдата и со искрено срце пред Тебе, Ти му ја зачува таа голема милост и му подари син, кој ќе седи на престолот негов, како што е тоа денес;
7
и денес, Господи, Боже мој, Ти го постави за цар Твојот слуга место татка ми Давид, но јас сум сосема млад, не знам ни да излегувам, ни да влегувам.
8
А Твојот слуга е среде Твојот народ, што си го избрал, народ толку многуброен, па поради мноштвото негово не може ни да се преброи, ни да се догледа.
9
Подари му, пак, на Твојот слуга разумно срце, за да му служи на Твојот народ и да разликува: што е добро и што е зло; зашто, кој може да управува со тој многуброен Твој народ?«
10
Угодно Му беше на Господа, што Соломон го побара тоа.
11
Господ му рече: »Затоа што го побара тоа, и не побара за себеси долг живот, не побара богатство, не ги побара душите на твоите непријатели, туку си побара разум, за да умееш да судиш, –
12
Јас ќе направам според зборот твој: еве, ти давам мудро и разумно срце, така што подобен на тебе немало пред тебе, и по тебе нема да се издигне сличен на тебе;
13
и она што не го побара, Јас ти го давам, – и богатство, и слава, така што нема да има подобен на тебе меѓу царевите во сите твои денови;
14
и ако одиш по Мојот пат, пазејќи ги Моите наредби и Моите заповеди, како што одеше татко ти Давид, ќе ги продолжам и твоите дни.«
15
Соломон се разбуди, и, ете, тоа беше сон. И отиде во Ерусалим, та застана пред жртвеникот при ковчегот на заветот Господов, принесе сепаленици и жртви благодарствени и богато ги нагости сите слуги свои.
16
Тогаш дојдоа при царот две жени блудници и се исправија пред него.
17
И едната жена рече: »О, господаре мој! Јас и оваа жена живееме во една куќа, и родив при неа во таа куќа;
18
а на третиот ден, откако родив, роди и таа жена; ние бевме заедно, и во куќата при нас немаше никој надворешен човек; само ние двете бевме во куќата.
19
Преку ноќ умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него;
20
а таа преку ноќ станала, го зела мојот син од мене, кога јас, твојата слугинка, сум спиела, и го ставила до градите свои, а својот мртов син го ставила до моите гради.
21
Утредента станав да го надојам синот свој, и ете, тој беше мртов; а кога на виделина се загледав во него, тоа не беше мојот син, што го бев родила.«
22
Другата жена рече: »Не, мојот син е живиот, а твојот син е умрениот.« А таа ѝ велеше: »Не, твојот син е умрениот, а мојот е живиот.« И се препираа така пред царот.
23
Царот тогаш рече: »Оваа говори: мојот син е живиот, а твојот е умрениот; а онаа говори: Не, твојот син е умрениот, а мојот син е живиот.«
24
Потоа царот рече: »Дајте ми меч!« И му донесоа меч.
25
И тогаш царот рече: »Пресечете го живото дете на две половини и дајте ја едната половина на едната, а другата половина на другата.«
26
И му одговори на царот онаа жена, чиј беше живиот син, зашто целата нејзина утроба се беше растреперила од жал спрема нејзиниот син: »О, господаре мој! Дајте ѝ го тоа дете живо и не го убивајте«. А онаа другата рече: »Нека биде ни мое, ни твое, сечете го!«
27
И царот проговори и рече: »Дајте ѝ го живото дете на првата, и не го убивајте: таа е неговата мајка.«
28
И сиот Израил чу за судот, како пресуди царот. И почнаа да се плашат од царот, зашто видоа дека има мудрост Божја во него, за да извршува суд.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22