bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
1 Kings 9
1 Kings 9
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 10 →
1
Откако Соломон заврши градбата на Господовиот храм, на царскиот дом и сѐ, што беше посакал да направи,
2
Господ повторно му се јави на Соломона, како што му се беше јавил во Гаваон.
3
И Господ му рече: »Јас ја чув твојата молитва и твојата молба, за која Ме молеше и направив сѐ според твојата молитва, го осветив тој храм, што го изгради ти, за да биде засекогаш името Мое таму довека, и очите Мои, и срцето Мое ќе бидат таму во сите дни.
4
А ти, ако одиш пред Моето лице, како што одеше татко ти Давид, со чисто срце и со правина, исполнувајќи сѐ, што сум ти заповедал, и ако ги пазиш Моите уредби и Моите закони,
5
Јас ќе го поставам твојот царски трон над Израилот засекогаш, како што му реков на татка ти Давида, велејќи: ‚Нема да престане да излегува од тебе маж, кој седи на престолот Израилев.‘
6
Ако вие и синовите ваши отстапите од Мене и не ги пазите Моите заповеди и Моите уредби, што сум ви ги дал, и ако тргнете и почнете да служите на други богови и да им се поклонувате,
7
Јас ќе го истребам Израилот од лицето на замјата, што сум му ја дал, и храмот, што сум го посветил на Мое име, ќе го отфрлам од лицето Свое, и Израилот ќе стане за приказ и за подбивање кај сите народи.
8
И за тој висок храм, секој, што ќе мине покрај него, ќе се вжаси, ќе потсвирне и ќе рече: ‚зошто ли постапил Господ така со оваа земја и со овој храм?‘
9
И ќе речат: ‚затоа, што тие го оставија Господа, својот Бог, Кој ги изведе татковците нивни од Египетската земја, и се приврзаа кон други богови, им се поклонуваа и им служеа, – затоа Господ им го испрати ова зло!‘«
10
Откако изминаа дваесет години, во текот на кои Соломон изгради два дома, – домот Господов и царскиот дом, –
11
за кои тирскиот цар Хриам му набавуваше на Соломона кедрово дрво и кипарисово дрво и злато според желбата негова, – цар Соломон му даде на Хирама дваесет градови во Галилејската земја.
12
И Хирам излезе од Тир да ги прегледа градовите, што му ги даде Соломон, и тие не му се допаднаа.
13
Затоа тој рече: »Какви се тие градови, што ти, брате мој, ми ги даде?« И ги нарече замја Кавул, како што се нарекуваат и денес.
14
А Хирам му беше испратил на царот сто и дваесет таланти злато.
15
Оттука и распределбата за данокот, што го наложи Соломон, за да го изгради храмот Господов и својот дом, Мелон и ѕидовите ерусалимски, Асор и Мегидон и Газер.
16
Фараонот, египетскиот цар, беше дошол и го презел Газер, и со оган го беше изгорел, а Хананејците, што живееја во градот, ги беше испотепал, и го беше дал како мираз на ќерка си, Соломоновата жена.
17
И тогаш Соломон го изгради Газер и Долни Веторон,
18
Валат, Тамор во пустињата,
19
и сите градови житници, што ги имаше Соломон, и градовите за колите, градовите за коњицата и сѐ она, што Соломон сакаше да изгради во Ерусалим, на Ливан и по целата земја на своето владение.
20
Сите луѓе, останати од Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Хананејците, Евејците, Јевусејците и Герпесејците, кои не беа од Израилевите синови,
21
децата нивни, останати по нив во земјата, кои Израилевите синови не можеа да ги истребат, – Соломон ги направи поданички работници, какви што се и денес.
22
А синовите Израилеви Соломон ги правеше работници; тие беа негови војници, служители, великодостојници, полководци и заповедници на неговите коли и на неговите коњаници.
23
Главните, пак, распоредници над Соломоновите работи, односно управниците на народот, што ја извршуваа работата, беа петстотини и педесет.
24
Фараоновата ќерка премина од Давидовиот град во својот дом, што го изгради Соломон за неа. Потоа тој го изгради Мелон.
25
Соломон принесуваше трипати годишно сепаленици и мирни жртви на жртвеникот, што Му го беше изградил на Господа, и кадеше врз него пред Господа. Така заврши градбата на домот.
26
Цар Соломон направи исто така и кораби во Гасион-Гавер, кој е при Елат, на брегот на Црвеното Море, во Идумејската земја.
27
И Хирам испрати на тие кораби свои поданици – корабари, што го знаат морето, заедно со Соломоновите поданици;
28
тие отидоа во Офир и зедоа оттаму злато четиристотини и дваесет таланти и му го донесоа на цар Соломона.
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22