bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
1 Kings 7
1 Kings 7
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 8 →
1
Потоа Соломон изгради свој дом, а го градеше тринаесет години, и наполно го заврши.
2
Тој го изгради домот свој од ливанско дрво: долг сто лакти, широк педесет лакти, а висок триесет лакти, на четири реда кедрови столбови; и кедрови греди беа положени врз столбовите.
3
Подот беше послан со кедар врз греди на четириесет и пет столба, по петнаесет во ред.
4
Прозорски столбови имаше три реда; имаше и три реда прозорци, прозорец спроти прозорец.
5
Сите врати и соби беа четириаголни, прозорец спроти прозорец во три реда.
6
Тој направи и трем од столбови, педесет лакти долг, триесет лакти широк, и пред нив – трем, столбови, и праг пред нив.
7
Уште направи и трем со престол, од кој тој судеше, трем за судилиште, и сите подови ги покри со кедар.
8
Во домот, каде што живееше, имаше друг двор зад тремот, исто така изграден. И во домот на фараоновата ќерка, која Соломон ја беше зел, направи исто така трем.
9
Сето тоа беше направено од скапи камења – делкани според размер, изрежани со трион однатре и однадвор, – од основата до покривот, и однадвор до големиот двор.
10
Во основата беа положени скапи камења, камења големи, камења од десет лакти;
11
и одозгора скапи камења, делкани според размер, и кедар.
12
Големиот двор беше ограден наоколу со три реда делкани камења и со еден ред кедрови греди; исто така и внатрешниот двор на храмот Господов и храмовиот трем.
13
Цар Соломон испрати да го доведат од Тир Хирама,
14
син на една вдовица од Нефталимовото племе. Татко му тирјанин, беше бронзоливец; тој беше способен и искусен, а умееше да прави секакви предмети од бронза. И тој дојде при цар Соломона и му правеше секакви работи:
15
тој изли два бронзени столба, секој висок по осумнаесет лакти, и врвот од дванаесет лакти го опфаќаше пречникот на едниот и на другиот столб;
16
тој направи и две главички, излеани од бронза, за да ги стави врз столбовите; пет лакти висока едната главичка и пет лакти висока втората главичка;
17
направи мрежи плетени и врвови како вериги за главичките, што беа врз столбовите: седум за едната главичка и седум за другата главичка.
18
Така ги направи тој столбовите и два реда нарови околу мрежата, за да ги покрие главичките, што се при столбовите, истото го направи и за другата главичка.
19
А во тремот главичките при столбовите беа направени слично на крин, четири лакти;
20
и главичките врз двата столба одозгора беа такму над издадената работа, што беше до мрежата; и врз другата главичка во редови наоколу двесте нарови.
21
И ги постави столбовите на храмовиот трем; постави столб оддесно и му даде има Јахин; постави столб и одлево и го нарече Воас.
22
А над столбовите положи главички, направени слично на крин. Така заврши работата над столбовите.
23
Направи и излеано од бронза море – од едниот негов крај до другиот имаше десет лакти, – и сосема кружно, пет лакти високо; и венец од триесет лакти го опфаќаше наоколу.
24
Под краиштата негови имаше од сите страни издадени работи како јаболка по десет на лакот; тие го опкружуваа морето од сите страни во два реда; издадените работи како јаболка беа излеани заедно со него.
25
Тоа стоеше на дванаесет вола: три гледаа кон север, три гледаа кон запад, три гледаа кон југ и три гледаа кон исток; морето стоеше врз нив, а задната страна му беше свртена навнатре под него.
26
Тоа беше дебело една дланка, а краиштата негови, направени како краишта на чаша, прилегаа на процутен крин. Тоа собираше две илјади мери.
27
Тој направи и десет борнзени подножја; секое подножје беше долго четири лакти, широко – четири лакти, високо – три лакти.
28
Еве ја направата на подножјата: тие имаа страни, страни меѓу аголните продолжетоци.
29
Врз страните, што беа меѓу аголните продолжетоци, имаше обликувани лавови, волови и херувими; исто така и врз аголни продолжетоци; а над лавовите и воловите и под нив имаше висечки венци;
30
секое подножје имаше по четири бронзени тркала и бронзени оски. На четирите агли имаше испупчувања како раменици, излеани испупчувања, оддолу под мијалникот, до секој венец.
31
Отворот од внатрешниот венец до горе имаше еден лакот; отворот му беше кружен како подножјето на столбовите; лакот и половина, и при отворот негов – резби; но страните беа четириаголни – не кружни.
32
Под страните имаше четири тркала и оски на тркалата во подножјата; секое тркало беше високо лакот и половина.
33
Направата на тркалата беше исто таква, како тркалата на колите; оските нивни, оплатите нивни, спиците нивни и главичките нивни – сѐ беше излеано.
34
Имаше четири испакнатини на четирите агли на секое подножје; од подножјата излегуваа испакнатините негови.
35
И врз подножјата имаше испакнатини, половина лакот високи, а над подножјата дршките нивни и ѕидовите им беа од иста материја.
36
Тој изваја и врз штичките на дршката нејзина и на ѕидовите нејзини херувими, лавови и палми, колку што дозволуваше местото, и наоколу – висечки венци.
37
Така направи тој десет подножја; сите еднакво излеани, еднаква мерка, еднаков изглед.
38
Направи и десет бронзени мијалници; секој мијалник собираше по четириесет мери; секој мијалник имаше четири лакти; секој мијалник стоеше на едно од десетте подножја.
39
Тој ги распореди подножјата – пет десно од храмот и пет лево од храмот, а морето го постави десно од храмот, на источната страна кон југ.
40
Хирам ги направи мијалниците, лопатките и машите. И ја сврши Хирам целата работа, што ја вршеше при цар Соломона за храмот Господов, односно:
41
два столба и два појаса на главичките, што се врз столбовите, и две мрежи за покривање на двата појаса на главичките, што се врз столбовите,
42
и четиристотини нарови на двете мрежи; два реда нарови на секоја мрежа за покривање на двата појаса над главичките, што се врз столбовите,
43
и десет подножја и десет мијалници на подножјата;
44
едно море и дванаесет вола под морето;
45
и котли, и лопатки, и чаши. Сите работи, што Хирам му ги направи на царот Соломона за храмот Господов, беа од измазнет бакар.
46
Царот ги излеа во глинена земја, во околината на Јордан, меѓу Сохот и Сартан.
47
Соломон ги постави сите тие работи на местата нивни. Поради нивното извонредно множество тежината на бронзата не беше определена.
48
Соломон ги направи и сите предмети, што се во храмот Господов: златен жртвеник и златна трпеза, на која се ставаат лебовите на предложението:
49
светилници – пет оддесно и пет одлево, пред задното одделение на храмот, од чисто злато, цвеќиња, кандилца и штипки од злато;
50
и чинии, и ножеви, и чаши, и подносници и кадилници од чисто злато; резиња за вратите на внатрешноста од храм во Свјатаја Свјатих и за вратите во храмот, исто така од злато.
51
Така беше свршена сета работа, што ја изврши цар Соломон за храмот Господов. И го принесе Соломон посветеното од татко му Давида: среброто, златото и предметите ги предаде во ризницата на храмот Господов.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22