bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
1 Kings 6
1 Kings 6
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 7 →
1
Во четиристотини и осумдесеттата година по излгувањето на Израилевите синови од Египетската земја, во четвртата година на Соломоновото царување над Израилот, во месец Зиф, кој е втор месец, Соломон почна да Му гради храм на Господа.
2
А храмот, што цар Соломон Му го изгради на Господа, беше долг шеесет лакти, широк – дваесет и висок – триесет лакти;
3
тремот пред храмот беше долг дваесет лакти, според ширината на храмот, и широк – десет лакти пред храмот
4
Во храмот тој направи прозорци, затворени со решетки.
5
И направи доградба околу ѕидовите на храмот, околу храмот и Свјатаја Свјатих; а направи и странични соби наоколу.
6
Долниот кат на зградата беше широк пет лакти, средниот широк – шест лакти, а третиот – широк седум лакти; зашто околу храмот надвор беа направени растојанија за доградба да не допираат до ѕидовите на храмот.
7
Кога се градеше храмот, за градење се употребуваа делкани камења, така што за време на градењето на храмот не се слушаше, ни чекан, ни тесла, ниту некакво друго железно орудие.
8
Вратата на средниот кат беше десно од храмот. По тркалезни скали се искачуваа на вториот кат а од вториот – на третиот.
9
Така го изгради тој храмот, го изгради и го обложи со кедрови штици.
10
и догради до целиот храм странични соби, високи пет лакти; тие беа прикрепени кон храмот со кедрови греди.
11
И би слово Господово кон Соломона, и му беше речено:
12
»Ете, ти градиш храм: ако одиш по Моите закони, ако постапуваш по Моите наредби и ако ги пазиш сите Мои заповеди, управувајќи се според нив, Јас ќе го исполнам врз тебе словото Свое, што му го бев кажал на татка ти Давида;
13
И ќе живеам среде Израилевите синови и нема да го оставам Мојот народ Израилот.«
14
И така, Соломон го изгради храмот и го заврши.
15
Ги обложи ѕидовите на храмот однатре со кедрови штици; од подот до потонот ти обложи однатре со дрво, а подот на храмот го покри со кипарисови штици.
16
а во задната страна на храмот на дваесет лакти од крајот, издигна ѕид и ги обложи ѕидовите и подот со кедрови штици, и направи простор за Свјатаја-Свајтих.
17
А храмот, само предниот дел на храмот, имаше четириесет лакти.
18
По кедарот однатре имаше резби, слични на краставички и распукнати цветови; сѐ беше покриено со кедар, камен не се гледаше.
19
А внатре во храмот тој подготви оддел за да го постави таму ковчегот нз заветот Господов.
20
Одделот беше долг дваесет лакти, широк дваесет лакти, и висок дваесет лакти; тој го опкова со чисто злато; исто така го опкова и кедровиот жртвеник.
21
Одвнатре, Соломон го опкова храмот со чисто злато, и протегна златни вериги пред Свајтаја Свјатих, и ја опкова со злато.
22
Целиот храм тој го обложи со злато, целиот храм докрај, и целиот жртвеник, што е пред Свјатаја-Свјатих, го опкова со злато.
23
А во Свјатаја-Свјатих направи два херувима од маслиново дрво, високи по десет лакти
24
Едното крило на херувимот беше долго пет лакти и другото крило на херувимот – пет лакти; десет лакти имаше од едниот крај на крилјата негови до другиот крај на крилјата негови.
25
Десет лакти имаше и другиот херувим; еднаква мерка и еднаков облик имаа двата херувима.
26
Височината на едиот херувим беше десет лакти, исто така и на другиот херувим.
27
Тој ги постави херувимите среде внатрешниот дел на храмот. А крилјата на херувимите беа раширени, и крилото на едниот се допираше до едниот ѕид, а крилото на другиот херувим допираше до другиот ѕид; другите нивни крилја пак се среќаваа крило со крило среде храмот.
28
Тој ги обложи херувимите со злато.
29
И по сите ѕидови на храмот наоколу издлаби ликови на херувими, палми и расцутени цветови, однатре и однадвор.
30
И подот на храмот го опкова со злато во внатрешниот и предниот дел.
31
За влез во Свјатаја Свјатих тој направи врата од маслиново дрво со петоаглони спојки.
32
На двете половини на вратата од маслиновото дрво тој издлаби херувими, палми и расцутени цвеќиња и ги обложи со злато; го покри со злато и херувимите и палмите.
33
И при влезот на храмот тој направи четириаголни столбови од маслиново дрво
34
и две врати од кипарисово дрво; двете половинки на едната врата беа подвижни, и двете половинки на другата врата исто така беа подвижни.
35
Издлаби по нив херувими, палми и расцутени цвеќиња и ја обложи резбата со злато.
36
И внатрешниот трем го направи од три реда делкани камења и од еден ред кедрови греди.
37
На четвртата година, во месецот Зиф, вториот месец, тој ги беше положил основите на храмот Господов,
38
а на единаесеттата година, во месецот Вул, тоа е осмиот месец, – тој го заврши храмот со сите негови принадлежности и според сите негови преднацрти. Соломон го градеше храмот седум години.
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22