bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
1 Samuel 1
1 Samuel 1
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 2 →
1
Имаше еден човек од Арматем-Сиф, од Ефремовата гора, името му беше Елкана, син Јеремилов, син Илиин, син на Такел, во Насив од Армател, од гората на Ефремовците;
2
тој имаше две жени: едната се викаше Ана, а другата Фенана; Фенана имаше деца, Ана, пак, немаше деца.
3
И во определени денови тој човек одеше од градот свој за да Му се поклони и да Му принесе жртва на Господ Саваот во Силом; таму беше Илиј и двајцата синови негови Офни и Финес, свештеници на Господа.
4
А во денот, кога Елкана принесуваше жртва, ѝ даваше на жената своја Фенана и на сите нејзини синови и ќерки, по еден дар,
5
а на Ана, пак, ѝ даваше посебен дар, зашто таа немаше деца, а и ја сакаше Ана повеќе од Фенана, иако Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина.
6
Соперничката нејзина многу ја огорчуваше, па ја тераше да негодува, поради тоа што Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина.
7
Така стануваше секоја година, кога Елкана одеше во домот Господов: онаа ја огорчуваше, а оваа плачеше и не јадеше.
8
И ѝ рече Елкана, мажот нејзин: »Ано!« Таа му одговори: »Еве, ме господару.« И ѝ рече: »Зошто плачеш и зошто не јадеш, и поради што е нажалено срцето твое? Не чинам ли јас за тебе повеќе од десет синови?«
9
Откако јадеа и пиеја во Силом, Ана стана и застана пред Господа. А свештеникот Илиј седеше тогаш на стол при влезот во храмот Господов.
10
Таа тажеше во душата своја и Му се молеше на Господа и горко плачеше,
11
па се заветува, велејќи: »Господи, семоќни Боже Саваоте! Ако погледнаш милостиво кон смиреноста на слугинката Твоја и се сетиш за мене, и не ја заборавиш слугинката Своја и ѝ дадеш на слугинката Своја дете од машки пол, јас ќе Му го дадам на Господа за сите денови на животот негов; и вино и сикер нема да пие и брич нема да се допре до главата негова.«
12
Додека таа се молеше долго пред Господа, Илиј ја гледаше во устата;
13
и бидејќи Ана говореше во срцето свое, а устата нејзина само се мрдаше, и гласот нејзин не се слушаше, Илиј помисли дека е пијана.
14
И ѝ рече Илиј: »До кога ќе бидеш пијана? Истрезни се од виното свое и истави се од лицето Господово.«
15
Ана одговори и рече: »Не, господару мој; јас сум жена, која душено страда; вино и сикер не сум пила, а ја изливам душата своја пред Господа;
16
не ја сметај слугинката своја за лоша жена, зашто поради големата жалост и поради тагата своја јас говорев досега.«
17
Илиј одговори и рече: »Оди си со мир, и Бог Израилев нека ја исполни молбата твоја, за која Го молеше.«
18
А таа одговори: »Можеби слугинката твоја ќе најде милост во твоите очи.« И таа тргна по патот свој, и јадеше, и лицето нејзино веќе не беше тажно, како пред тоа.
19
И утредента тие станаа, се поклонија пред Господа и се вратија, па отидоа во домот свој во Арматем. И Елкана ја позна Ана, жената своја, и Господ си спомна за неа.
20
По извесно време Ана зачна, роди син и му даде има Самуил, бидејќи велеше таа од Господа Бога Саваота го измолив.
21
И отиде мажот нејзин Елкана и целата челад негова во Силом, за да Му ја принесе годишната жртва на Господа и заветите свои и сите десетоци од земјата своја.
22
Но Ана не отиде со него, велејќи му на мажот свој: »Кога младенчето ќе биде одбиено од градите и ќе порасне, тогаш ќе го одведам, и тој ќе се јави пред Господа и ќе остане таму засекогаш.«
23
И ѝ рече Елкана, мажот нејзин: »Прави, она што ти е угодно; остани додека го одбиеш; само Господ да го утврди зборот што излегол од твојата уста.« И остана жена му и го хранеше синот, додека го исхрани.
24
А кога го одби, отиде со него во Силом, земајќи со себе три телиња и лебови и една ефа брашно и мев со вино, па дојде во домот Господов во Силом, и момчето со нив; а момчето беше уште дете.
25
И го доведоа детето пред лицето на Господа; и татко му принесе жртва, каква што Му принесуваше на Господа во определините дни. И го приведоа момчето и заклаа теле; и мајка му Ана го доведе момчето при Илија,
26
и рече: »О, господару мој, да живее душата твоја, господару мој! Јас сум онаа жена, која стоеше тука при тебе и Му се молеше на Господа;
27
за ова дете се молев, и Господ ја исполни молбата моја, за која Му се молев;
28
и јас го предавам сега на Господа за сите денови на животот негов – нека Му служи на Господа.« И таа Му се поклони таму на Господа.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31