bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
1 Samuel 15
1 Samuel 15
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 16 →
1
Потоа Самуил му рече на Саула: »Господ ме испрати да те помажам за цар над Неговиот народ, над Израилот; а сега чуј го гласот Господов.
2
Така говореше Господ Саваот: ‚Си спомнав на она, што Амалик му го направи на Израилот, како тој му се испречи на патот кога тој доаѓаше од Египет.
3
Оди сега и порази го Амалика и истреби сѐ негово, но не земај за себе ништо од нив, туку уништи го и проколни сѐ што е негово; не штеди го, туку предај на смрт од маж до жена, од момче до доенче, од вол до овца, од камила до осел.‘«
4
Го собра тогаш Саул неродот и го преброи во Галгал; и тие двесте илјади Израилци пешаци и десет илјади од Јудиното племе.
5
И дојде Саул до Амаликовите градови и постави заседа во потокот.
6
Па им рече Саул на Кенејците: »Одете, одделете се, излезете од средината на Амаликовците, за да не ве погубам со нив, бидејќи вие покажавте благонаклоност спрема сите Израилци кога доаѓаа од Египет.« И Кенејците се одделија од Амаликијците.
7
И Саул го порази Амалика од Евил до пределите на Сур, што е пред Египет;
8
и го зароби жив амаликијскиот цар Агага, и сиот народ го истреби со меч и Јерима го уби.
9
Но Саул и народот го поштедија Агага и најдобрите овци, волови и згоените јагниња, и сето добро, кое не сакаа да го истребат, а го истребија сето лошо и безвредно.
10
И дојде словото од Господа, кон Самуила вакво:
11
»Жалам, што го поставив Саула за цар, бидејќи тој се одврати од Мене и не го исполни зборот Мој.« Се натажи Самуил многу, викаше кон Господа цела ноќ.
12
А изутрината рано Самуил стана и отиде да го пресретне Саула. И му јавија на Самуила, дека Саул отишол на Кармил и таму си подигнал споменик, но оттаму ја свртил колата и слегол во Галгал.
13
Кога Самуил дојде при Саула, Саул му рече: »Благословен да си од Господа; јас го исполнив зборот Господов.«
14
Но Самуил рече: »А какво е ова блеење на овци во ушите мои и мукање на волови, што го слушам?«
15
Саул одговори: »Ги дотераа од Амалика, зашто народот ги поштеди најдобрите овци и волови за принесување жртви на Господа, твојот Бог; а другото го истребивме.«
16
Самуил му рече на Саула: »Почекај да ти јавам, што ми кажа Господ ноќеска.« А Саул му рече: »Кажувај.«
17
Тогаш Самуил рече: »Зар не беше ти мал пред Него и зар не те постави глава над Израилевите племиња, и Господ те помаза за цар над Израилот?
18
И Господ те испрати на пат и рече: ‚Оди и истреби ги Амаликијците и војувај против нив, сѐ додека ги истребиш.‘
19
Зошто тогаш ти не го послуша гласот Господов, а се втурна по грабеж и направи зло пред очите на Господа?«
20
Саул му одговори на Самуила: »Јас го послушав гласот Господов и отидов на пат, каде што ме испрати Господ, и го доведов амаликијскиот цар Агаг, а Амаликијците ги истребив;
21
а од пленот: овците и воловите, народот го зеде најдоброто од ограбеното, за да му принесе жртва на Господа, твојот Бог, во Галгал.«
22
Самуил одговори: »Зар сепалениците и приносите повеќе Му се пријатни на Господа, отколку послушноста на гласот Господов? Послушноста е подобра од жртвата, и покорувањето – подобро отколку овнешкото месо;
23
зашто непокорноста и исто таков грев, какво што е вражањето, а упорноста е исто како и идолопоклонството. Поради тоа што го отфрли зборот на Господа, затоа и Он те отфрли, за да не бидеш цар над Израилот.«
24
И Саул му кажа на Самуила: »Згрешив, бидејќи ја престапив заповедта на Господа и твојот збор; но јас се исплашив од народот и го послушав гласот нивни.
25
А сега земи го од мене мојот грев и врати се со мене, за да Му се поклонам на Господа, твојот Бог.«
26
А Самуил му одговори на Саула: »Нема да се вратам со тебе, зашто ти го отфрли зборот Господов, и Господ тебе те отфрли, за да не бидеш цар над Израилот.«
27
Самуил се сврти да си оди. Но Саул се фати за крајот од облеката негова и ја раскина.
28
Тогаш Самуил рече: »Денес Господ го одзеде царството Израилево од тебе и му го даде на твојот ближен, кој е подобар од тебе.
29
Светецот Израилев нема да каже неправда, ниту ќе се покае, бидејќи Он не е човек, та да се покае.«
30
И рече Саул: »Згрешив; но направи ми сега чест пред старешините на мојот народ и пред Израилот, и врати се со мене, и јас ќе Му се поклонам на Господа, твојот Бог.«
31
Самуил се врати по Саула, и Саул Му се поклони на Господа.
32
Потоа Самуил рече: »Доведете ми го амаликијскиот цар Агага.« Агаг, растреперен, се приближи до него, и рече Агаг: »Горчината на смртта, секако, одмина!«
33
Но Самуил рече: »Како што мечот твој ги лишуваше жените од децата, така и мајка ти меѓу жените нака биде лишена од син.« И го исече Самуил Агага пред Господа во Галгал.
34
Самуил отиде во Арматем, а Саул отиде во домот свој во Гава Саулова.
35
И Самуил веќе не се виде со Саула до денот на смртта своја; но Самуил тагуваше по Саула, бидејќи Господа се беше покајал, што го зацари Саула над Израилот.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31