bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
1 Samuel 17
1 Samuel 17
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 18 →
1
Филистејците ги собраа војските свои за војна, се сместија во Сокхот, кој е во Јудеја, и се улогорија меѓу Сокхот и Азик, во Ефес-Дамим.
2
А Саул и Израилците се собраа и се улогорија во дабовата долина и се подготвија за војна против Филистејците.
3
И застанаа Филистејците од едната страна на планината, и Израилците од другата страна на планината, а меѓу нив беше долината.
4
А од Филистејскиот логор излезе маж силен, по име Голијат, од Гет; со раст од шест лакти и педа.
5
На главата имаше бакарен шлем; а беше облечен во лушпест околоп, и оклопот тежеше пет илјади сикли бакар;
6
на нозете имаше бакарни ногавици до над колената и на плеќите свои – бакарен штит;
7
дршката на копјето негово беше како ткаечко кросно, а самото копје – беше од шестотини сикли железо, пред него одеше оруженосец.
8
И застана тој и викна кон Израилските војски, велејќи им: »Зошто сте излегле да војувате? Не ли сум јас Филистеец, а вие робови Саулови? Изберете си еден човек и нека слезе при мене;
9
ако тој може да се бие со мене и ме убие, ние ќе ви бидеме робови; ако, пак, јас го победам и го убијам, вие ќе ни бидете робови и ќе ни служите.«
10
Рече уште Филистеецот: »Денес ќе ја засрамам војската Израилева; дајте ми човек, и ние двајца ќе се биеме.«
11
И Саул и сите Израилци кога ги слушнаа тие зборови од Филистеецот, многу се уплашија и ужасија.
12
Давид беше син на Ефратецот од Витлеем Јудин, по име Јесеј, кој имаше осум синови; во дните на Саула тој човек достигна старост и беше најстар меѓу мажите.
13
Тројцата поголеми Јесеови синови отидоа со Саула во војна; имињата на тројцата синови, што отидоа во војна, беа: најголемиот се викаше Елијав, вториот по него – Аминадав, и третиот – Сама;
14
Давид, пак, беше најмал. Тројцата поголеми отидоа со Саула,
15
а Давид се беше вратил од Саула, за да ги пасе овците на таткото свој во Витлеем.
16
Оној Филистеец излегуваше наутро и се покажуваше четириесет дена.
17
И Есеј му рече на синот свој Давида: »Земи за браќата свои ефа печено жито и овие десет лебови и однеси ги што поскоро во логорот кај браќата твои;
18
а овие десет пити сирење однеси му ги на илјаданачалникот и распрашај се за здравјето на браќата твои и дознај за потребите нивни.«
19
Саул и сите тие Израилци се наоѓаа во дабовата долина и се готвеа за борба со Филистејците.
20
Давид изутрината стана рано, ги остави овците на чувар, и откако го зеде товарот, тргна, како што му беше заповедал Јесеј; и дојде при комората, кога војската беше наредена и со извици се готвеше за борба.
21
Тогаш Израилците и Филистејците се распоредија војска спроти војска.
22
Давид го остави товарот кај чуварот на комората и потрча кон редовите, дојде и ги запраша браќата свои за здравје.
23
И ете, кога тој разговараше со нив, силниот човек, кому му беше името Голијат, Филистеец од Гет, излегуваше од филистејските редови и ги кажуваше истите оние зборови и Давид ги чу.
24
И сите Израилци, откако ќе го видеа тој човек, бегаа од него и многу се плашеа.
25
Израилците велеа: »Го гледате ли оној човек, што излегува? Тој излегува, за да го навредува Израилот; а кога би го убил некој, царот би го наградил со големо богатство, и би му ја дал ќерката своја за жена, а домот на татко му би му го направил слободен во Израилот.«
26
И Давид им рече на оние, што стоеја со него: »Што ќе му направат на оној, што ќе го убие оној Филистеец и го симне срамот од Израилот? Зашто, кој е тој необрезан Филистеец, што ја навредува војската на живиот Бог?«
27
И тие му ги рекоа истите зборови, додавајќи: »Ете, тоа ќе му направат на оној човек, што ќе го убие.«
28
Елијав, најголемиот брат на Давида, чу што говореше тој со луѓето, и му се налути Елијав на Давида, па му рече: »Зошто си дошол тука и на кого им ги остави оние малку овци во пустињата? Го знам јас твоето кревање на големо и твоето лошо срце; ти си дошол да ја гледаш борбата.«
29
А Давид рече: »Па што сум направил? Не ли се тоа само зборови?«
30
Па се сврте од него кон друг и ги говореше истите зборови, а луѓато му одговараа како и порано.
31
Се слушнаа зборовите, што Давид ги говореше, и му ги соопштија на Саула, и тој го повика.
32
И му рече Давид на Саула: »Никој нека не паѓа со духот пред овој; твојот роб ќе отиде и ќе се бори против тој Филистеец.«
33
А Саул му рече на Давида: »Не можеш да одиш против Филистеецот, да се бориш против него, зашто ти си уште момче, а тој е војник уште од младини.«
34
Тогаш Давид му рече на Саула: »Твојот слуга ги пасеше татковите си овци, и кога се случуваше да дојде лав, или мечка, и ќе одвлечеше овца од стадото,
35
јас се спуштав по нив, ги напаѓав и им ја одземав од устата нивна; ако, пак, тие се нафрлеа врз мене, јас ги фаќав за гривата, ги удирав и ги убивав;
36
лав и мечка убивал твојот слуга; а и со овој необрезан Филистеец ќе стане истото, како со нив, бидејќи ја навредува војската на живиот Бог. Не бива ли да одам и да го победам, за да ги снема навредите од Израилот? Зашто, кој е тој необрезан?«
37
Давид рече уште: »Господ, Кој ме спасуваше од лавот и мечката, ќе ме спаси и од рацете на овој Филистеец.« Тогаш му рече Саул на Давида: »Оди, Господ нека биде со тебе!«
38
Саул го облече Давида со облеката своја, му стави на главата бакарен шлем, и му надена железна облека.
39
Давид го опаша мечот негов врз облеката и се обиде да оди, бидејќи никогаш не одел со такво вооружување. И Давид му рече на Саула: »Не можам да одам со ова, не сум навикнат.« И го симна Давид сето тоа од себеси.
40
Па го зеде в рака стапот свој, си одбра пет мазни камчиња од потокот, ги стави во овчарската торбичка, што беше со него; и со торбичката и праќка во раката излезе против Филистеецот.
41
Излезе и Филистеецот, одејќи и приближувајќи се кон Давида, и пред него му одеше оруженосецот.
42
Погледна Филистеецот и, откако го виде Давида, со презир го изгледа, бидејќи беше млад, рус и убав.
43
Филистеецот му рече на Давида: »Зошто си тргнал против мене со стап и со камења? Да не сум куче?« Давид му одговори: »Не, туку подолен од куче.« Филистеецот го проколна Давида со боговите свои.
44
И Филистеецот му рече на Давида: »Приближи се до мене, и ќе им го дадам телото твое на птиците небески и на ѕверовите полски.«
45
Давид му одговори на Филистеецот: »Ти одиш против мене со меч, копје и штит, јас, пак, одам против тебе во името на Господа Саваота, Бог на Израилевата војска, која ти ја навредуваш;
46
сега ќе те предаде Господ во раката моја, и јас ќе те убијам, ќе ја симнам од тебе главата твоја, и ќе им го дадам твојот труп и труповите на филистејската војска на птиците небески и ѕверовите земни, и целата земја ќе дознае, оти има Бог во Израилот;
47
и сите овие луѓе ќе разберат дека не со меч и копје спасува Господ, зашто тоа е војна на Господа, и Он ќе ве предаде во рацете наши.«
48
Кога Филистеецот се исправи и почна да пристапува и да се приближува кон Давида, Давид брзо се стрча кон местото на борбата против Филистеецот,
49
и бркна со раката во торбата, извади оттаму еден камен и фрли до праќката, та го удри Филистеецот в чело, така што каменот се заби во челото негово, и тој падна ничкум на земјата.
50
Така со праќка и камен го победи Давид Филистеецот; го удри Филистеецот и го уби; а Давид немаше меч во рацете.
51
Тогаш Давид се стрча и, откако стапна врз Филистеецот, зеде та го извлече мечот негов од корицата, го удри и ја пресече со него главата негова. Филистејците, кога видоа дека нивниот јунак умре, почнааа да бегаат.
52
И се кренаа мажите израилски и јудејски, викнаа и ги гонеа Филистејците до влезот во долината и до портите на Акарон. И убиваните Филистејци паѓаа по Шааримскиот пат до Гет и до Акарон.
53
Откако ги прогонија Филистејците, Израилевите синови се вратија и го разграбија логорот нивни.
54
Давид ја зеде главата на Филистеецот и ја однесе во Ерусалим, а оружјето го стави во шаторот свој.
55
Кога Саул го беше видел Давида како излегува против Филистеецот, тогаш го запраша Авенир, началникот на војската: »Авенире, чиј син е тоа момче?« Авенир му одговори: »Да ти е жива душата, царе, не знам.«
56
И царот тогаш рече: »Ја прашај, чиј син е тоа момче?«
57
А кога Давид се враќаше, откако го уби Филистеецот, Авенир го зеде и го доведе при Саула, и главата на Филистеецот беше во раката негова.
58
И Саул го запраша: »Чиј син си, момче?« Давид одговори: »Син на твојот слуга Јесеј од Витлеем.«
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 18 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31