bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
1 Samuel 14
1 Samuel 14
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 15 →
1
Еден ден Сауловиот син Јонатан му рече на својот слуга оруженосец: »Дојди да минеме кон филистејската стража, од онаа страна.« А на татка си тој не му кажа за тоа.
2
Саул, пак, се наоѓаше крај Гава, под калинковото дрво, кое е во Магдон; со него беа до шестотини души народ.
3
и Ахија, синот Ахитов, брат на Јохаведа, син на Финеса, син Илиин, свештеник Господов во Силом, кој носеше ефод. А народот не знаеше, дека Јонатан заминал.
4
Меѓу премините, низ кои Јонатан сакаше да се пробие до филистејската стража, имаше остра карпа од едната страна и остра карпа од другата: едната ја нарекуваа Васес, а другата – Сена;
5
едната карпа се издигаше од север кон Махмас, другата – од југ кон Гава.
6
И му рече Јонатан на својот слуга оруженосецот: »Дојди да преминаме кон стражата на необрезаните; можеби, Господ ќе ни помогне, бидејќи за Господа не е тешко да спаси преку мнозина или малкумина.«
7
И оруженосецот одговори: »Врши сѐ што ти е по срцето; ете, јас сум со тебе, оди, каде што сакаш.«
8
Јонатан рече: »Еве, ќе преминеме кон оние луѓе и ќе застанеме да ни видат;
9
ако ни речат: – застанете, додека да дојдеме до вас, – ние ќе застанеме на местата свои и нема да излеземе при нив;
10
ако, пак, кажат: – дојдете при нас, – ние ќе излеземе, зашто Господ ги предал во рацете наши; и тоа ќе биде знак за нас.«
11
Кога и двајцата застанаа, за да ги види филистејската стража, Филистејците рекоа: »Ете, Евреите излегуваат од проломите, во кои се беа испосокриле.«
12
И извика стражата кон Јонатана и оруженосецот негов, велејќи: »Дојдете кај нас, и ние ќе ви кажеме нешто.« Тогаш Јонатан му рече на оруженосецот: »Оди по мене, зашто Господ ги предава во рацете на Израилот.«
13
Тогаш Јонатан почна да се качува со раце и нозе, а оруженосецот негов по него. И Филистејците паѓаа пред Јонатана, а оруженосецот ги доубиваше по него.
14
И во тој прв пораз, нанесен од Јонатана и оруженосецот негов, паднаа до дваесет души, врз половина од нива, обработувана од два вола во еден ден.
15
Па настана ужас во логорот на полето и во сиот народ: стражата и оние што ја опустошија земјата, многу се уплашија, и не сакаа да се бијат; се затресе целата земја, и настана голем ужас од Господа.
16
И Сауловата стража во Гава Венијаминова виде, дека народот се распрснува и трча наваму-натаму.
17
И Саул му рече на народот, што беше со него: »Погледајте и дознајте, кои од нашите се излезени.« И прегледаа, а тоа, го нема Јонатан и оруженосецот негов.
18
И Саул му рече на Ахија: »Донеси го ковчегот Божји,« – зашто во тоа време ковчегот Божји беше со синовите Израилеви.
19
Саул уште му говореше на свештеникот, додека збрката во филистејскиот логор сѐ повеше и повеќе се зглемуваше. Тогаш Саул му рече на свештеникот: »Собери ги рацете свои!«
20
Извика Саул и сиот народ, што беше со него, и дојдоа до местото на битката, и ете, таму мечот на секого беше насочен против ближниот негов; смут имаше многу голем.
21
Тогаш и Евреите, кои вчера и завчера беа со Филистејците и кои заедно одеа со нив во логорот, се присоединија кон Израилците што беа со Саула и Јонатана;
22
и сите Израилци, што се криеја во Ефремовата гора, откако слушнаа, дека Филистејците избегале и тие се присоединија кон своите во битката.
23
Тој ден Господ го спаси Израилот; а битката се прошири дури до Вамот. Сите мажи со Саула беа до десет илјади, и битката се прошири по целиот град на Ефремовата гора.
24
Израилевите мажи беа изморени тој ден; а Саул, не размислувајќи многу, го заколна народот, велејќи: »Проклет да е оној, што ќе вкуси леб до вечерва, додека не им се одмаздам на моите непријатели!« И никој од народот не вкуси храна.
25
И сиот народ отиде во гората, а таму на лединката имаше мед.
26
И народот излезе во гората, велејќи: »Еве, тече мед.« Но никој не ја доближи раката кон устата своја, бидејќи народот се плашеше од клетвата.
27
Јонатан, пак, не чу, кога тако му го заколнуваше народот, и отакако го протегна крајот на стапот, што беше во раката негова, ја буцна медената пита и ја сврти со раката кон устата своја и очите му светнаа.
28
А еден од народот му рече, велејќи: »Татко ти го заколна народот, и рече: – ‚Проклет да е оној, што денес ќе вкуси храна; од тоа народот изнемоште.‘«
29
Но Јонатан рече: »Татко ми ја смути земјата; гледате, како ми светнаа очите, штом вкусив малку од медов;
30
ако, пак, народот денес си каснеше од грабежов, што го најде кај непријателите свои, немаше ли поразот на Филистејците да биде поголем?«
31
И Израилците ги разбија Филистејците оној ден од Махмас до Ајалон, и народот многу беше изморен.
32
Тогаш народот се нафрли на пленот, и земаа овци, волови и телиња, и ги колеа наземи, и народот јадеше заедно со крвта.
33
Му јавија на Саула, велејќи: »Ете, народот греши пред Господа, јаде со крвта.« И рече Саул: »Вие згрешивте: донесете сега при мене еден голем камен.«
34
Потоа Саул рече: »Одете меѓу народот и речете му: секој нека го дотера при мене волот свој и секој – овцата своја, и колете тука и јадете, и не грешете пред Господа, не јадете со крвта.« И сите од народот дотеруваа, секој со своја рака, волот свој и овцата своја през ноќта и колеа таму.
35
Тогаш Саул му изгради жртвеник на Господа: тоа беше жртвеник на Господа подигнат од него.
36
И Саул рече: »Да ги подгониме Филистејците оваа ноќ и да ги ограбиме до разденување и да не оставиме ниту еден од нив.« И рекоа: »Прави сѐ, што сметаш дека е добро.« А свештеникот рече: »Да пристапиме овде кон Бога.«
37
Саул го запраша Бога: »Да ги подгонам ли Филистејците? Ќе ги предадеш ли во рацете на Израилот?« Но Он не му одговори тој ден.
38
Тогаш Саул рече: »Нека се приближат овде сите началници народни, да распрашаат и дознаат, врз кого е денес гревот?
39
Зашто, – жив ми Господа, Кој го спаси Израилот – ако биде и врз синот мој Јонатан, и тој нека умре бездруго.« Но никој од сиот народ не му одговори.
40
Тогаш Саул им рече на сите Израилци: »Застанете вие на едната страна, а јас и син ми Јонатан ќе застанеме на другата страна.« А народот му одговори на Саула: »Прави го она што мислиш дека е добро.«
41
И рече Саул: »Господи, Боже Израилев! Зошто сега не му одговори на Твојот слуга? Во мене ли е вината за тоа, или кај син ми Јонатан? Господи, Боже Израилев, дај знак. Ако е вината кај твојот народ Израил, изобличи го.« Изобличени беа со жреб Јонатан и Саул, а народот излезе прав.
42
Тогаш Саул рече: »Фрлете жреб меѓу мене и меѓу синот мој Јонатан и кого Господ ќе го посочи, тој да умре.« И народот му рече на Саула: »Нека не биде така!« Но Саул настојуваше. И фрлија жреб меѓу него и синот негов Јонатан, и жребот падна врз Јонатана.
43
И Саул му рече на Јонатана: »Кажи ми, што си направил?« И Јонатан му раскажа, велејќи: »Вкусив со стапот, што е во раката моја, малку мед; и ете, јас треба да умрам.«
44
И Саул рече: »Нека ми направи Господ и тоа и тоа, и уште повеќе да направи; ти, Јонатане, денес треба да умреш.«
45
Но народот му рече на Саула: »Јонатан ли да умре, кој изврши такво големо спасение на Израилот? Тоа нема да биде! Нека е жив Господ, ни влакно нема да падне од главата негова на земјата, зашто денес тој дејствуваше со Бога.« И народот го ослободи Јонатана, и тој не умре.
46
Тогаш Саул не отиде да ги гони Филистејците; и Филистејците се вратија во земјата своја.
47
Саул го зацврсти царувањето свое над Израилот, и војуваше против сите свои околни непријатели, со Моав и со Амонците и со Едом, и со Ветор, и со царевите на Сова, и со Филистејците, а против кого и да се свртеше, по ред имаше успех.
48
Тој ја среди војската, го разби Амалик и го ослобори Израил од рацете на оние што го грабеа.
49
Саулови синови беа: Јонатан, Јесуј и Мелхисуј; а двете ќерки негови се викаа: поголемата – Мерова, а помалата – Мелхола.
50
А Сауловата жена се викаше Ахиноам, ќерка на Ахимас; началникот на војската негова се викаше Авенир, син на Нир, стрикото Саулов.
51
Кис, Сауловиот татко, и Нир, Авенировиот татко, син на Јамина, беа синови Авилови.
52
И за сето Саулово време се водеше упорна борба против Филистејците. И кога Саул ќе видеше некој човек силен и јунак, го земаше кај себеси.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31