bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Acts 12
Acts 12
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 13 →
1
Во тоа време цар Ирод кладе рака на некои од Црквата, за да им направи зло,
2
и со меч го уби Јакова, братот Јованов.
3
А кога виде, дека тоа им се свиде на Јудејците, го фати и Петра, а тогаш беа дните на Бесквасници.
4
И, како го задржа, го фрли в затвор и го предаде на четири четворки војници да го пазат, а со мисла веднаш по Пасхата да го изведе пред народот.
5
И така, Петар беше пазен во затворот, а Црквата постојано Му се молеше на Бога за него.
6
А кога Ирод сакаше да го изведе, ноќта спроти тој ден, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во две вериги, а стражарите пред портата пазеа на затворот.
7
И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во затворот. Ангелот го потчукна Петра по ребрата и го разбуди, па му рече: »Стани брзо!« И веригите му паднаа од рацете негови.
8
Тогаш ангелот му рече: »Опаши се и обуј си ги чевлите!« Така и направи. И пак му рече: »Облечи ги алиштата свои и врви по мене!«
9
И излезе и тргна по него, а не знаеше дека тоа, што го прави ангелот, е вистина, туку си мислеше оти привид гледа.
10
Откако ја изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама; тие излегоа и преминаа преку една улица, и во тој час ангелот го снема.
11
Тогаш Петар, откако дојде на себеси, си рече: »Сега разбрав навистина дека Господ го пратил Својот ангел да ме избави од рацете Иродови и од сѐ, што очекуваше јудејскиот народ.«
12
Откако се размисли, тој се упати кон куќата на Марија, мајката на Јована, наречен Марко, каде што беа собрани многумина и се молеа.
13
А кога Петар чукна на портата, пристапи да наслушнува слугинката по име Рода.
14
И, откако го позна гласот на Петра, таа од радост не ја отвори портата, туку се втрчна и јави дека Петар стои пред портата.
15
А тие ѝ рекоа: »Луда ли си ти?« Но таа потврдуваше дека тоа е така. А тие велеа: »Тоа е неговиот ангел.«
16
Петар, пак, постојано чукаше. А кога му отворија, го видоа и се зачудија многу.
17
А тој им мавна со раката да молчат, потоа им раскажа како Господ го извел од затворот, и рече: »Соопштете му за ова на Јакова и на браќата!« И, откако излезе, отиде на друго место.
18
Утредента меѓу војниците стана голем смут за тоа што станало со Петра.
19
А кога Ирод го побара и не го најде, ги распраша стражарите, и заповеда да ги казнат. Потоа тој слезе од Јудеја во Ќесарија, и таму живееше.
20
Ирод беше гневен на Тирците и Сидонците. Но тие се договорија и дојдоа при него еднодушни, и, откако го придобија на своја страна Власта, царевиот собар, побараа мир, оти нивните земји добиваа храна од неговото царство.
21
Во определениот ден Ирод се облече во царска облека и, како седна на престолот, им зборуваше.
22
А народот викаше: »Ова е глас Божји, а не човечки.«
23
Но наеднаш го порази ангел Господов, зашто не Му воздаде слава на Бога. И, изеден од црви, тој умре.
24
А словото Божјо растеше и се распространуваше.
25
Варнава и Савле, откако ја предадоа помошта, се вратија од Ерусалим во Антиохија, а го зедоа со себе и Јована, наречен Марко.
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28