bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Acts 28
Acts 28
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
1
Откако се спасија оние, што беа со Павла, узнаа дека островот се вика Мелит.
2
А домородците ни укажаа необична човекољубивост: нѐ примија сите и, бидејќи врнеше дожд, беше студено, та накладоа оган.
3
А кога Павле насобра многу гранки и ги стави на огнот, една змија излезе од гранките поради горештината и се впи во неговата рака.
4
Домородците, штом го видоа животното како виси на неговата рака, помеѓу себе си рекоа: »Овој човек е навистина убиец; па затоа, иако се избави од морето, судот Божји не го остави да живее.«
5
Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана.
6
А тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, откако чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го изменија мислењето и велеа, дека е тој бог.
7
Околу тоа место се наоѓаа имотите на првенецот на островот, по име Поплиј. Тој нѐ прими и три дни дружељубиво нѐ гоштеваше.
8
А таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе при него, се помоли и, откако ги положи рацете свои врз него, го исцели.
9
Тогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, идеа и се исцелуваа.
10
Тие нѐ почитуваа многу и нѐ удостоија со големи почести, а пред заминување нѐ снабдија со сите потребни работи.
11
По три месеци отпловивме со еден александриски кораб, што беше презимувал на тој остров и носеше знак Диоскури.
12
И стигнавме во Сиракуза, каде што останавме три дена.
13
Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден, бидејќи дувна југот, на идниот ден стасавме во Потиоли;
14
таму најдовме браќа, по чија молба при нив останавме седум дена. И потоа тргнавме за Рим.
15
Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат до Апиевата ширина и до Трите крчми. Кога ги виде Павле, Му заблагодари на Бога и се ободри.
16
Штом стигнавме во Рим, стотникот ги предаде затворениците на војводата, а на Павла му позволија да живее како што сака, но под стража на еден војник.
17
По три дни Павле ги повика првенците јудејски и, кога се собраа, тој им зборуваше: »Мажи, браќа, иако не направив ништо против народот или татковските обичаи, од Ерусалим ме предадоа окован во рацете на Римјаните.
18
И, откако ми судеа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене не најдоа никаква вина за смрт;
19
но, бидејќи Јудејците се противеа, бев принуден да барам суд пред ќесарот; но не за тоа да го обвинувам во нешто својот народ.
20
Па поради тоа и ве повикав да се видиме и да позборуваме; зашто заради надежта на Израилот сум окован во овие вериги.«
21
А тие му одговорија: »Ние ниту писма сме добиле за тебе од Јудеја, ниту, пак, некој од браќата дошол да нѐ извести или нешто лошо да каже за тебе.
22
Но ние сакаме да чуеме од тебе лично што мислиш ти за тоа; зашто познато ни е дека на тоа учење насекаде се противречи.«
23
И откако му определија ден, големо мнозинство дојде во определеното му живеалиште, и тој од утрото до вечерта со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исуса и од Законот Мојсеев и од Пророците.
24
Едни се убедија од зборовите негови, а други не поверува.
25
Бидејќи беа несложни помеѓу себе, тие почнаа да се разотидуваат; и во тоа време Павле им ги кажа овие зборови: »Добро им рекол Духот Свети и на отците наши преку пророкот Исаија, велејќи:
26
‚Оди и кажи му на овој народ: со уши ќе чуете, и нема да разберете, со очи ќе гледате, и нема да видите,
27
зашто срцето на овие луѓе закоравело, та со ушите мачно слушаат, а очите свои ги затвориле, па некако со очите да не видат и со ушите да не чујат, и со срцето да не разберат, и да не се обрнат, за да ги исцелам.‘
28
И така, нека ви биде познато дека спасението од Бога им е испратено на незнабошците, тие и ќе чујат.«
29
Кога го рече тоа, Јудејците се разотидоа со голема препирка помеѓу себеси.
30
Павле остана таму цели две години во посебно најмена куќа и ги примаше сите, што доаѓаа при него,
31
проповедајќи го царството Божјо и учејќи за Господа Исуса Христа наполно слободно, и никој во тоа не го спречуваше.
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28