bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Acts 14
Acts 14
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
1
Во Иконија се случи тие заедно да влезат во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини поверуваа.
2
А Јудејците, што не веруваа, ги побунија и раздразнија духовите на незнабошците против браќата.
3
Но тие сепак останаа тука доста време и говореа отворено за Господа, Кој сведочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да стануваат знаци и чуда.
4
А народот во градот се раздели: едни беа со Јудејците, а други со апостолите.
5
И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се готвеа да ги хулат и да ги каменуваат,
6
тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дервија и во нивната околина,
7
и таму го проповедаа Евангелието.
8
Во Листра имаше еден човек, немоќен во нозете, кој беше хром од мајчината утроба; седеше и не беше одел никогаш.
9
Тој слушаше кога Павле зборуваше; а Павле, кога се вгледа, виде дека во него има вера да оздрави,
10
па му рече со висок глас: »Тебе ти велам во името на Господа Исуса Христа: исправи се на нозете свои!« И тој веднаш почна да скока и прооде.
11
А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и зборуваа на ликаонски: »Боговите слегнале при нас во образ човечки.«
12
И Варнава го нарекоа Зевс, а Павла Хермес, бидејќи тој управуваше со словото.
13
Жрецот, пак, на Зевса, чиј кип се наоѓаше пред нивниот град, откако доведе јунци и донесе венци пред портата, сакаше заедно со народот да принесе жртва.
14
Но апостолите Варнава и Павле, кога чуја за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи:
15
Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни како и вие, но ви проповедаме да се обратите од овие лажни работи кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив;
16
Кој поранешните поколенија на народите ги остави да врват по нивните патишта,
17
иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост.
18
И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, туку секој да си оди во својата куќа. Додека се наоѓаа таму и поучуваа,
19
од Антиохија и од Иконија дојдоа некои Јудејци, и, кога апостолите зборуваа отворено, тие го убедија народот да ги напушти, велејќи дека ништо вистинско не зборуваат, туку само лажат; а кога го наговорија народот, го каменуваа Павла и го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов.
20
Кога се собраа околу него учениците, тој стана и отиде во градот, а на другиот ден со Варнава заминаа за Дерва.
21
И, откако го проповедаа Евангелието во тој град и мнозина придобија и научија, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија,
22
утврдувајќи ги душите на учениците и советувајќи им во верата да бидат постојани, оти во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки.
23
Па, откако им ракоположија свештеници за – секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господа, во Кого беа поверувале.
24
А штом минаа преку Писидија, дојдоа во Памфилија;
25
и, откако го проповедаа словото Господово во Перга, слегоа во Аталија,
26
а оттаму отпловија за Антиохија, откаде што беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија.
27
Штом пристигнаа и ја собраа црквата, тие прикажуваа за сѐ, што направи Бог со нив и како и тоа дека Он ја отворил вратата на верата и за незнабошците.
28
И таму останаа не малку време со учениците.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28