bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Jeremiah 10
Jeremiah 10
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 11 →
1
Слушајте го словото, кое Господ ви го кажува, доме Израилев!
2
Вака вели Господ – не одете по патот на незнабошците и не плашете се од небесните знаци, од кои се бојат незнабошците.
3
Бидејќи наредбите од народите се суетни: отсекуваат дрво во гората, го изделкуваат човечки раце,
4
го украсуваат со сребро и злато, го прицврстуваат со клинови и со чекан за да не се ниша.
5
Тие богови се како столб, измазнет на струг, и не говорат; нив ги носат, оти не можат да одат. Не плашете се од нив, оти тие не можат да направат зло, но и добро не можат да направат.
6
Нема сличен на Тебе, Господи! Ти си велик и името Твое е велико со Твојата моќ.
7
Кој не ќе се бои од Тебе, Царе над народите, зашто само Тебе Ти припаѓа тоа; бидејќи меѓу сите мудреци кај народите и во сите царства нема сличен на Тебе.
8
Сите тие до еден се неразумни глупави; дрвото е суетно учење.
9
Среброто ковано во листови се носи од Тарсис, златото од Уфаз, дело на мајстор и на леар; облеклото нивно е од порфир и кадифе; сето тоа е дело на вешти луѓе.
10
А Господ Бог е вистина; Он е жив Бог и вечен Цар. Од Неговиот гнев трепери земјата, и народите не можат да го издржат Неговото негодување.
11
Така речете им: боговите што не ги направиле небото и земјата ќе исчезнат од земјата и од под небесата.
12
Он ја создаде земјата со силата Своја, ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата.
13
Од гласот Негов шумат водите небески, и Он ги крева облаците од краиштата земни, создава молскавици среде дожд и изведува ветар од живеалиштето Свое.
14
Секој човек станува безумен во своето знаење, се срамува секој леар со идолот свој, бидејќи она што го излеал е лага, и во него нема дух.
15
Тоа е суета, дело на заблуда; во времето на посетата нивна тие ќе исчезнат.
16
Делот на Јакова не е како нивниот; бидејќи неговиот Бог е создател на сѐ, а Израилот е жезал на неговото наследство; името Му е Господ Саваот.
17
Прибери си го имотот свој од земјата, ти која ќе седиш во опсада.
18
Оти вака вели Господ: еве, овој пат ќе ги исфрлам жителите од оваа земја и ќе ги одведам во тесно место, за да ги фатат.
19
Тешко мене во маката моја; лута е раната моја, но јас си велам – »навистина тоа е моја болка и јас ќе ја поднесувам;
20
шаторот ми е опустошен и сите мои врвци се скинати; децата мои бегаат од мене, и ги нема: нема веќе кој да го распне шаторот мој и да ги постави завесите мои;
21
бидејќи пастирите станаа безумни и не Го бараат Господа, па затоа и тие постапија неразумно, така што целото стадо им се распрсна.«
22
Ете, се слуша глас и голема врева од северната страна за да ги направи градовите на Јудеја пустиња, живеалиште на шакали.
23
Знам, Господи, дека патот на човекот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои.
24
Казни ме Господи, но по правда, не во гневот Свој, за да не ме сотреш.
25
Излеј ја јароста Своја врз народите, кои не Те познаваат, и врз племињата, што не го призовуваат името Твое; оти тие го изедоа Јакова, го проголтаа и го истребија и живеалиштето му го опустошија.
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52