bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Jeremiah 2
Jeremiah 2
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 3 →
1
И пак би словото Господово до мене:
2
»Оди и извикај во ушите на Ерусалим – вака вели Господ: ‚се сеќавам на милоста во младоста твоја, на твојата љубов, кога како невеста, тргна по Мене во пустињата, во незасеана земја.‘
3
Израилот му беше на Господа светиња, првина од плодовите Негови: сите, што јадеа од нив, биваа осудувани, ги стигнуваше зло,« вели Господ.
4
Чујте го словото Господово, доме Јаковов и сите родови на домот Израилев!
5
Вака вели Господ: »каква неправда најдоа во Мене татковците ваши, та се оддалечија од Мене, ја прифатија суетата и станаа суетни;
6
и не рекоа: ‚каде е Господ, Кој нѐ изведе од Египетската земја, нѐ водеше по пустињата, по земја пуста и ненаселена, по земја сува, по земја на смртна сенка, по која никој не одел и во која никој не живеел?‘
7
А кога ве воведов во земја плодородна, за да се храните од плодовите нејзини и од добрата нејзини; а вие влеговте и ја осквернивте земјата Моја, и сопственоста Моја ја направивте гадотија.
8
Свештениците не рекоа: ‚каде е Господ?‘ И учителите на законот не Ме познаа, и пастирите се одметнаа од Мене, и пророците пророкуваа во името на Ваала и одеа по оние, кои не помагаат.
9
Затоа Јас уште ќе се судам со вас, вели Господ, и со синовите на вашите синови ќе се судам.
10
Затоа отидете на Хистимските острови и разгледајте, и испратете во Кидар и испитајте сесрдно и видете: станувало ли таму нешто слично на тоа?
11
Ги променил ли некој народ боговите свои, иако тие не се богови? А Мојот народ ја менуваше славата своја за она што не помага.
12
Чудете се на тоа, небеса, треперете и грозете се, вели Господ.
13
Зашто две зла изврши Мојот народ: Мене, изворот на жива вода, Ме оставија и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода.
14
Зар Израилот е слуга? Или е слуга домородец? Зошто така стана плен?
15
Зарикаа против него млади лавови, нададоа викотници и ја направија земјата негова пустелија; градовите негови му се изгорени, никој не живее во нив.
16
И синовите на Мемфис и Тафна те познаа и ти го избрикоа темето.
17
не ли си го направи тоа сам, оставајќи Ме Мене, твојот Господ Бог во она време, кога Он те водеше по патот?
18
И сега, што бараш во Египет да пиеш вода од Нил? И зошто да одиш во Асирија за да пиеш вода од реките нејзини?
19
Ќе те казни тебе остапувањето твое, и злобата твоја ќе те обезличи: и така познај и размисли, колку лошо и горчливо е тоа, што Ме остави, вели твојот Господ Бог, и не бев спомнуван од тебе, вели Господ, Бог Саваот.
20
Зашто одамна си го скршил јаремот свој, ги раскина твоите вериги, па велеше: – Нема Тебе да Ти служам; но ќе појдам на секој висок рид и под секое лиснато дрво ќе им служам на идоли.
21
Јас те посадив како благородна лоза – најчисто семе; а како се претвори ти во Мене во див ластар од туѓа лоза?
22
Затоа, макар и да се измиеше со сапун и да употребуваш многу пепелница, – твоите беззаконија ќе се покажат пред Мене, вели Господ Бог.
23
Како можеш да кажеш: ‚Јас не се осквернив, и не одев по Ваала?‘ Загледај се во патиштата твои во долината, и увиди што правеше ти, бујна камило, која потскокнува (поттрчнува) наваму натаму?
24
Кој може да додржи навикната на пустиња дива ослица, која со страст во душата своја вдишува воздух? Сите, што ја бараат, нема да се уморат: во месецот нејзин ќе ја најдат.
25
Не им дозволувај на нозете свои да се боси, и грлото твое – да се мачи од жед. Но ти рече: ‚Ништо од тоа, зашто ги сакам туѓите и по нив ќе одам.‘
26
Како што крадец, кога ќе го фатат, се посрамува, – така ќе се посрами Израилевиот дом: царевите нивни, кнезовите нивни, свештениците нивни и пророците нивни, –
27
велејќи му на дрвото: ‚ти си мој татко‘, и на каменот: ‚ти ме роди‘; зашто тие свртеа кон Мене грб, а не лице; а за време на своето озлобување ќе речат: ‚стани и спаси нѐ!‘
28
Каде се, пак, твоите богови, што ти си ги направил? Нека станат тие, ако можат – да те спасат за време на твојата неволја; зашто, колку градови имаш, о, Јудо, толку и богови имаш!
29
Зошто да се оправдуваш со Мене? Сите вие постапувате нечесно и грешите против Мене,« вели Господ.
30
Напразно го поразував децата ваши: тие не се вразумија; вашиот меч како истребувачки лав ги јадеше пророците ваши и вие не се уплашивте.
31
О роде, чујте го словото Господово: »Бев ли Јас пустиња за Израилот, бев ли земја неплодна? А зошто Мојот народ вели: ‚ние сами сме си господари, нема повеќе да дојдеме при Тебе?‘
32
Го заборава ли девицата украсот свој, и невестата – накитот свој? а Мојот народ Ме заборави – има веќе безброј дни.
33
Како лукаво ги насочуваш ти патиштата свои, за да придобиеш љубов, и поради тоа дури и кон престапи ги нагодуваше патиштата твои.
34
Дури по твоите поли има крв од бедните, невини луѓе; нив не ги затеков во ров, туку при секоја дубрава.
35
Велиш: ‚бидејќи сум невина, навистина гневот Негов ќе се одврати од мене.‘ – Ете, Јас ќе се судам со тебе, затоа што велиш: ‚не згрешив.‘
36
Зошто толку многу скиташ, менувајќи го патот свој? Ти исто така ќе бидеш посрамена и од Египет, како што беше посрамена од Асирија;
37
и од него ќе излезеш со рацете на глава, зашто Господ ги отфрла твоите надежи, и нема да имаш со нив успех.«
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52