bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Jeremiah 36
Jeremiah 36
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 35
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 37 →
1
Во четвртата година на јудејскиот цар Јоаким, синот Јосиев, би ова слово Господово до Јеремија:
2
земи си книга и напиши ги во неа сите зборови, што ти ги кажав за Израилот, за Јуда и за сите народи од оној ден, откако почнав да ти кажувам, од дните на Јосија па до денес;
3
можеби домот Јудин ќе чуе за сите беди што мислам да му ги направам, па тие да се повратат секој од својот лош пат, и Јас да им ја простам неправдата нивна и гревовите нивни.
4
И го повика Јеремиј Варуха, синот Нириев, и ги напиша Варух во книга како свиток книжен од устата на Јеремија сите Господови зборови, што му ги беше кажал Он.
5
Тогаш Јеремија му заповеда на Варуха и му рече: »Јас сум затворен и не можам да појдам во домот Господен;
6
затоа оди и прочитај ги ти од свитокот книжен запишаните зборови Господови од мојата уста гласно пред народот во домот Господов, во денот на постот, прочитај ги гласно и пред сите Јудејци, што се дојдени од градовите свои;
7
можеби, тие ќе упатат смирена молба пред лицето Господово и ќе се повратат секој од својот лош пат; оти голем е гневот и негодувањето, кое Господ го изрече против овој народ.«
8
Варух, синот Нириев, направи сѐ, како што му заповеда пророкот Јеремија – и ги прочита од свитокот книжен во домот Господоен, запишаните зборови Господови.
9
Во петтата година на јудејскиот цар Јоаким, синот Јосиев, во деветтиот месец, објавија пред лицето Господово пост за сиот народ ерусалимски и за сиот народ, што беше дошол од јудејските градови во Ерусалим.
10
И Варух ги прочите гласно пред сиот народ запишаните во свитокот книжен Јеремиевите зборови во домот Господен, во собата на писарот Гемариј, син Сефанов, во горниот двор при влезот кон новите порти на домот Господен.
11
Михеј, синот на Гемарија, Сафанов син, ги чу сите Господови зборови, запишани во свитокот книжен,
12
и слезе во домот на царот, во собата на царевиот писар, а тоа, таму седеа сите кнезови: Елисам, писарот царев, Делаја, синот Семаев, Елнатан, синот Ахборов, Гемариј, синот Сафанов, Седекиј, синот Ананиев, и сите кнезови.
13
И им ги кажа Михеј сите зборови, што ги чу, кога Варух го читаше свитокот книжен гласно пред народот.
14
Тогаш сите кнезови го пратија при Варуха Јехудија, синот Натаниев, син Селемиев, син Хусиев, да му каже: »Земи го в рака свитокот книжен, што го читаше гласно пред народот, па дојди!« И го зеде Варух, синот Нириев, свитокот в рака и отиде при нив.
15
Тие му рекоа: »Седни и прочитај ни го гласно!« И Варух им го прочита гласно.
16
Кога ги ислушаа сите зборовите, со ужас се погледаа помеѓу себе и му рекоа на Варуха: »Ние ќе му ги кажеме на царот сите овие зборови.«
17
И го прашаа Варуха: »А кажи ни ти како ги напиша сите овие зборови од устата негова?«
18
И им одговори Варух: »Он ми ги изговори со устата своја сите овие зборови, јас, пак, ги запишав со мастило во овој свиток книжен.«
19
Тогаш кнезовите му рекоа на Варуха: »Оди и сокри се, ти и Јеремија, па никој да не знае, каде сте.«
20
И отидоа при царот во дворецот, а свитокот книжен го оставија во собата на Елисама, писарот царев; па му ги раскажаа гласно пред царот сите тие зборови.
21
Царот го испрати Јехудија да го донесе свитокот книжен, и тој го зеде од собата на Елисама, писарот царев; и го прочита Јехудиј гласно пред царот и гласно пред сите кнезови, што стоеја околу царот.
22
Царот во тоа време, во деветтиот месец, престојуваше во зимскиот дворец и пред него имаше мангал со разгорен јаглен.
23
Штом Јехудиј ќе прочиташе два – три столпца, царот ги сечеше со писарското ноже и еден по еден ги фрлаше во мангалот, сѐ додека не беше уништен целиот свиток во огнот, што го имаше во мангалот.
24
Не се уплашија и не ги раскинаа облеките свои ни царот, ниту слугите негови, кои ги чуја сите зборови.
25
Иако Елнатан, Делаја и Гемариј го молеа царот да не го гори свитокот книжен, но тој не ги послуша.
26
И царот му заповеда на царевиот син Јерамеила, и на Сераја, синот Азрилов, и на Селемија, синот Авдилов, да го фатат писарот Варух и пророкот Јеремија. Но Господ ги сокри.
27
И би слово Господово до Јеремија, откако царот го изгоре свитокот книжен и зборовите, што беше ги напишал Варух од устата на Јеремија, и му беше речено:
28
»Земи си пак друг свиток и напиши ги во него сите поранешни зборови, што беа во првиот свиток книжен, кои јудејскиот цар Јоаким ги изгори;
29
а на јудејскиот цар Јоаким кажи му – вака вели Господ: ти го изгори свитокот, зашто рече – бидејќи напиша во него: ‚бездруго ќе дојде вавилонскиот цар и ќе ја разори оваа земја и ќе ги истреби во неа луѓето и добитокот‘,
30
поради тоа, вели Господ, за јудејскиот цар Јоаким: ќе нема од него човек што ќе седи на Давидовиот престол, и трупот негов ќе биде фрлен на дневниот припек и на ноќниот студ.
31
Па ќе го посетам него, и племето негово, и слугите негови за неправдите нивни, и ќе го испратам врз нив и врз ерусалимските жители, и врз луѓето на Јуда, сето она зло, што го искажав врз нив, а тие не послушаа.«
32
И зеде Јеремија друг свиток и му го даде на писарот Варух, синот Нириев, и тој ги напиша во него од устата на Јеремија сите зборови од оној свиток книжен, што го изгори во оган јудејскиот цар Јоаким; а додаде кон нив и уште многу други, слични на нив зборови.
← Chapter 35
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 37 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52