bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Job 37
Job 37
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 36
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 38 →
1
»И од тоа трепери срцето мое и се крева од местото свое.
2
Чујте, чујте го гласот Негов и громот, што излегува од устата Негова.
3
Под целото небо се разнесува грмежот Негов, и светкавицата Негова – до краиштата на земјата.
4
По Него гром се разгласува; грми Он со гласот на Своето величие и не го запира, кога гласот Негов ќе се чуе.
5
Чудно грми Бог со гласот Свој, врши големи дела, за нас недостижни.
6
Зашто Он му вели на снегот: – паѓај на земјата; и ситниот и крупниот дожд се во Негова власт.
7
Он става печат врз раката на секој човек, за да ги знаат сите луѓе Неговите дела.
8
Тогаш ѕверот оди во прибежиштето и си останува на леглото свое.
9
Од југ доаѓа бура, од север – студ.
10
Од дувањето Божјо настанува лед: водената површина се собира.
11
Со влага ги полни облаците; а од облаците зрачи светлината Негова,
12
и тие се движат по целата земја според волјата Негова, за да го извршат она што им го заповедал Он.
13
Он им заповеда да отидат или за казна, или за благоволение, или за помилување.
14
Влушај се во ова, Јове; стој и гледај ги чудесните дела Божји.
15
Знаеш ли како Бог ги распоредува и како ѝ заповеда на светлината да болска од Неговиот облак?
16
Ја разбираш ли рамнотежата на облаците, чудното дела на Најсовршениот во секое знаење?
17
Како се стоплува облеката твоја кога ја успокојува земјата од југ?
18
Со Него ли го распна небото, кое стои така цврсто како излеано огледало?
19
Научи нѐ што да Му кажеме. Во овој мрак не можеме ништо да распознаеме.
20
Ќе му биде ли јавено што зборувам јас? Кажал ли некој, дека Нему Му се соопштува, што е зборувано?
21
Сега не се гледа болскавата светлина во облаците, но ќе дувне ветер и ќе ги расчисти.
22
Убавото време доаѓа од север, но во Бога убавината е преголема.
23
Вседржителе! Ние не го достигнуваме. Голем е по сила, по судот и по полнотата на правосудието, но Он никого не го угнетува.
24
Поради тоа нека се плашат пред Него луѓето и нека треперат пред Него сите мудри по срце!«
← Chapter 36
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 38 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42