bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Joshua 13
Joshua 13
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 14 →
1
Кога Исус остаре и беше во напредна возраст, Господ му рече: »Ти остаре и веќе си во напреднати години, а останува уште многу да се завладее.
2
Остануваа уште овие земји: сите филистимски предели, Гесур и Ханан,
3
ненаселениот ханански крај од Египет дури до границите на Акарон на север, им припаѓа на пет филистимски области: Газа, Азот, Аскалонит, Гет Акаронит и Евеја.
4
Од Теман, пак, целата Хананска земја спрема Газа и Сидон, до Афек, дури до аморејските граници.
5
исто така целата земја Гавла филистимска и целиот Ливан од исток, од Галгал, што е под планината Ермон, до влезот во Емат.
6
Сите планински жители од Ливан до Масерфот – Маим, сите сидонци Јас ќе ги изгонам пред синовите Израилеви. Па раздели му ја со жреб на Израилот, како што ти заповедав;
7
раздели ја оваа земја сега како дел од наследството на деветте племиња и на племето Манасиево – од Јордан дури до Големото Море на запад; ним дај им ја: Големото Море нека биде граница.«
8
А племето Рувимово и Гадово, со другото полуплеме Манасиево, го добија својот дел од Мојсеја од онаа страна на Јордан, на исток, како што им беше дал Мојсеј, слугата Господов,
9
од Ариор, кој е до устието на потокот Арнон, и градот, кој е среде долината, и целиот Мисор од Медаван;
10
исто така сите градови на аморејскиот цар Сион, кој царуваше во Есевон дури до пределите на амонитските синови,
11
како и Галад и Гесурската и Мехадската област, и целата планина Аермон и целиот Васан до Елхи,
12
целото царство Огово во Васан, кој царуваше во Астарот и во Едраин. Тој сам остана од исполините, кого Мојсеј го порази и уби.
13
Но Израилевите синови не ги изгонија жителите на Гесур и Махад и Ханан, и Ресурците и Махатците жевеат меѓу Израилот и до ден денешен.
14
Само на Левиевото племе не му даде наследство; Господ, Израилевиот Бог, е негово наследство, како што му беше рекол Господ; а ова се деловите, што им ги определи Мојсеј на синовите Израилеви според племињата нивни во Аравот Моавски од онаа страна на Јордан, спроти Јерихон:
15
на племето на Рувимовите синови според родовите нивни Мојсеј им даде дел:
16
нивните предели беа од Ариор, што е спрема долината Арнонска, и градот, што е во долината Арнонска,
17
и сета земја Мисорска дури до Есевон и Девор и Вамот Вал,
18
И Јаса, и Кадимот, и Мифат, и
19
Кариатем, и Севам и Сард,
20
и Сиор на планината Енак, и Бетфагор, и Асидот – Фасга, и Витсимут;
21
сите градови Мисорски и целото царство на аморејсиот цар Сион, кој царуваше во Есевон, и кого го уби Мојсеј, како и мадијамските старешини Евија, и Роком, и Сур, Ур и Ровек, сиорски кнезови, што живееја во таа земја;
22
исто така и врачот Валаам, Веоровиот син, го убија со меч Израилевите синови во борбата.
23
Предел на Рувимовите синови беше Јордан. Тоа беше делот на Рувимовите синови според племињата нивни, – градовите и селата нивни.
24
Мојсеј им даде наследство и на Гадовите синови, според племињата нивни:
25
нивни предели беа Јазир и сите галадски градови и половината од земјата на Амоновите синови до Ароир, што е пред Рават;
26
и земјите од Есевон до Рамот кај Масфе и Вотаним и Манаим до Дивировите предели,
27
а и во Емек Витарам, и Витнамра, и Сахот Сафон, остаток од царството на есевонскиот цар Сион; неговата граница беше Јордан до Хенеретското Море од онаа страна на Јордан, кон исток.
28
Тоа е наследството на Гадовите синови според племињата нивни, – градовите нивни и селата нивни.
29
Мојсеј му даде дел и на полуплемето Манасиево, според родовите нивни;
30
нивни предели беа: од Манаим, и целот царство Васанско, и целото царство на васанскиот цар Ог и сите села Јаирови во Васан – шеесет градови;
31
а половината од Галад, и во Астарот и во Едраин, градови царски на Ог Васански, тие им беа дадени на синовите од Махира, Манасиев син, и половина на Махировите синови, според родовите нивни.
32
Тоа е наследство што им го даде Мојсеј во Аравот Моавски од онаа страна на Јордан, спроти Јерихон, кон исток.
33
А на Левиевото племе Мојсеј не ме даде дел: Самиот Господ, Бог Израилев, е нивни дел, како што им беше рекол Он.
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24