bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Joshua 6
Joshua 6
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 7 →
1
Тогаш му рече Господ на Исуса: »Еве, Јас го предавам Јерихон во рацете твои и царот негов и силните луѓе во него;
2
опколете го градот сите вие, способни за војна, и обиколувајте го градот по еднаш секој ден, така правете шест дена;
3
и седум свештеници нека носат пред ковчегот седум труби од рогови; а седмиот ден обиколете го градот седумпати и свештениците нека трубат со трубите од рогови.
4
И штом ќе затрубат со трубниот рог, па го чуете гласот трубен, целиот народ нека воскликне, и градските ѕидишта ќе паднат сами до основата своја пред оние што викаат; и тогаш целиот народ да навлезе во градот, тргнувајќи секој од своето место.«
5
Тогаш дојде Исус, синот Навинов, кај свештениците Израилеви и им рече: »Земете го ковчегот на заветот Господов и седум свештеници нека носат седум рожени труби пред ковчегот Господов!«
6
И им рече, велејќи: »Заповедајте му на народот да го обиколат и да го опкружат градот; а вооружените нека одат пред ковчегот Господов.«
7
Штом Исус му го кажа тоа на народот, рече и седумте свештеници, што ги имаа седумте свештени труби, да појдат и да затрубат громогласно со трубите, и ковчегот на заветот Господов да оди по нив.
8
Вооружените, пак, одеа пред свештениците, кои трубеа со трубите; и оние што одеа по нив, по ковчегот на заветот Господов, трубеа со трубите.
9
На народот, пак, Исус му заповеда и рече: »Не викајте и да не се чуе глас од вас, и да не излегува збор од устата ваша до оној ден, додека не ви заповедам: викајте! – и тогаш ќе викнете.«
10
Така ковчегот на заветот Господов тргна околу градот и еднаш го обиколи; и дојдоа во логорот и ноќеваа во него.
11
На вториот ден Исус стана утрината рано, и свештениците го понесоа ковчегот на заветот Господов;
12
и седумте свештеници, што ги носеа седумте труби пред ковчегот Господов, одеа и трубеа со трубите; вооружените, пак, одеа пред нив, а другите одеа по ковчегот на заветот Господов и свештениците затрубија со рожените труби.
13
И вториот дена го обиколија градот еднаш и се вратија во логорот. Така правеа шест дена.
14
На седмиот ден станаа рано и го обиколија градот седумпати; само тој ден го обиколија градот седумпати.
15
И при седмото заобиколување свештениците затрубија во трубите. Тогаш Исус му рече на народот: »Викајте, бидејќи Господ ви го предаде градот!
16
И градот нека биде проколнат, и сѐ што е во него, од силата Господова; само блудницата Раав запазете ја, неа и секој што е во домот нејзин; зашто таа ги сокри извидниците што ги пративме.
17
Но вие пазете се од клетвата, за да не паднете и самите по клетва, ако земете нешто од заколнатото, и со тоа на логорот и на синовте Израилеви да им нанесете клетва, и нас да нѐ истребите.
18
Златото, пак, среброто и бакарот и железото се за Господа и да се внесат во сокровиштето Господово!«
19
И затрубија свештениците со трубите. Штом го чу народот гласот на трубите, сите заедно извикаа со висок и силен глас, и сите градски ѕидишта паднаа, и целиот народ влезе во градот, секој од своето место, и го презедоа градот.
20
И проколна Исус сѐ што беше во градот, – мажите и жените, младите и старите, овците и ослите; сѐ се истреби со меч.
21
А на двајцата младичи што ја беа разгледале земјата, Исус им рече: »Влезете во домот на жената блудница и изведете ја оттаму неа и сите што се кај неа, бидејќи вие ѝ се заколнавте.«
22
Тогаш влегоа младичите, што го разгледуваа градот, во домот на жената и ја изведоа блудницата Раав и таткото нејзин, мајката нејзина, браќата нејзини и сите нејзини роднини и сите, што беа кај неа, ги изведоа и ги ставија надвор од логорот на Израилот.
23
А градот и сѐ што беше во него, го изгореа со оган; само среброто и златото, бакарот и железото ги предадоа, за да се внесат во сокровишницата Господова.
24
Блудницата, пак, Раав и целиот нејзин татков дом, Исус ги остави живи, и таа живее меѓу Израилот до денес, зашто ги сокри извидниците, што ги испрати Исус за да го разгледаат Јерихон.
25
Во тој ден Исус проколна и рече: »Проклет да биде пред Господа оној, што ќе го издигне и изгради овој град Јерихон; врз првородениот син свој тој ќе ги положи основите негови и врз најмалиот син свој ќе ги постави портите негови!« А тоа го направи Азан, родум од Ветил; тој го основа врз првородениот син свој Авирон и врз најмалиот, Спасен, ги постави портите негови.
26
И Господ беше со Исус, и славата Негова се разнесуваше по целата земја.
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24