bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Joshua 14
Joshua 14
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 15 →
1
Еве што наследија синовите Израилеви во Хананската земја, што им раздели свештеникот Елеазар и Исус Навинов, и кнезовите на татковските племиња на синовите Израилиеви;
2
на деветте племиња и на полуплемето Манасиево, разделба извршија со жреб, како што беше заповедал Господ преку Мојсеја,
3
зашто на двете племиња и на племето Манасиево Мојсеј им даде наследство од онаа страна на Јордан; а на левитите не им даде дел меѓу нив,
4
бидејќи од Јосифовите синови произлегоа две племиња: Манасиевото и Ефремовото; поради тоа не им се даде на Левитите дел од земјата, туку само градови за живеење и предградија за добитокот нивни и за други нивни потреби.
5
Како што му беше заповедал Господ на Мојсеја, така и направија синовите Израилеви, кога ја разделуваа земјата.
6
Јудините синови дојдоа во Галгал кај Исуса. И му рече Кенезеецот Халев, синот Јефониев: »Ти знаеш, што му говореше Господ на Мојсеја, човекот Божји, за мене и за тебе во Кадис-Варни.
7
Јас бев на четириесет години, кога Мојсеј, слугата Господов, ме прати од Кадис-Варни да ја разгледам земјата и му донесов одговор, она што ми беше на срцето;
8
браќата мои, кои одеа со мене, го обесхрабрија срцето на народот, но јас точно го следев Господа, мојот Бог;
9
и се заколна Мојсеј во оној ден, велејќи: ‚земјата, по која одеше, ќе биде наследство за тебе и за децата твои за навек, бидејќи ти одеше точно по Господа, мојот Бог.‘
10
И така, ете, Господ ме запази жив, како што говореше; четириесет и пет години веќе изминаа, откога Господ му ги беше кажал тие зборови на Мојсеја, и Израилот одеше по пустиња; сега, еве, јас сум на осумдесет и пет години;
11
но и сега сум толку цврст, како и тогаш, кога ме прати Мојсеј: колку што имав сила тогаш, толку имам и сега, да влегувам, да излегувам и да војувам.
12
Затоа, дај ми ја таа гора, за која говореше Господ во оној ден; бидејќи ти чу во тој ден, дека таму живеат Енаковите синови, и тие имаат градови големи и утврдени; можеби, Господ ќе биде со мене, и јас ќе ги истерам, како што ми рече Господ.«
13
Исус го благослови и му го даде во наследство Хеврон на Јефоновиот син Халев, Кенезеецот.
14
Затоа Хеврон остана и до денес во наследство на Јефониовиот син Халев, Кенезеецот, бидејќи постојано се покоруваше на заповедите од Господа, Израилевиот Бог.
15
Името на Хеврон порано беше Аргов, како што се викаше еден крупен човек меѓу синовите Енакови. Така земјата се смири од војна.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24