bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Joshua 3
Joshua 3
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 4 →
1
Тогаш Исус стана рано утредента, и тргна од Ситим и дојде до Јордан, тој и сите синови Изриалеви, и застанаа таму пред да го минат.
2
По три дена тргнаа управителите низ логорот,
3
и им заповедаа на луѓето, велејќи: »Кога ќе го видите ковчегот на заветот Господов, вашиот Бог, и свештениците наши, левитите, да го носат, тргнете и вие од местото ваше и одете по нив.
4
Но растојанието меѓу вас и нив да биде околу две илјади лакти; не се доближувајте до него, за да го знаете патот, по кој ќе одите; зашто вие не сте оделе по тој пат ни вчера ни завчера.«
5
И му рече Исус на народот: »Исчистете се утре рано, бидејќи Господ ќе изврши меѓу вас чудеса.«
6
На свештениците, пак, им рече Исус: »Земете го Ковчегот на заветот и одете пред народот.« Свештениците го зедоа Ковчегот на заветот и тргнаа пред народот.
7
Тогаш Господ му кажа на Исуса: »Денес ќе почнам да те издигам пред очите на сите синови Израилеви, за да дознаат дека, како што бев со Мојсеја, така ќе бидам и со тебе.
8
А сега заповедај им на свештениците, кои го носат ковчегот на заветот, и кажи им: штом ќе влезете во водите на Јордан, запрете во Јордан.«
9
Исус им кажа на синовите Израилеви: »Дојдете ваму и чујте ги зборовите на Господа, вашиот Бог!«
10
Уште им рече Исус: »Од тоа ќе дознаете дека меѓу вас е живиот Бог, Кој ќе ги изгони од вас Хананејците и Хетејците, Евејците и Ферезејците, Гергесејците, Аморејците и Јевусејците;
11
ете, ковчегот на заветот Господов на целата земја ќе тргне пред вас преку Јордан;
12
и земете си дванаесетмина луѓе од синовите Израилеви, по еден човек од секое племе;
13
и штом нозете на свештениците, кои го носат ковчегот на Господа над целата земја, ќе стапнат во водите на Јордан, водата јорданска ќе се прекине, а водата што тече одозгора, ќе запре.«
14
И така, кога народот тргна од шаторите свои, за да го мине Јордан, и свештениците го понесоа ковчегот на заветот Господов пред народот,
15
тогаш, штом оние, што го несеа ковчегот на заветот Господов влегоа во Јордан, и нозете на свештениците, кои го носеа ковчегот, се наквасија во водите на Јордан; а Јордан пак, се излива од сите свои брегови за сето време во жетвата на пченицата.
16
Водата, што течеше одозгора, запре и стана како карпа на многу големо растојание, од градот Адам, дури до пределот Зартан; а водата што течеше одозгора, почна да тече во морето, кое е солено море, сѐ додека не истече.
17
А народот стоеше спроти Јерихон; кога пак свештениците, што го носеа ковчегот на заветот Господов, застанаа на суво среде Јордан, тогаш и сите синови Израилеви преминуваа на суво, додека целиот народ не го премина Јордан.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24