bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Leviticus 10
Leviticus 10
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 11 →
1
Двата сина Аронови, Надав и Авиуд, земајќи ја секој својата кадилница, ставија оган во нив, па ставија во нив и кадиво, и принесоа пред Господа туѓ оган, иако тоа не им беше заповедал Господ.
2
Тогаш излезе оган од Господа, и ги изгоре, и умреа пред Господа.
3
И му рече Мојсеј на Арона: »Тоа е она што го рече Господ, велејќи преку оние што ќе пристапуваат кон Мене, ќе се осветам и во цел собор ќе се прославувам.« И Арон се смири.
4
Потоа Мојсеј ги повика Мисаила и Елисафана, синовите на Озил, чичкото на Арона, и им рече: »Дојдете и извадете ги браќата ваши од светилиштево надвор од логоров.«
5
И тие пристапија и ги изнесоа заедно со хитоните нивни надвор од логорот, како што рече Мојсеј.
6
Па му рече Мојсеј на Арона и на Елеазара и на Итамара, другите негови синови: »Не откривајте ги вашите глави, а и одеждите ваши да не ги раскинувате, за да не умрете и Господ да не се разгневи на целиот народ, туку браќата ваши, целиот дом Израилев нека плаче поради огнот што се запали од Господа;
7
и не излегувајте од дверите на скинијата на сведоштвото, за да не загинете, зашто елејот за помазание на вас е од Господа.« И направија според зборовите на Мојсеја.
8
И Господ му рече на Арона, велејќи:
9
»Вино и сикер да не пиете, ти и синовите твои, кога ќе влегувате во скинијата на сведоштвото, а и кога ќе пристапувате кон жртвеникот, за да не загинете, тоа нека ви биде вечен закон во поколенијата ваши:
10
за да можете да распознавате што е свето, а што не е; и што е чисто, а што не;
11
учете ги синовите Израилеви на сите заповеди, што им ги кажа Господ преку Мојсеја.«
12
Потоа Мојсеј му рече на Арона, и на Елеазара и на Итамара, другите негови синови: »Земајте од жртвата што ќе преостане и од приносите пред Господа и јадете го тоа кај жртвеникот, зашто тоа е најголема светиња.
13
И јадете го тоа на свето место, бидејќи тоа е законски дел твој и законски дел на синовите твои од приносите пред Господа; зашто така ми заповеда Господ.
14
А градите од жртвата што се принесува и плешките да ги јадете на свето место, ти и синовите твои, и домот твој со тебе, зашто со закон ти се даде тебе и на синовите твои дел од жртвите за спасение, што ги принесуваат синовите Изралеви.
15
Плешките од жртвите што се принесуваат и градите од жртвите вознесувани да се донесуваат заедно со лојот што се вознесува пред Господа, и тоа да биде твое, и на синовите твои, и на ќерките твои со тебе, како дел со вечен закон, како што му заповеда Господ на Мојсеја.«
16
Потоа Мојсеј побара козел како жртва поради грев; но, ете, тој беше изгорел; затоа се разгневи Мојсеј на Елеазара и на Итамара, синовите Аронови и рече:
17
»Зошто не јадевте на свето место, бидејќи тоа е жртва поради грев што е најголема светиња; таа ви ја дава Господ вам да ја јадете, за да го ослободи целиот народ од грев и да се помолите за нив пред Господа;
18
и ете крвта негова не е внесена во светилиштето; зашто требаше да ја јадете на свето место, внатре, како што ми заповеда Господ.«
19
Тогаш му рече Арон на Мојсеја, велејќи: »Еве, тие денес принесоа жртва поради својот грев и жртва сепаленица пред Господа; и ми се случи ова. А да бев јал денес од жртвата за грев, ќе Му беше ли тоа угодно на Господа?«
20
Го чу тоа Мојсеј и му беше угодно.
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27