bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Leviticus 21
Leviticus 21
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 22 →
1
И пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи: »Кажи им на свештениците, синовите Аронови, и рече им да не се допираат до мртовец од народот свој.
2
Само до близок роднина свој, до мајка, до татко, до син и до ќерка, до брат,
3
до сестра, која е мома што живее кај него, а немажена, може да се допира, и со тоа да не се осквернува;
4
инаку, не смее да се оскверни со допир до кого и да било од народот свој, за да не стане нечист.
5
Не смеат да ја бричат главата своја, ниту да го расипуваат обликот на брадата своја, ни да прават зарези по телото свое.
6
Тие треба да бидат свети пред својот Бог и да не го осквернуваат името на својот Бог, бидејќи тие сами Му принесуваат дарови на својот Бог, и ќе бидат свети.
7
Тие не смеат да земаат жени блудници и порочни, не смеат да се женат ни со жена, отерана од својот маж, затоа што се тие свети пред Господа, својот Бог.
8
И свет нека ти биде, бидејќи тој Му принесува дар на Господа, вашиот Бог; тој треба да ти биде свет, затоа што сум свет Јас, Господ Бог ваш, Кој ги осветува.
9
Ако свештеничка ќерка се оскверни со блудство, таа го осквернила таткото свој: со оган да биде изгорена.
10
А големиот свештеник меѓу браќата свои, врз чија глава е излеан елеј за помазание, и е совршен за да се облекува во одежди, да не ја открива главата своја и облеката своја да не ја кине;
11
и до никаков мртовец да не приоѓа; да не се осквернува со допир ни до умрениот татко свој и ни до мајката своја.
12
Чад од светилиштето да не излегува за да не го оскверни осветеното од својот Бог, зашто светиот елеј на Божјото помазание е врз него. Јас сум Господ.
13
За жена тој треба да зема девица од родот свој;
14
не смее да зема вдовица или оставена или осквернета или блудница, туку само девица од родот свој тој треба да зема за жена.
15
И да не го осквернува своето потомство во народот свој: затоа што сум Јас Господ Бог, Кој го осветува.«
16
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
17
»Кажи му на Арона: никој од твоето семе во сите родови, кој има телесен недостаток, да не пристапува да Му принесува дар на својот Бог.
18
Никој, кој има телесен недостаток, да не пристапува; ни слеп човек, ниту хром, ниту, пак, со крив нос, или со рецкано уво,
19
ниту таков кому му е раката скршена или ногата скршена,
20
ниту грбав, ниту гурелав, ниту со перде на очите, а ни крастав или со лишај, ниту килав.
21
Никој човек од родот на свештеникот Арон, кој е со телесен недостаток, не смее да пристапува за да Му принесува жртва на твојот Бог; бидејќи има недостаток, нека не пристапува да принесува дарови Божји,
22
но од даровите на својот Бог, од осветените жртви, тој може да јаде;
23
само до завесата да не се доближува и до жртвеникот да не пристапува, затоа што има недостаток: да не го оскверни светилиштето на својот Бог, оти Јас сум Господ, Кој ги осветува.«
24
И Мојсеј им го соопшти тоа на Арона и на синовите негови и на сите синови Израилеви.
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 22 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27