bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Leviticus 23
Leviticus 23
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 24 →
1
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
2
»Кажи им на синовите Израилеви и објасни им за празниците Господови, кои треба да се нарекуваат свети. Ова се празниците Мои:
3
во шесте денови да работите, а седмиот ден е сабота – ден за одмор, свет на Господа; никаква работа да не вршите, тоа е сабота Господова во сите ваши домови.
4
А ова се празниците Господови, наречени свети, а што треба да ги свикувате во нивните определени времиња:
5
во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот меѓу двете вечери е Пасха Господова,
6
а на петнаесеттиот ден од истиот месец е празникот на Господа Бесквасници; седум дена јадете бесквасен леб;
7
и првиот ден да ви биде свет, не вршете никаква работа;
8
а во седумте дена принесувајте Му на Господа сепаленици, и седмиот ден да ви биде свет; не вршете никаква работа.«
9
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
10
»Јави им на синовите Израилеви и кажи им: кога ќе влезете во земјата, која ви ја давам, и почнете таму да жнеете жетва, првиот сноп од жетвата ваша донесете го кај свештеникот;
11
тој ќе го вознесе тој сноп пред Господа, за да ви биде примен; на вториот ден од празникот свештеникот ќе го вознесе;
12
а во оној ден кога го принесувате снопот, принесете Му на Господа и жртва сепаленица – едногодишно јагне без недостаток,
13
а заедно со него и жртви драговолни – две десетини ефа пченично брашно, прелиено со елеј, жртва – дар на Господа со благопријатен мирис и со прелив за него од една четвртина ин вино;
14
никаков нов леб ниту печени класје не јадете до денот, во кој ќе принесувате дар ваш на вашиот Бог: тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши по сите ваши населби.
15
Избројте од првиот ден по празникот, од денот во кој го принесувате снопот како вознесување – седум полни седмици,
16
дури до првиот ден од последната седмица избројте педесет дена, и тогаш принесете Му на Господа нова жртва.
17
Од своите домови принесете Му на Господа леб на дар – два леба за вознесување, кои треба да бидат месени од две десетини ефа пченично брашно со квас, да се испечени од првите плодови за Господа.
18
Заедно со лебовите принесете и седум јагниња без недостаток, едногодишни и од крупниот добиток едно теле и два овна без недостаток; тоа нека ви биде жртва сепаленица за Господа како лебен принос со принос за прелив, за благопријатен мирис пред Господа.
19
Принесете исто така од стадата на козите еден козел – жртва за грев, и две едногодишни јагниња – жртва за спасение со лебовите од првите жита.
20
И свештеникот нека го принесе тоа со лебовите од првите жита пред Господа, заедно со двете јагниња: тоа ќе биде свет принос за Господа, за свешеникот што ги принесува.
21
И тој ден наречете го свет, нека ви биде особено свет, никаква работа не вршете во него – тоа нека ви биде вечна заповед за родовите ваши по сите населби.
22
И кога жнеете жетва на вашата нива, не ја дожневајте нивата своја до крај, и она што ќе падне од твојата жетва не собирај го: остави го за сиромавиот и придојдениот. Јас сум Господ, вашиот Бог.«
23
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
24
»Кажи им на синовите Израилеви, велејќи – во седмиот месец, во првиот ден од месецот, имајте спокој, Празник на трубите; тој ден нека ви биде свет.
25
Никаква работа не вршете во него, а принесувајте Му на Господа жртви сепаленици.«
26
И пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
27
»И десеттиот ден од седмиот месец, денот на очистувањето, нека ви биде свет: смирете ги душите ваши и принесувајте Му сепаленица на Господа.
28
Никаква работа не вршете во тој ден, зашто тоа е ден за очистување ваше, за да се очистите пред лицето на Господа, вашиот Бог.
29
А секоја душа, што не ќе го почитува тој ден, ќе биде истребена од народот свој.
30
И секоја душа што ќе врши каква и да било работа во тој ден, таа душа ќе загине од својот народ.
31
Никаква работа не вршете: тоа ви е вечна наредба и за родовите ваши по сите ваши живеалишта.
32
Тоа е за вас сабота над саботите, па затоа смирете ги душите ваши, оти од вечерта на деветтиот ден од месецот дури до вечерта на десеттиот ден од месецот празнувајте ја вашата сабота.«
33
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
34
»Кажи им на синовите Израилеви, велејќи: во петнаесеттиот ден од истиот месец, седмиот месец, е празникот Сеници, Господов празник што трае седум дена.
35
И денот прв ќе ви биде наречен свет, никаква работа не вршете;
36
седум дена принесувајте Му на Господа сепаленици; а и осмиот ден нека ви биде свет, и тогаш принесувајте Му на Господа сепаленици; – тоа е крајот на празникот, и никаква работа не вршете.
37
Тоа се Господовите празници, што ќе ви бидат наречени особено свети, кога ќе Му принесувате на Господа сепаленици и приноси со нив како и преливи врз нив од ден во ден,
38
освен во саботите Господови, освен даровите ваши, заветите ваши, што ќе Му ги давате од благодарност на Господа.
39
А на петнаесеттиот ден од седмиот месец, кога ја завршувате жетвата на житата ваши, празнувајте празник Господов седум дена: првиот ден нека ви биде починка, а во осмиот ден нека ви е одмор.
40
Во првиот ден земете плодови од убави дрвја, и гранки од палми, и гранки од широколисни дрвја како и од врби, речни растенија, и развеселете се пред Господа, вашиот Бог – седум дена во годината.
41
Ова е вечна наредба за вас и за родовите ваши; во седмиот месец празнувајте го празникот Сеници.
42
Седум дена престојувајте во сеници: секој тукашен во Израилот треба да престои во сеница,
43
за да знаат поколенијата ваши, дека Јас во сеници ги вселив синовите Израилеви, кога ги изведов од Египетската земја. Јас сум Господ, вашиот Бог.«
44
И Мојсеј им говореше на синовите Израилеви за празниците Господови.
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 24 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27