bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Leviticus 5
Leviticus 5
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 6 →
1
»А кога некој згреши со тоа што изрекол клетва и така станал сведок, или видел или дознал, па не кажал, тој го носи својот грев.
2
Или, ако некој се допре до каквагоде нечиста работа, или до мртво, или до нечиста ѕверојадина, до гнасотија од мрша, или до мрша од нечисти животни, или до изгинати гадинки, со тоа тој се осквернува;
3
или ако се допре до некоја нечистотија човечка, било која нечистотија негова, со неа се осквернува, знејќи или не знаејќи, и виновен е за грев.
4
А ако некој изјави со устата своја дека ќе направи нешто лошо, или добро, а за која и да било работа, како што ги прават тоа луѓето под клетва, а не ја направи, и потоа се узнае, виновен ќе биде за една од тие работи.
5
Кога ќе го признае, пак, гревот свој,
6
нека Му принесе на Господа за гревот, што го направил: млада овца или коза од стадото свое за гревот; и свештеникот нека се помоли поради гревот негов што го направил и ќе му се прости.
7
Ако не може да принесе овца, тогаш нека Му принесе на Господа како дар за гревот, со кој згрешил: две грлици или две гулапчиња – едно како жртва за гревот, а другото како жртва сепаленица.
8
Нека му ги донесе на свештеникот, а тој нека го претстави прво она што е за грев, и нека му го истргне вратот, но главата да не ја откинува.
9
И со крвта од жртвата за грев нека го попрска ѕидот на жртвеникот; а крвта што ќе остане, нека ја исцеди во подножјето на жртвеникот, бидејќи е тоа жртва за грев.
10
А од другото нека направи жртва сепаленица, како што треба; а свештеникот нека се помоли поради гревот негов, што го направил, и ќе му биде простено.
11
А ако не може да принесе ни две грлици или гулапчиња поради тоа што згрешил, тогаш нека принесе една десетина од мерката ефа пченично грашно за да биде жртва за гревот, а нека не додава елеј и нека не става кадиво, зашто жртвата е за грев.
12
И кога ќе го донесе кај свештеникот, свештеникот нека земе полн грст од него за спомен нејзин, и нека го изгори на жртвеникот за сепаленици како жртва огнена на Господа, бидејќи е жртва за грев.
13
И да се помоли свештеникот поради гревот негов, со кој згрешил во нешто од ова, и ќе му прости; а остатокот ќе биде за свештеникот како подарок, како жртва од пченично брашно.«
14
Пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
15
»Кој ќе заборави, па згреши не сакајќи во работите посветени на Господа, нека Му принесе дар на Господа за престапот свој овен без недостаток од овците, ќе се оцени светата работа во сикли сребрени, според сиклите свети, според престапот.
16
И така, колку згрешил спрема светата работа, толку нека надомести; и на тоа уште нека додаде петти дел, и нека му го даде на свештеникот; а свештеникот ќе се помоли над принесениот овен за престапот, и ќе му се прости.
17
Кој згреши и направи нешто што Господ забранил да се прави, и – ако не знаел, сепак е виновен и го носи својот грев.
18
Нека му доведе на свештеникот како жртва за грев овен здрав од овците, според процена во сребро, а свештеникот нека се помоли за престапот, што го направил поради незнаење, бидејќи згрешил пред Господа, и ќе му се прости.
19
Тоа е жртва за грев: згрешил пред Господа.«
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27