bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
2 Chronicles 26
2 Chronicles 26
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 27 →
1
Сиот народ го зеде Озија, кој имаше шеснаесет години, та го постави за цар на местото на таткото негов Амасија.
2
Тој го изгради Елат и ѝ го врати на Јудеја, откако царот, таткото негов почина кај своите предци.
3
Озија имаше шеснаесет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет и две години; мајка му се викаше Јехолија од Ерусалим.
4
Тој го правеше она што беше угодно пред очите на Господ, токму онака, како што правеше и татко му Амасија;
5
се определи за Бог во дните на Захарија, кој го учеше на страхопочит кон Бога; и во оние денови, додека се обраќаше кон Господ, Бог му помагаше.
6
Тој излезе и се судри со Филистејците и ги разруши ѕидовите на Гет, и ѕидовите на Јавнија, и ѕидовите на Ашдот; ги изгради градовите во областа Ашдот и кај Филистејците.
7
И Бог му помагаше против Филистејците и против Арапите, што живееја во Гур-Ваал, и против Меунците.
8
И Амонците му плаќаа данок на Озија; и се прочу името негово сѐ до египетските предели, зашто беше многу силен.
9
Озија изгради кули во Ерусалим над аголните порти, над портите кон долината и на аголот, и ги зацврсти.
10
Изгради кули и во пустината, ископа и многу кладенци, бидејќи тој имаше многу добиток, како во низините, така и во рамнината, и земјоделци и градинари по планините и на Кармил, бидејќи го сакаше земјоделството.
11
Озија имаше војска, која излегуваше во војна по одреди, според она како што беа изброени во списокот, составен од раката на писарот Јеиел, и надѕирателот Маасејаху, под водството на Хананјаху, голем царски великодостојник.
12
Сите глави на семејства, храбри војници, беа на број две илјади и шестотини,
13
и под команда на раката нивна имаше воена сила триста и седум илјади и петстотини души, кои влегуваа во битка со воинствена храброст, да му помагаат на царот против непријателот.
14
И подготви Озија за нив, за целата војска, штитови и копја, шлемови и оклопи, лакови и камења за праќки.
15
Направи во Ерусалим вешто измислени машини, да стојат на кулите и аглите, за да се фрлаат со нив стрели и големи камења. И се прочу името негово далеку, зашто се беше зацврстил чудно и беше станал многу силен.
16
Но кога стана силен, се возгордеа срцето негово за негово загинување, и тој стана престапник пред Господ, неговиот Бог, зашто влезе во храмот Господов за да запали темјан на кадилниот жртвеник.
17
По него отиде свештеникот Азарија и со него осумдесет Господови свештеници, одлични луѓе;
18
тие му се противставија на царот Озија и му рекоа: „Не е твоја работа, Озија, да Му кадиш на Господ; тоа е работа на свештениците, синови Аронови, посветени за кадење; излези од светилиштето, зашто направи престап, и тоа нема да ти биде за чест пред Господ Бог!“
19
Се налути Озија, – а во раката негова имаше кадилница за кадење, и кога се налути на свештениците, се појави лепра на челото негово, пред лицето на свештениците во домот Господов, при кадилниот жртвеник.
20
Го погледна првосвештеникот Азарија и сите свештеници; и ете, имаше лепра на челото негово. Го принудија да излезе оттаму, па и самиот тој брзаше да се оддалечи, зашто го порази Господ.
21
И остана лепрозен царот Озија до денот на смртта своја, и живееше во посебна куќа и беше отстранет од домот Господов. А Јотам, неговиот син, управуваше над царскиот дом и му судеше на народот во земјата.
22
Другите дела Озиеви, од првите и до последните, ги опишал пророкот Исаија, син Амосов.
23
И почина Озија кај своите предци, и го погребаа кај предците негови во полето кај царските гробници, зашто велеа, тој е лепрозен. А наместо него стана цар синот негов Јотам.
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 27 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36