bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
2 Chronicles 35
2 Chronicles 35
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 34
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 36 →
1
Јошија ја прослави Пасхата Господова во Ерусалим, и го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од првиот месец.
2
И ги насели свештениците по местата нивни и ги поттикнуваше да му служат на домот Господов;
3
и им рече на левитите, посветени на Господ и учители на сите Израилци: поставете го светиот ковчег во храмот, што го изгради Соломон, синот Давидов, цар израилски; нема потреба да го носите на раменици; служете Му сега на Господ, нашиот Бог и на народот Негов Израил;
4
застанете според родовите на своите предци и според родовите свои, како што е заповедано од Давид, царот израилски, и како што е заповедано од синот негов Соломон,
5
стојте во светилиштето, според она како што се распоредени родовите на вашите браќа, синовите народни, според она како што се разделени левитските родови и редови;
6
заколете го пасхалното јагне, осветете се и подгответе го за браќата свои, постапувајќи согласно со Господовото слово преку Мојсеј.
7
И им подари Јошија на синовите народни, на сите, што беа таму, од ситниот добиток јагниња и јариња, сѐ за пасхалната жртва, на број триесет илјади и три илјади вола. Тоа беше од царскиот имот.
8
И началниците негови сесрдно даваа принос за народот, на свештениците и на левитите: Хелкија, Захарија и Јехиил, старешини во Божјиот дом, им дадоа на свештениците за жртва пасхална две илјади и шестотини јагниња и јариња и триста вола;
9
Конанјаху, Шемаја и Натанаил, негови браќа, Ашавија, Јехиил и Јозавад, левитски старешини, им подарија на левитите за пасхална жртва пет илјади овци и петстотини волови.
10
Така се подготви службата, и по царева заповед свештениците застанаа на своите места и левитите според смените свои;
11
го заклаа пасхалното јагне, и свештениците росеа со крвта, што ја земаа од рацете на левитите, а левитите ги дереа кожите;
12
и го распределија определеното за сепаленици, за да го дадат по редовите на татковските родови на синовите народни, за принос на Господ, како што е напишано во Мојсеевата книга. Истото тоа го направија и со воловите.
13
И го испекоа на оган пасхалното јагне, според законот; а свештените жртви ги сварија во котли, грниња и тави, па го раздадоа брзо по сиот народ;
14
потоа приготвија за себе и за свештениците, зашто свештениците, синовите Аронови, беа зафатени со принесувањето сепаленици и масни меса до ноќта; затоа левитите готвеа и за себе и за свештениците, синовите Аронови.
15
А пејачите, синови Асафови, остануваа по местата свои, според наредбите на Давид и Асаф, Еман и Једутун, царевиот јасновидец, а вратарите кај секоја врата: немаше зашто да ја напуштаат службата своја, бидејќи браќата нивни, левитите, готвеа за нив.
16
Така беше распоредена целата служба во тој ден, за да направат Пасха и да принесат сепаленици на Господовиот жртвеник, по заповед на царот Јошија.
17
Така ја празнуваа израилските синови, што беа таму Пасхата во тоа време и празникот Бесквасници во текот на седум дена.
18
Таква Пасха не беше прославувана во Израил од деновите на пророкот Самоил; од израилските цареви ниеден не беше приготвил таква Пасха, каква што направи Јошија, свештениците, левитите и сите Јудејци, и Израилци, кои беа таму, и жителите ерусалимски.
19
Таа Пасха беше прославена во осумнаесеттата година од царувањето на Јошија.
20
По сето тоа, откако Јошија го уреди Божјиот дом, дојде Нехо, египетскиот цар, да се бори на реката Еуфрат кај Кархемиш. Јошија му излезе во пресрет.
21
Нехо испрати кај него пратеници да кажат: „Што има меѓу мене и тебе, царе јудејски? Против тебе сега не сум тргнал, туку против домот со кој имам војна. Бог ми заповеда да брзам; немој да Му се противиш на Бога, Кој е со мене, за да не те погуби.“
22
Но Јошија не го одврати лицето од него, туку се приготви да се бие со него; и не ги послуша зборовите на Нехо, што беа од Бога, туку излезе во бој во долината Мегидо.
23
И стрелците го устрелија царот Јошија, и царот им рече на слугите свои: „Одведете ме, зашто сум тешко ранет.“
24
Слугите негови го симнаа од колата, го качија во друга негова кола и го одведоа во Ерусалим. И тој умре; и беше погребан во гробницата на своите предци. Цела Јудеја и Ерусалим го оплакаа Јошија.
25
Јошија беше оплакан и од Еремија во тажачка песна; него го споменуваа сите пеачи и пејачки во тажачките песни свои, познати и до денес, кои ги предадоа во обичај во Израил; ете, тие се напишани во книгата на тажачките песни.
26
Другите дела на Јошија и добрините негови, согласни со заповеданото во законот Господов,
27
и неговите дела, први и последни, се опишани во книгата за царевите израилски и јудејски.
← Chapter 34
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 36 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36