bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
2 Chronicles 6
2 Chronicles 6
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 7 →
1
Тогаш Соломон рече: „Господ беше рекол дека ќе благоволи да престојува во темен облак,
2
но јас, на Твоето свето име Му изградив дом на Твоето живеалиште, место за Твоето вечно престојување.“
3
И го сврте царот лицето свое, та го благослови сето собрание на Израилците – сето собрание на Израилците стоеше,
4
па рече: „Нека е благословен Господ, Бог Израилев, Кој го изврши сега со светата рака Своја она, како што го беше рекол со устата Своја на татко ми Давид, велејќи:
5
‚од оној ден, кога го изведов Мојот народ од египетската земја, Јас од ниедно Израилево племе не избрав град за да изградам дом, каде што ќе присуствува името Мое, ниту избрав маж што ќе биде водач на Мојот народ Израил.
6
Туку го избрав Ерусалим, та името Мое таму да престојува, го избрав Давид, тој да биде над Мојот народ – Израил.‘
7
Татко ми Давид имаше на срце да изгради дом за името на Господ, Бог Израилев,
8
но Господ му кажа на татко ми Давид: ти имаш на срце да изградиш храм за името Мое; добро е, што ти е тоа на срце.
9
Меѓутоа, ти нема да изградиш храм, туку твојот син, што ќе произлезе од бедрата твои, – тој ќе изгради храм за името Мое.
10
И Господ го исполни словото што го беше изрекол; јас стапив на местото на мојот татко Давид, седнав на престолот израилски, како што рече Господ, и изградив дом за името Господово, Израилевиот Бог.
11
Го положив таму ковчегот, во кој е заветот на Господ, што го беше склучил со синовите Израилеви.“
12
Па застана Соломон пред жртвеникот Господов, пред сето собрание на Израилците, ги крена рацете –
13
зашто Соломон беше направил бакарно подножје, долго пет лакти, широко пет лакти и високо три лакти, и го беше поставил среде дворот; застана на него, падна на колена пред сето собрание на Израилците, ги крена рацете кон небото –
14
и рече: „Господи, Боже Израилев! Нема Бог, сличен на Тебе, ниту на небото, ниту на земјата. Ти го пазиш заветот и милоста кон слугите Свои, кои одат пред Тебе со сето свое срце;
15
Ти го исполни кон Својот слуга Давид, мојот татко, она, што го беше говорел; она, што беше го изрекол со устата Своја, денес го исполни со раката Своја.
16
И сега, Господи, Боже Израилев, исполни му го на Својот слуга Давид, мојот татко, она, што му го рече, велејќи: нема да снема маж, што ќе седи пред лицето Мое на престолот израилски, само ако твоите синови внимаваат на патиштата свои, одејќи по Мојот закон така, како што одеше ти пред Мене.
17
А сега, Господи, Боже Израилев, нека се потврди словото Твое, што му го кажа на Својот слуга Давид!
18
Навистина, Бог ли ќе живее со луѓето на земјата? Ако небото и небесата Твои не Те собираат, дотолку помалку ќе Те собере овој храм, што сум го изградил.
19
Но погледни милостиво кон молитвата на Твојот слуга и кон молбата негова, Господи, Боже мој! Чуј го повикот и молитвата, со која Твојот слуга се моли пред Тебе.
20
Нека бидат очите Твои отворени кон овој храм дење и ноќе, кон местото, во кое си ветил дека го ставаш името Свое, за да ја слушаш молитвата, со која слугата Твој ќе се моли на ова место.
21
Чуј ги молбите на Твојот слуга и на Твојот народ Израил, со кои ќе се молат на ова место; чуј од местото на Твоето живеалиште, од небесата, чуј и смилувај се!
22
Кога некој ќе згреши против ближниот свој, и ќе побараат од него заклетва, за да се заколне, и таа заклетва биде извршена пред Твојот жртвеник во овој храм,
23
тогаш чуј од небото и изврши суд над Своите слуги, подај му на виновникот, и товарејќи му ја постапката негова врз главата негова; а оправдај го правиот, давајќи му според правдата негова.
24
Кога Твојот народ Израил ќе биде поразен од непријателот, затоа што згрешил пред Тебе и кога тој ќе се сврти кон Тебе, и ќе го исповеда името Твое со молба и молитва пред Тебе во овој храм,
25
чуј тогаш од небото и прости му го гревот на Твојот народ Израил и врати го во земјата, што си му ја дал нему и на неговите предци.
26
Кога ќе се заклучи небото и ќе снема дожд, затоа што згрешил пред Тебе, и ќе се помолат на ова место, ќе го исповедаат името Твое и ќе се одвратат од своите гревови, затоа што си ги понизил,
27
чуј тогаш од небото и прости им го гревот на Своите слуги и на Својот народ Израил, покажувајќи им го добриот пат, по кој треба да одат; и испрати дожд врз Твојата земја, што си му ја дал на народот Свој во наследство.
28
Ако биде глад во земјата или помор, огнен ветар или гламја, скакулци или гасеници, или ако го притиснат непријателите негови во земјата, што ја владее, некое зло ако се случи или некаква болест,
29
секоја молитва, секоја молба од кој и да било човек, или од сиот народ Твој Израил, кога секој ќе ја почувствува неволата своја и тагата своја и ќе ги подаде рацете кон Твојот храм,
30
чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и прости и подај му на секого според сите патишта негови, како што го познаваш срцето негово, – зашто само Ти ги познаваш срцата на синовите човечки, –
31
за да имаат страхопочит кон Тебе и да одат по Твоите патишта во сите дни, додека живеат на земјата, што си им ја дал на нивните предци.
32
Дури и туѓинецот, што не е од Твојот народ Израил, кога ќе дојде од далечна земја поради Твоето големо име, Твојата моќна рака и Твојата силна мишка – дојде и се помоли во овој храм,
33
чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и направи сѐ, за кое туѓинецот ќе Те повика, та сите земни народи да го спознаат Твоето име и да имаат страхопочит кон Тебе, како и Твојот народ Израил, и да знаат дека Твоето име се повикува над овој дом, што јас го изградив.
34
Кога Твоите луѓе ќе излезат во војна против непријателите свои по патот, по кој ќе ги испратиш Ти, и Ти се помолат, свртувајќи се кон храмот, што го изградив на Твоето име,
35
тогаш послушај ја од небото молитвата нивна и молбата нивна и направи им го она што е таму потребно.
36
Кога ќе згрешат пред Тебе, – зашто нема човек што не греши, – и Ти ќе им се разгневиш и ќе ги предадеш на непријателите, и оние, што ги заробиле, ги одведат во далечна или блиска земја,
37
кога во земјата, во која ќе бидат заробени, ќе дојдат на себеси, ќе се свртат и ќе Ти се помолат во земјата на своето ропство, велејќи: ‚згрешивме, направивме беззаконија и неправди‘,
38
и се свртат кон Тебе со сето свое срце и со сета своја душа, во земјата на своето ропство, каде што ќе бидат одведени во плен, и се помолат, свртувајќи се кон земјата своја, што си им ја дал на нивните предци, и кон градот, што си го избрал, и кон храмот, што го изградив за Твоето име, –
39
тогаш чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, чуј ја молитвата нивна и молбата нивна, и направи го она што им е потребно, и прости му на Твојот народ, за она што згрешил пред Тебе.
40
Боже мој, очите Твои нека бидат отворени и ушите Твои внимателни кон молитвата на ова место!
41
И сега, Господи Боже, застани во Твоето почивалиште, Ти и ковчегот на Твојата сила. Твоите свештеници, Господи Боже, нека се облечат во спасение, и Твоите верни чеда да се радуваат во добрините.
42
Господи Боже, не одвраќај го лицето од помазаникот Свој, присети се на милостите ветени кон Својот слуга Давид!“
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36