bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Exodus 14
Exodus 14
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 15 →
1
И Господ му рече на Мојсеј, велејќи:
2
„Кажи им на синовите израилски да свртат и да се улогорат пред Пи-Хахирот и меѓу Мигдол и морето, пред Ваал-Цефон. Спроти него улогорете се крај морето.
3
И така фараонот ќе рече за синовите израилски: ‚Заскитале во таа земја, пустината ги затворила.‘
4
А Јас ќе направам да се ожесточи срцето на фараонот, и тој да појде во потера по нив. Но Јас ќе се прославам над фараонот и над сета негова војска. И сите Египќани ќе познаат дека Јас сум Господ.“ Тие така и направија.
5
А кога му соопштија на египетскиот цар дека народот избегал, се измени срцето на фараонот и слугите негови спрема народот, па рекоа: „Што направивме, па ги пуштивме синовите израилски, та да не ни работат повеќе?“
6
И ја впрегна фараонот колата своја, и сиот народ го поведе со себе;
7
зеде шестотини коли по избор и колку што уште имаше египетски коли, со нивните началници.
8
А Господ направи, та се ожесточи срцето на фараонот, царот египетски, и тргна во потера по синовите израилски; но синовите на Израил врвеа под силна рака.
9
И се впуштија по нив Египќаните, и сите коњи фараонови со колите, и коњаниците и сета војска негова, и ги најдоа крај морето, во близина на Пи-Хахирот, спроти Ваал-Цефон.
10
А кога наближи фараонот, се обѕрнаа синовите израилски, и што ќе видат: ете, Египќаните идат по нив! И синовите израилски се уплашија многу, па извикаа кон Господ,
11
и му рекоа на Мојсеј: „Зар немаше гробови во Египет, туку нѐ изведе овде да изгинеме во пустината? Што ни направи? Зошто нѐ изведе од Египет?
12
Нели ти го кажавме ова и во Египет, кога ти рековме: ‚Остави нѐ, да им служиме на Египќаните?‘ Зашто подобро ќе ни беше да им робуваме на Египќаните, отколку да изгинеме во пустинава.“
13
А Мојсеј му рече на народот: „Не плашете се, застанете и ќе видите како Господ ќе ве спаси денес: Египќаните, како што ги гледате денес, нема повеќе никогаш да ги видите довека.
14
Господ ќе се бори за вас, а вие бидете спокојни.“
15
И Господ му рече на Мојсеј: „Зошто викаш кон Мене? Кажи им на синовите на Израил нека врват.
16
А ти земи го стапот свој и протегни ја раката своја врз морето, и раздели го, и нека минат синовите израилски, среде море по суво.
17
Но, ете, Јас ќе го ожесточам срцето на сите Египќани, и тие ќе тргнат по нив. А Јас ќе ја покажам славата Своја над фараонот и над сета војска негова, над колите негови и над коњаниците негови.
18
И Египќаните ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе се прославам над фараонот, над колите негови, и над коњаниците негови.“
19
И се крена ангел Господов, кој одеше пред војската израилска, и застана зад нив; се крена и столбот од облак пред нив, и застана зад нив.
20
А кога влезе меѓу војската египетска и војската израилска, застана; на оние им беше темнина и мрак, а на овие им беше светлина, така што преку цела ноќ не се доближија едните до другите.
21
И ја подигна Мојсеј раката своја над морето, а Господ го разбранува морето со источен ветар, кој дуваше силно цела ноќ, па се направи во морето суво и водата се раздели.
22
И појдоа синовите израилски среде море по суво, а водата им стоеше како ѕид од десната страна и од левата страна.
23
А Египќаните, гонејќи ги, појдоа по нив среде море, сите коњи фараонови, колите и коњаниците негови.
24
А во утринската стража погледна Господ на војската египетска од огнениот столб и од облакот и ја доведе во забуна војската египетска,
25
па им ги врза тркалата на колите нивни, та одвај ги влечеа. Тогаш Египќаните рекоа: „Да бегаме од Израилците, зашто Господ се бори за нив против Египќаните!“
26
Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Пружи ја раката над морето, и нека се собере водата врз Египќаните, врз колите нивни и врз коњаниците нивни.“
27
И Мојсеј ја испружи раката своја над морето, и пред зори водата пак се поврати на своето место, а Египќаните тргнаа да бегаат наспроти водата; и Господ ги потопи Египќаните среде море.
28
Кога се поврати водата, ги потопи колите и коњаниците со сета војска фараонова, што беше тргнала по нив во морето; и не остана ниеден од нив.
29
Синовите, пак, израилски минаа среде море по суво; водата стоеше како ѕид од десната страна и од левата страна.
30
И ги избави Господ Израилците во тој ден од рацете на Египќаните. И ги видоа синовите израилски Египќаните што изумреа на морскиот брег.
31
Ја виде Израил големата сила, што Господ ја покажа над Египќаните, и народот се уплаши од Господ, и поверува во Бога и на слугата негов Мојсеј.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40